Thursday, September 3, 2020

Уметност

 „Кај уметноста е познато дека одредени периоди на нејзиниот процут никако не стојат во сразмера со општиот развиток на општеството, па, значи, ни со материјалната основа. На пример, Грците во споредба со модерното или со Шекспир. За извесни облици на уметноста, на пример за епот, дури е признаено дека тие никогаш не можат да се произведуваат во нивниот светско-епохален, класичен вид штом настане уметничкото производство како такво; значи дека во областа на самата уметност извесни нејзини важни облици се можни само на некој неразвиен степен од развојот на уметноста. Ако е тоа случај во однос на различните родови на уметноста, уште помалку е необично што е тоа случај со целата уметност спрема општиот развиток на општеството.“

(К. Маркс, „Прилог критици политичке економије“, стр. 200, Белград, 1956)

„Во комунистичката организација на општеството во секој случај отпаѓа потчинувањето на уметникот на локалната и националната ограниченост, којашто во целост произлегува од поделбата на трудот, и отпаѓа подредувањето на индивидуата на една определена уметност, да е таа исклучиво сликар, скулптор итн., а веќе и името достатно ја изразува ограниченоста на неговиот професионален развиток и неговата зависност од поделбата на трудот. Во комунистичкото општество нема сликари, туку само луѓе, кои, меѓу другото, и сликаат.“ 

(Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 113)

„Благодарејќи на човечкиот труд, човечката рака го достигна оној висок степен на совршенство со кое можеа да се создадат Рафаеловите слики, Тровалдсеновите статуи и Паганиниевата музика.“ 

(Ф. Енгелс, Улога на трудот во претворање на мајмунот во човек, Маркс – Енгелс, Избрани дела, II, Загреб, 1950, стр. 71)

„Загрижен и сиромашен човек нема смисла ни за најубавата театарска претстава; трговецот со минерали ја гледа само трговската вредност, а не ја гледа убавината ниту особената природа на минералот, тој нема минералошка смисла. Значи, опредметувањето на човечкото битие, како во теоретски така и во практичен однос, беше потребно како за тоа човековото сетило да се направи човечко, така и да создаде човечко сетило коешто одговара на целокупното богатство на човечкото и природното битие.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 282)

„Човечкото око поинаку ужива отколку грубото, нечовечкото око, човечкото уво поинаку отколку грубото уво.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)

„Животното обликува само по мерата и потребата на видот на кој припаѓа, додека човекот знае да произведува според мерката на секој вид и знае секогаш на предметот да му даде инхерентна мера; затоа човекот обликува и според законите на убавината.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 252)

„Санчо вообразува дека Рафаел ги создал своите слики независно од поделбата на трудот, којашто во негово време постоела во Рим. Ако тој го спореди Рафаел со Леонардо да Винчи и Тицијан, може да види колку ремек-делата на првиот се условени од тогашниот расцут на Рим којшто се беше развил под флорентинското влијание, колку ремек-делата на вториот зависеле од условите на Фиренца, и подоцна ремек-делата на третиот од наполно различниот развиток на Венеција. Рафаел, исто така како и секој друг уметник, беше условен од техничкиот напредок на уметноста, кој пред него беше направен, од организацијата на општеството и поделбата на трудот во неговото место и време, и конечно од поделбата на трудот во сите земји со кои неговото место општело. За таквата индивидуа, како што е Рафаел, да го развие својот талент, зависи од поделбата на трудот и од неа произлезените односи на просветеноста на трудот.“ (Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 112)

„Но, тешкотијата не е во тоа да се разбере дека грчката уметност и епот се врзани со извесни облици на општествениот развиток. Тешкотијата е во тоа да се разбере зошто тие нам уште ни овозможуваат уметничко уживање и зошто во извесен поглед важат како норма и недостижен пример.“ (К. Маркс, Прилог на критиката на политичката економија, оп. цит., стр. 200-202)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...