Saturday, June 6, 2020

Идеологија

Лаги, лицемерие, свест

„Колку повеќе нормалниот облик на општење на општеството а со тоа и условите на владеечката класа ја развиваат својата спротивност во однос на напредните производни сили, во колку повеќе поради тоа постанува расцепот во самата владејачка класа и со потчинетата класа, во толку полажна постанува свеста која првобитно одговарала на овој облик на општење, т.е. таа престанува да биде свест којашто на него му одговара, и во толку повеќе порано, наследената претстава за овие облици на општење во кои вистинските лични интереси итн. ги изразуваат како општи, се сведуваат на ниво на чисти идеализаторски фрази, свесни илузии, намерно лицемерие. Но, во колку животот повеќе ги открива дека тоа се лаги и во колку помалку вредат на самата свест, во толку полицемерни, поморализаторски и посакрален постанува јазикот на ова нормално општество...“
(МЕД, том 6, стр. 236)

Вистинска опасност не доаѓа од практичниот обид
туку од теориското изведување на комунистичките идеи

„Рајнскиот весник кој на комунистичките идеи во нивната сегашна форма не им признава ниту теориска стварност, може значи уште помалку да го посакува нивното практично остварување или да ги смета само за возможни, тој тие идеи ќе ги подложи на темелна критика. Но, дека списите, како оние на Леру, Конзидеран и пред сè остроумното дело на Прудон не можат да се критикуваат со површни моментни досетки туку со долго вршени и длабоки студии, ќе увиди Аугсбургерица, ако сака повеќе и ако може повеќе од обична фраза. Ние го имаме тоа цврсто уверување дека вистинската опасност ја прави не практичниот обид туку теориското изведување на комунистичките идеи, бидејќи на практичните обиди, па макар да се и обиди во масата, може да се одговори со топови, штом ќе станат опасни, но идеите што ја победиле нашата интелигенција, кои ги освоиле нашите чувства, врз кои нашиот разум ја сковал нашата свест, тоа се синџири од кои човек не може да се оттргне а да не му се раскине срцето, тоа се демони, кои човекот може само да ги победи, кога ќе им се предаде.“
(K. Marx, Der Kommunismus und die Augsburger,
“Allgemeine Zeitung“, Werke, св. 1, стр. 108.)

Неморално криумчарење на комунистичките и социјалистичките догми

„Јас му одговорив и отворено го наведов своето гледиште за недостатоците на нивните трудови, кои слободата повеќе ја наоѓаат во неврзана, санкилотска и при тоа удобна форма, отколку во слободна, то ест самостојна и со длабока содржина. Јас барав да се прикаже помалку нејасно резонирање, возвишени звучни фрази, самодопадливи суети, а повеќе одреденост, повеќе вложувања во конкретните прилики, поголемо познавање на работите. Јас изјавив оти сметам дека е неумесно, всушност неморално криумчарење на комунистичките и социјалистичките догми во попатните театарски критики итн., што значи еден нов поглед на светот, и дека барем сосема поинакви и потемелни расправи за комунизмот, ако треба еднаш да се расправа за него.“
(K. Marx, Писмо до А. Руге од 30 ноември 1842 год., Оdabrana pisma, стр. 51)

„Идеологијата е процес кој таканаречениот мислител го врши, додуша свесно, но со погрешна свест. Вистинските сили кои го покренуваат му стануваат непознати, инаку тоа не би бил идеолошки процес. Тој ги замислува погрешните или привидните движечки сили. Бидејќи е тоа процес на мислење, тој неговата содржина ја изведува како негов облик од чистото мислење, но од своето сопствено или од мислењето на своите претходници. Тој оперира со гол мисловен материјал, кој бездруго го зема како да е произведен со мислење и понатаму не го проверува на некој оддалечен процес кој е независен од мислењето.“ 
(Ф. Енгелс, Писмо до Ф. Меринг од 14 јули 1893)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...