Saturday, August 22, 2020

Акумулација на капитал

Во капиталистичкиот систем сите методи за повишување на општествената производна сила на трудот се вршат на сметка на индивидуалниот работник; сите средства за унапредување на производството се претворуваат во средства за господарење и експлоатација над производителите, го осакатуваат работникот, го прават делумен човек, го снижуваат него во придодаток на машината, со зголемување на маките од трудот му ја уништуваат неговата содржина, ги отуѓуваат од работникот духовните сили на процесот на трудот во онаа мера во која науката му се присоединува на процесот на трудот како самостојна сила; тие ги нагрдуваат условите под кои работи работникот, го подложуваат него за време на процесот на трудот на најситни и одвратни деспотии, го претвораат неговото време за живот во работно време, ја фрлаат жена му и детето под Џагернатовото колце на капиталот. Но, сите методи за производство на вишок на вредноста се едновремено и методи за акумулација, а секое раширување на акумулацијата станува, обратно, средство за развивање на овие методи. Оттука излегува дека во онаа мера во која се акумулира капиталот, мора да се влошува и положбата на работникот, па каква сакала била неговата плата, висока или ниска. Најпосле, законот, што ја држи постојано во рамнотежа релативната пренаселеност или индустриската резервна армија со обемот и енергијата на акумулацијата, го приковува работникот за капиталот поцврсто отколку клинците на Хефест што го приковаа Прометеј за карпата. Овој закон со акумулацијата на капиталот создава соодветна акумулација на беда. Акумулацијата на богатствата на едниот пол е, значи, едновремено акумулација на беда, маки на трудот, ропство, незнаење, подивеност и морално деградирање на спротивниот пол, т.е. на страна на класата што го произведува својот сопствен производ како капитал.“

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...