Sunday, August 23, 2020

Просветителство

„Големите луѓе кои во Франција ги просветувале духовите за претстојната револуција, и самите биле мошне револуционерни. Тие не признавале никаков надворешен авторитет, од каков и да е вид. Религијата, сфаќањето на природата, општеството, државното уредување, сето тоа било подложено на најбеспоштедна критика; сето тоа требало или да го оправда својот опстанок пред судот на разумот, или да се откаже од опстанокот. Мисловниот разум станал единственото мерило што се применувало на сè. Сите досегашни општествени и државни форми, сите од дамнина наследени поими фрлени се како неразумни во старинарница; светот дотогаш се раководел само од предрасудите; сето минато заслужува само сожаление и презир. Дури сега настана светлина, царство на умот; празноверието, неправдата, привилегијата и угнетувањето треба отсега да ги потиснат вечната вистина, вечната правда, природната еднаквост и неотуѓивите човечки права.“

(F. Engels, Die Entwickelung des Sozialismus von der Utopie zur Wissenschaft, Berlin, 1962, Werke, св. 19, стр. 189-190)

„Холбаховата теорија историски е оправдана, филозофската илузија за буржоазијата која токму тогаш во Франција беше во подем и чија желба за експлоатација уште можеше да се протолкува како желба за потполн развој на индивидуата, ослободена од старите феудални стеги.“ 

(Дела, том 6, стр. 336)

„Разумот секогаш егзистирал, само не секогаш во разумен облик... Не се работи за голема мисловна црта меѓу минатото и сегашноста, туку за извршувањето на мислата од минатото. На крајот ќе се покаже дека човештвото не почнува никакво ново дело, туку свесно го доведува до крајот старото дело.“ 

(„Рани радови“, стр. 37, 40)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...