Sunday, August 23, 2020

Труд

 Одвоеност на трудот од условите за труд

„Во процесот на производството е укината одвоеноста на трудот од неговите предметни моменти на постоење – орудијата и материјалот. На таа одвоеност се темели постоењето на капиталот и на наемниот труд. Укинувањето на таа одвоеност а кое во процесот на производството навистина се случува – бидејќи инаку воопшто не би можело да се работи – капиталот не го плаќа... Минатиот труд – додека егзистира капиталот – има вечна егзистенција како вредност, сосема независна од неговото материјално постоење...“ 

(МЕД, том 19, стр. 223)

„Употребните предмети стануваат стока воопшто само затоа што се производи на приватни трудови кои се вршат независно еден од друг. Комплексот на тие приватни трудови го сочинува целокупниот општествен труд. Бидејќи производителите стапуваат во општествен допир дури со разменувањето на производите на својот труд, тогаш и специфичните белези на нивните приватни трудови се пројавуваат само во рамките на таа размена. Или, приватните трудови истапуваат како зглобови на вкупниот општествен труд дури со помош на односите во кои размената ги доведува производите на трудот, а преку овие и производителите. Затоа со ова општествените односи на нивните приватни трудови се прикажуваат како она што се, т.е. не како непосредни општествени односи на самите лица во нивните трудови туку, напротив, како вистински односи меѓу лицата, а општествени односи меѓу предметите.“ 

(Карл Маркс, Капитал, том 1, стр. 37-38, Белград, 1947)

„Прво, трудот за работникот е надворешен труд т.е. тој не ‘и припаѓа на неговата суштина, дека тој затоа во трудот не се потврдува туку се негира, дека не се чувствува среќен туку несреќен, дека не ја развива слободната, физичка и духовна енергија, туку ја малтретира својата природа и го упропастува својот дух. Затоа работникот се чувствува добро дури надвор од работата, а на работа се чувствува лошо. Дома си е кога не работи, а кога работи не е дома. Затоа неговиот труд не е доброволен туку присилен труд. Затоа тој труд не е задоволување на една потреба, туку само средство за задоволување на потребите надвор од него. Неговата туѓост, исто така се покажува во тоа што работата се избегнува како чума, штом не постои физичка или друга (економска, биолошка) принуда. Надворешниот труд, трудот во кој човекот се отуѓува, е труд на саможртвување, малтретирање. Најпосле, надворешноста на трудот за работникот се појавува во тоа што тој не е негов сопствен труд, туку труд на некој друг, дека тој не му припаѓа, дека тој во трудот не си припаѓа на самиот себе туку на некој друг. Како што во религијата самодејноста на човечката фантазија, на човечкиот мозок и човечкото срце дејствува независно од свесниот индивидуум т.е. дејствува на него како туѓа, божествена и ѓаволска, така дејноста на работникот не е негова самодејност. Таа му припаѓа на друг, таа е загуба за него самиот. Затоа се доаѓа до резултатот дека човекот (работникот) се чувствува самодеен само во своите животински функции – јадењето, пиењето и раѓањето, најмногу уште во станот, накитот итн., а во своите човечки функции се чувствува само како животно.“ 

(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 200-201, Загреб, 1953)

„Отуѓениот труд го свртува односот така што човекот, токму затоа што е свесно суштество, ја прави својата животна дејност, своето суштество, само средство за својата егзистенција.“ 

(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 202-203, Загреб, 1953)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...