Saturday, July 11, 2020

Општество

Меѓучовечки односи

„Синот го пријавил таткото на англиската полиција за награда од 50 фунти стерлинзи.“
(МЕД, том 15, стр. 541)

„Првата премиса на целата човечка историја е, се разбира, постоењето на живи човечки индивидуи. Така, првиот факт што треба да се утврди е физичката организација на овие лица и нивната последователна врска со остатокот на природата.“
Volume I; Part 1; "Feuerbach. Opposition of the Materialist and Idealist Outlook"; Section A, "Idealism and Materialism".

„Безбедноста е највисокиот социјален концепт на граѓанското општество, концептот на полицијата, изразувајќи го фактот дека целото општество постои само со цел да се гарантира на секој од неговите членови зачувувањето на неговата личност, неговите права и неговиот имот. Во оваа смисла Хегел го нарекува граѓанското општество „состојба на потреба и разум“. Концептот на безбедност не го крева граѓанското општество над неговиот егоизам. Напротив, безбедноста е осигурување на егоизмот.“
On The Jewish Question 1844

Развој на поединецот и општеството

„Далеку од настојувањето на формираат општество, луѓето сепак, дозволиле општеството да се развие, затоа што постојано сакале да се развиваат како поединци, и заради тоа само во општеството и низ општеството успеале сами да се развијат...“
(МЕД, том 6, стр. 171)

Моралот на малограѓанинот

„Стар морал на малограѓанинот е да светот е најубаво уреден кога секој се труди да сам дотера што подалеку може а за се’ останато не се грижи на најмалку за текот на светот...“
(МЕД, том 6, стр. 56)

Сестран развој на поединецот

„Без заедницата и со неа условениот развој на поединецот не е можно да се укине (отуѓувањето). Teк во заедницата постојат за секоја индивидуа средства со помош на кои може сестрано да ги развива своите способности; значи, тек во заедницата е можна лична слобода. Во досегашните сурогати на заедници, во државата, итн. личната слобода постоела само за оние луѓе кои се развивале во условите на владејачката класа и само доколку тие биле индивидуи на таа класа...“
(МЕД, том 6, стр. 58-59)[1]

„Јас не мислам како Рикардо дека нето-приходот е Молох, на кого мораат да се жртвуваат цели популации, ниту сум истомисленик на Сисмонди, кој во својата хипохондрична филантропија со сила би ги сочувал надживеаните методи во земјоделството и би ја прогонил науката од индустријата, како што Платон ги протера поетите од својата република. Општеството поминува низ тиха револуција, на која луѓето мораат да се покорат и која за луѓето повеќе не води сметка како кога земјотресот ги руши куќите. Класите и расите кои се преслаби да ги владеат новите услови на живот мораат да пропаднат. А има ли нешто подетинесто, пократковидно од сфаќањето на тие економисти, кои најсериозно веруваат дека таа несреќна транзициска состојба значи само прилагодување на општеството врз присвојувачките склоности на капиталистите и земјопоседниците и финансиските магнати? Во Велика Британија тој процес е најочигледен. Примената на модерната наука во производството ги чисти селата од нивното население, но концентрира луѓе во индустриските градови.“
(Маркс, „Присилна емиграција – Kossuth и Mazzini – Прашањето на бегалците – Изборна корупција во Англија – G. Cobden“ напишана на 4 април 1853)

„Тие различни услови, кои од почетокот се јавуваат како услови на самодејност, а подоцна како нејзини окови, во целиот историски развој прават низ поврзани облици на општење, чија поврзаност се состои во тоа што на местото на поранешните облици на општење, кои постанале оков, се ставаат нови, кои соодветствуваат на поразвиените производни сили, а со тоа и на попрогресивниот начин на самодејности на индивидуите, облици кои од своја страна пак постануваат оков и тогаш бидуваат заменети со други облици...“
(МЕД, том 6, стр. 62)

„Бидејќи напредувањето на овој развој се одликува со својата природна поникнатост, т.е. не е потчинет на некој целокупен план на слободно здружени индивидуи, тоа потекнува од разни места, племиња, нации, гранки на дејност итн., од кои на почетокот секој се развива независно од другите и дури малку по малку стапува во врска со другите. Затоа овој развој напреднува многу полека; разни степени и интереси никогаш не се совладуваат во потполност, туку се потчинуваат на победничкиот интерес и по него уште со векови се влечкаат како опашка. Оттука следи дека дури и во една поедина нација индивидуите без обѕир на своите имотни односи имаат сосема свој различен развој и, еден поранешен интерес чија својствена форма на општење е веќе притеснета од формата која одговара на подоцниот интерес, уште долго останува во посед на извесна традиционална моќ во привидната заедница која се осамостоила кон индивидуите (државата, правото), извесна моќ која во краен случај има да се отфрли само со револуција. Со ова се објаснува исто така зошто во односот на поедини точки кои дозволуваат поширок опфат, може понекогаш да изгледа дека свеста понатаму се пробила отколку емпириските односи на истото време, така да во борбите на некоја подоцнежна борба може да се потпре на поранешните теоретичари како авторитети.“
(МЕД, том 6, стр. 62)

