Saturday, June 6, 2020

Капитал


Историска улога на капиталот

„Големата историска страна на капиталот… и неговиот историски повик исполнет е кога, … потребите се развиени толку да вишокот на труд над потребниот труд постанува општа потреба, да произлегува од самите индивидуални потреби, кога производните сили благодарејќи на строгата дисциплина на капиталот низ која поминале неколку поколенија, општата трудољубивост се развила како општо својство на новите поколенија, и кога е, најпосле, благодарејќи на развитокот на производната сила на трудот што капиталот (во својата неограничена страст за богатење и во услови во коишто тој единствено може да се реализира) без прекин тера напред, работата дошла дотаму да постоењето и одржувањето на општото богатство, од една страна, бара само малку работно време за целото општество, а од друга страна, работното општество спрема процесот на својата прогресивна репродукција, својата репродукција во се‘ поголемо изобилие, се однесува научно. Исполнета е, … кога престанува трудот во кој човек го правел и тоа што може да го даде на предметите да го прават за него.“
(МЕД, том 19, стр. 192; том 23, стр. 221, фуснота 37)

Концентрација

„Неминовен закон е на секое општество кое се темели на производство на стоки, и на размена на стоки, да во него поделбата на имотот постанува сè понееднаква, а спротивноста меѓу богатството и сиромаштвото сè поголема, и имотот да се концентрира во сè помал број раце, закон кој во модерното капиталистичко производство доживува скоро свој потполн расцут, но никако не почнува тек во него.“
(МЕД, том 30, стр. 396)

Монополизација

„Монополизација на средствата за производство и средствата за живот во рацете на една бројно мала класа, до потиснување на другите класи, кои прават огромно мнозинство, во положба на пролетери лишени од секаков имот.“
(МЕД, том 31, стр. 124)

Производство и капиталистичко производство
(трговски и индустриски капитал)

„Кога капиталот за тргување со стоки и капиталот за тргување со пари не би се разликувале од производството на житарици поинаку но што ова се разликува од сточарството и манифактурата, тогаш е јасно како сонце дека производството и капиталистичкото производство воопшто се идентични, а посебно и тоа дека расподелбата на општествениот производ меѓу членовите на општеството, било заради производство или било заради индивидуална потрошувачка, мора да се врши со посредство на банкарите и трговците исто онака вечно како и трошењето на месо со посредство на сточарењето или носењето на одело со посредство на неговата фабрикација.“
(МЕД, том 23, стр. 271)

„Капиталот не го пронашол вишокот на трудот. Насекаде каде еден дел од општеството има монопол над средствата за производство, мора работникот, бил тој слободен или не, на работното време потребно за неговото одржување да додава и одвишно работно време. Сеедно дали тој сопственик е атински аристократ, турски теократ, римски граѓанин, нормански барон, модерен велепоседник или капиталист.“

(Маркс, Капитал, том I, стр. 176)

„Капиталистот ја купи работната сила по нејзината дневна вредност. Нејзината употребна вредност му припаѓа нему за време од еден работен ден. Значи, тој доби право да го стави работникот да му работи нему за време од еден ден. Но што е работен ден? Секако нешто помало од природниот ден. За колку? Капиталистот има свој сопствен, поглед за таа крајна Тула (т.е. крајна граница), за таа нужна граница на работниот ден. Како капиталист тој е само олицетворен капитал. Неговата душа е душа на капиталот. Капиталот има само еден единствен животен стремеж, стремеж да се оплодува, да создава вишок на вредноста, да исцицува со својот постојан дел, со средствата за производство, колку што се може поголема маса вишок на трудот. Капиталот е мртов труд, што оживува како вампир само со исцицување жив труд, и што толку повеќе живее, колку повеќе ќе исцица од него. Времето додека работникот работи, е време во кое капиталистот ја троши купената работна сила. Ако го троши работникот своето расположиво време за себеси, тогаш тој го поткрадува капиталистот.‘‘

К. Маркс, Капиталот, Том 1. Скопје: Мисла, 1975 стр. 210/211


No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...