Sunday, August 23, 2020

Хегел

„Големото во Хегеловата Феноменологија и во нејзиниот конечен резултат – дијалектиката на негативитетот како принцип, кој поттикнува и произведува – е значи тоа што Хегел самораѓањето на човекот го сфаќа како процес, опредметувањето како распредметување, како понадворување и како укинување на тоа понадворување; значи, што ја сфаќа суштината на трудот, а предметниот човек, вистински човек, бидејќи е реален, го сфаќа како резултат на својот сопствен труд. Привремено да го антиципираме уште само следново: Хегел стои на гледиштето на модерната национална економија. Тој го сфаќа трудот како суштина, како суштина на човекот кој се потврдува; тој ја гледа само позитивната страна на трудот, а не неговата негативна страна. Трудот е настанувањето на човекот за себеси внатре во понадворувањето или понадворен човек. Трудот што го познава и признава Хегел, апстрактно е духовен.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 320)

„Прво најјасно се изразува во Феноменологијата како родно место на Хегеловата филозофија. Ако тој на пример, го сфатил богатството, државната моќ итн. како на човековото суштество отуѓени суштества, тогаш тоа се случува само во нивната мисловна форма... Тие се мисловни суштества – заради тоа само отуѓување на чистото, т.е. апстрактното филозофско мислење. Затоа целокупното движење завршува со апсолутно знаење. Од што се отуѓени тие предмети и кому му се спротивставуваат со присвојувањето на стварноста, токму тоа е апстрактното мислење. Филозофот се зема себеси – значи пак апстрактна форма на отуѓување на човекот – како мерка на отуѓен свет. Целокупната историја на понадворувањето и целокупното враќање на понадворувањето заради тоа не е ништо друго туку историја на произведување на апстрактното, т.е. на апсолутното мислење, на логичкото спекулативно мислење. Отуѓувањето, кое заради тоа е вистински интерес на тоа понадворување и укинување на тоа понадворување е спротивност меѓу по себе и за себе, меѓу свеста и самосвеста, меѓу објектот и субјектот, то ест спротивност на апстрактното мислење и сетилната вистина или на вистинската сетилност внатре во самата мисла. Сите останати спротивности и движења на тие спротивности се само привид, обвивка, егзотична форма на тие единствени интересни спротивности, кои ја сочинуваат смислата на другите профани спротивности.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 318)

„Борбата меѓу Штраус и Бауер околу супстанцијата и самосвеста е борба внатре во Хегеловите спекулации. Кај Хегел постојат три елементи, спинозистичката супстанција, Фихтеовата самосвест, Хегеловото нужно-противречно единство на обете, апсолутниот дух. Првиот елемент е метафизички травестирана природа во одвоеноста од човекот, вториот е метафизички травестираниот дух во одвоеноста од природата, третиот е метафизички травестираното единство на обата, вистинскиот човек и вистинскиот човечки род.

Штраус консеквентно го продолжувал Хегел од спинозистичко гледиште, Бауер Хегел од Фихтеовото гледиште внатре во теолошкото подрачје. Обајцата го критикувале Хегел, доколку кај него секој од овие два елемента бил од другиот расипан, додека тие секој од обата довеле до нивно еднострано, значи консеквентно изведување. Oбајцата според тоа во својата критика одат понатаму од Хегел, но обајцата остануваат исто така внатре во неговата спекулација и секој ја репрезентира само едната страна на неговиот систем.“

(F. Engels – K. Marx, Die Heilige Familie, стр. 147)

„Напишав еден дијалог од околу 24 страници: „Kleanthes или за изворот и нужниот развој на филозофијата. Уметноста и науката, кои сосема се одделиле, овде донекаде се споени, и како енергичен скитник се впуштив во самото дело, филозофско-дијалектички развој на божественоста, онака како тој се манифестира како поим по себе, како религија, како природа, како историја. Мојата последна реченица беше почеток на Хегеловиот систем, и тој труд, за кој донекаде се запознав со природната наука, со Шелинг и со историјата, а кој ми предизвика бескрајна главоболка и така е конфузно пишуван (додека тој всушност требало да биде нова логика) што сега самиот пак одвај можам во него да се соживеам, тоа е моето најдраго дете, негувано на месечината, ме носи како лажна сирена кон непријателот в раце.“

(Марксово писмо до татко му од 10 ноември 1837 год., МЕД, том 1, стр. 14)

„Според Хегел главно е што предметот на свеста не е ништо друго туку самосвест, или што предметот е само опредметената самосвест, самосвеста како предмет.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 267)

„Според Хегел предметноста не е само опредметување на самосвеста туку и нејзино отуѓување.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

„Според Хегел свеста тоа отуѓување и предметност токму така и го укина и го поврати во себе, значи постои кај себе во своето друго битие како такво. Тоа е движење на свеста и затоа е тоа тоталитет на нејзините моменти. Таа исто така мора да се однесува кон предметот според тоталитетот на своите определби и да го сфати според секоја од нив. Овој тоталитет на нејзините определби го прави по себе духовно битие, а за свеста тоа станува навистина помош за сфаќање на секој поединечно од нив како сопственост или со помош на горе назначеното духовно однесување спрема нив.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...