Граѓанско општество

„Поимот граѓанско општество се појавил во 18-ти век кога односите на сопственост веќе се извлекле од античкото и средновековното заедништво. Граѓанското општество како такво се развива дури паралелно со буржоазијата; меѓутоа, со тоа исто име секогаш е нарекувано општествената организација која се развила непосредно од производството и општењето и кои во секое време преставувале основа на државата и останале идејна надградба.“
(МЕД, том 6, стр. 68)

Односот на државата и правото кон приватната сопственост

„Државата не е ништо друго туку облик на организација кој буржоазијата како кон надвор така и кон внатре нужно на себе го дава со цел на взаемна гаранција на својата сопственост и своите интереси.“
(МЕД, том 6, стр. 68)[2]

Сестрана оствареност

„Сестраната оствареност на индивидуата престанува да се истакнува како идеал, како повик итн., дури тогаш кога секое поттикнување, кое настроеноста на индивидуата ја покренуваат на вистински развој ќе биде земено под контрола на индивидуите, како што тоа го сакаат комунистите...“
(МЕД, том 6, стр. 235)

Лажниот сјај на граѓанското општество

Ние сега знаеме дека ова царство на разумот не беше ништо друго освен идеализираното царство на буржуазијата; дека вечната правда го најде своето остварување во буржуаското судство; дека еднаквоста се сведе на буржуаска еднаквост пред законот; дека како едно од најбитните човечки права беше прогласена – буржуаската сопственост; и дека државата на разумот, општествениот договор на Жан Жак Русо, се оствари и можеше да се оствари само како буржуаска демократска република.

Француските просветители од XVIII век како Волтер, Дидро, Ламетри, Холбах и Русо, што ја подготвуваа духовно Големата Француска буржуаска револуција, се повикуваа на разумот како на единствен судија за се што постоеше. Требаше да биде создадена разумна држава, разумно општество, а да биде безмилосно отстрането се што му противречи на вечниот разум. Исто така, видовме дека овој вечен разум беше всушност само идеализираниот разум на средниот граѓанин, што токму тогаш се развиваше во буржуј то ест капиталист. И кога Големата Француска револуција го оствари ова разумно општество и оваа разумна држава, се покажа дека новите установи, колку и да беа разумни во споредба со поранешните поредоци (робовладетелскиот и феудалниот), никако не беа апсолутно разумни. Државата на разумот претрпе потполн слом. Русоовиот општествен договор се оствари во периодот на Владеењето на јакобинскиот терор од кој буржуазијата, што ја загуби вербата во својата сопствена политичка способност, побара засолнување прво во корупцијата на Директориумот, а потоа заштита од Наполеоновиот деспотизам. Ветениот вечен мир се претвори во бескрајна освојувачка војна. Ни општеството на разумот не мина подобро. Наместо спротивноста меѓу богатиот и бедниот да се разреши во општа благосостојба, таа се заостри поради укинувањето на еснафските и други привилегии, што ја премостуваа таа спротивност, и на црковните добротворни установи, што ја ублажуваа; сега остварената ,,слобода на сопственоста‘‘ од феудалните окови се покажа за ситниот буржуј и за ситниот селанец како слобода да можат таа мала сопственост што беше притисната од надмоќната конкуренција на крупниот капитал и на големопоседот да им ја продаваат токму на тие големи господа, и така таа ,,слобода на сопственоста‘‘ се претвори за ситниот граѓанин и за ситниот селанец во слобода од сопственоста. Процутот на индустријата врз капиталистичка основа направи сиромаштијата и бедата на работните маси да биде животен услов на општеството. Плаќањето во готово, според зборовите на Карлајл, стануваше се повеќе единствен сврзувачки елемент на општеството. Бројот на престапите растеше од година на година. Доколку феудалните пороци, што порано без страв се вршеа сред бел ден, ако навистина не беа уништени, беа барем привремено потиснати во позадината, сега пак дотолку побујно расцутија буржуаските пороци на кои порано луѓето им се оддаваа скришум. Трговијата се повеќе и повеќе се претвораше во измама. ,,Братството‘‘ на револуционерната буржуаската парола се остваруваше во малтретирањата и зависта на конкурентската борба. Наместо насилното угнетување дојде корупцијата, наместо мечот што беше главниот лост на општествената моќ, дојдоа парите. Правото на првата ноќ премина од рацете на феудалните господари во рацете на буржуаските фабриканти. Проституцијата се рашири во досега нечуени размери. Самиот брак остана како и порано законски признаена форма, официјална маска на проституцијата, а покрај тоа богато се дополнуваше со браколомството. Накусо, општествените и политичките установи што ги создаде ,,победата на разумот‘‘, во споредба со блескавите ветувања на просветителите, се покажаа како карикатури што горко разочаруваат.
(Фридрих Енгелс, Развитокот на социјализмот од утопија до наука, I Утопискиот социјализам)





[1] Целиот овој пасус треба да се земе интегрално.
[2] Пролетаријатот притоа упорно ‘и помага на буржоазијата. Мора така да биде кога цел 20 век му предаваа ленинизам наместо марксизам кој пак сега неосновано е исфрлен од системот на науки. Од тоа се гледа колку се глупави сите општествени дејци од општествените „науки“.

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...