Sunday, August 23, 2020

Филозофија

„Кога имаме филозофи, кои мислат, и работни луѓе, кои се борат за нас, - каква земска сила ќе биде во состојба да го спречи нашето напредување?“ 

(МЕД, том 5, стр. 194)

„Деклинацијата на атомот со права линија не е, имено, некоја посебна определба, која случајно се јавува во Епикуровата физика. Напротив, законот што го изразува таа ја проткајува целата Епикурова филозофија, вистина на тој начин, како што се разбира само по себеси, што определеноста на неговата појава е зависна од сферата во која тој се применува.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 23)

„И навистина, непосредно постоечката поединечност е остварена во согласност со својот поим дури тогаш ако се однесува спрема нешто друго, друго што е таа самата, макар тоа другото да ѝ се спротивставува во форма на непосредна егзистенција. Така човекот дури тогаш престанува да биде природен производ кога она другото, спрема што тој се однесува, не е некоја различна егзистенција, туку и само поединечен човек иако уште не дух. А за да стане човекот како човек свој единствен вистински објект, тоа мора претходно во себеси да го скрши своето релативно постоење, моќта на копнежот и голата природа. Одбивањето е првата форма на самосвеста; заради што тоа одговара на самосвеста која себеси се појмува како она што е непосредно-постоечко, апстрактно-поединечно.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 25)

„Психолошки закон е теорискиот дух кој во себеси се ослободил да се претвора во практична енергија, истапувајќи како волја од Аментовото царство на сенките, и да се врти против стварноста на светот која постои без него. На тој начин што филозофијата како волја се врти против појавниот свет, системот се деградира до апстрактен тоталитет, то ест тој станал една страна на светот, на која ѝ се спротивставува некоја друга страна. Неговиот однос спрема светот е однос на рефлексијата. Воодушевен од нагонот да се оствари, тој стапува во судир со сите оние што се разликуваат од него. Внатрешната самодоволност и заокруженост се растроени. Она што било внатрешна светлина тоа станува пламен кој пламти и кој се врти кон надворешноста. Оттука произлегува консеквенцијата дека проникнувањето на светот со филозофијата е во ист момент и проникнување на филозофијата со световноста, дека остварувањето на филозофијата во исто време е и нејзина загуба, дека тоа вон неа против што таа се бори е нејзин внатрешен недостаток, дека во текот на борбата таа токму сама паѓа во слабости што ги спречува при својата спротивност, и дека таа тие слабости ги укинува дури на оној начин што паѓа во нив. Она што ѝ се спротивставува и против што таа се бори, секогаш е идентично со неа, само со обратни фактори.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 67-68)

„Со Фоербаховите афоризми не се согласувам само дотолку што тој укажува премногу на природата а премалку на политиката. А тоа е единствениот сојуз, со кој сегашната филозофија може да стане вистина. Но, отприлика ќе се случи како во 16-ти век, кога на ентузијастите на природата им одговарал друг ред поинаков на ентузијасти на државата.“

(K. Marx, Писмо до А. Руге од 13 март 1843 год., Odabrana pisma, стр. 54.)

„Ние, германските социјалисти, се гордееме со тоа што водиме потекло не само од Сен Симон, Фурие и Овен, туку и од Кант, Фихте и Хегел.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Избрани дела во два тома, том 2, Култура, 1950, стр. 88)

„Состојбата на Германија кон крајот на минатиот век се огледува совршено во Кантовата „Критика на практичниот ум“. Додека француската буржоазија се издигна до власта со колосална револуција, којашто во историјата е позната, и додека го освојуваше европскиот континент, додека политички веќе еманципираната англиска буржоазија ја револуционизира индустријата и ја потчинуваше Индија и сиот останат трговски свет, немоќните германски пургери стигнаа само до „добрата волја“. Кант се задоволуваше веќе и со самата „добра волја“, дури и кога таа останува без какви и да е резултати, и го поставуваше остварувањето на оваа добра волја, на ускладеноста меѓу неа и потребата и стремежот на индивидуата, на другиот свет. Оваа Кантова добра волја совршено им одговараше на немоќта, придушеноста и бедата на германскиот пургер, чии ситничарски интереси никогаш не беа способни да се развијат во општи национални интереси на една класа, и кои затоа беа експлоатирани од буржуите на сите други нации.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)

„Карактеристичната форма, која, врз вистинските класни интереси заснованиот француски либерализам, ја зеде на себе во Германија, ја наоѓаме пак кај Кант. Германските пургери и тој, којшто беше нивни гласоносец украсител, не забележува дека овие теоретски мисли на буржујот ги имаа во својата основа материјалните интереси и волјата којашто беше условена и одредена од материјалните односи на производство; затоа го одделуваше тој овој теоретски израз од интересите што тој ги изразува, ја претвораше материјално мотивираната определена волја на француските буржуи во чиста самоопределена „слободна волја“, волја самата по себе и за себе, човечка волја, и така ја пресвртуваше во чисто идеолошко појмовни одредби и морални постулати.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)


No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...