Showing posts with label работници. Show all posts
Showing posts with label работници. Show all posts

Thursday, September 3, 2020

Буржоазија

„Основниот услов за суштествувањето и превласта на буржоаската класа е образувањето и зголемувањето на капиталот; услов за суштествување на капиталот е наемниот труд. Наемниот труд исклучиво постои поради конкуренцијата помеѓу работниците. Напредокот на индустријата, чиј слеп носител е буржоазијата, ја заменува изолацијата на работниците, поради конкуренцијата, со револуционерно спојување поради здружувањето. На тој начин, развитокот на крупната индустрија ги поткопува темелите на силата на буржоазијата со која таа произведува и ги присвојува производите. Она што буржоазијата го произведува, пред cè, е својот сопствен гробар. Нејзиното пропаѓање и победата на пролетаријатот ce подеднакво неизбежни.“

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 26)

„Целината на капиталистичката класа на некоја земја не може самата себе да се лаже.“ 

(Маркс, Капитал, том I, стр. 114, Белград, 1947)

„Само до колку е капиталистот персонифициран капитал, тој има историска вредност и она историско право на суштествување кое, како што вели остроумниот Лихновски, нема никаков датум. И само до толку преодната неопходност на неговото сопствено суштествување се вклучува во преодната неопходност на капиталистичкиот начин на производство. Но до толку и неговиот движечки мотив не е употребна вредност и уживање, туку разменска вредност и нејзино зголемување. Како фанатик за оплодувањето на вредноста, тој без обѕир го присилува човештвото кон производство заради производство, а со тоа и кон развиток на општествените производни сили и кон создавање материјални услови за производство, што единствени можат да ја сочинуваат реалната база на една повисока општествена форма, чиј основен принцип е полниот и слободен развиток на секоја индивидуа. Капиталистот може да се респектира само како персонификација на капиталот. Како таков тој го дели со собирачот на благо, апсолутниот стремеж за збогатување. Но тоа што се покажува кај последниов како индивидуална манија, кај капиталистот е дејство на општествениот механизам, во кој е тој само едно движечко колце. Освен тоа, развитокот на капиталистичкото производство го прави нужно постојаното зголемување на капиталот вложен во некое индустриско претпријатие, а конкуренцијата му ги наложува на секој индивидуален капиталист внатрешните закони на капиталистичкиот начин на производство како надворешни присилни закони. Таа го присилува него, постојано да го проширува својот капитал, за да го одржи, а тој може него да го проширува само со прогресивна акумулација. Поради тоа, до колку се неговите постапки само функција на капиталот обдарен во неговото лице со волја и свест, неговата сопствена приватна потрошувачка важи како пљачка на акумулацијата на неговиот капитал, како што во италијанското книговодство, приватните издатоци фигурираат на страната на долговите на капиталистот спроти капиталот. Акумулацијата е освојување на светот на општественото богатство. Ширејќи ја масата на експлоатираниот човечки материјал, таа едновремено го шири директното и индиректното господство на капиталистот.‘‘

Карл Маркс, Капиталот, Том 1. Скопје: Мисла, 1975, стр. 520/521


Пролетаријат

 „Од сите класи што стојат денеска наспротив буржоазијата само пролетаријатот е вистински револуционерна класа. Сите други класи ce растројуваат и пропаѓаат со развитокот на крупната индустрија, додека пролетаријатот е нејзин сопствен производ.

Средните сталежи: ситниот индустријалец, ситниот трговец, занаетчијата, селанецот — сите тие ce борат против буржоазијата за да го обезбедат од пропаѓање својот опстанок како средни сталежи. Тие, значи, не ce револуционерни, ами конзервативни. Дури и нешто повеќе, тие ce реакционерни, зашто сакаат да го свртат назад тркалото на историјата. Ако ce револуционерни, тогаш ce такви дотолку доколку им претстои преминување во редовите на пролетаријатот, доколку тие не ги бранат своите сегашни, ами своите идни интереси, доколку го напуштаат своето сопствено становиште за да застанат на становиштето на пролетаријатот.

Лумпенпролетаријатот, тој пасивен производ од гниењето на најдолните слоеви на старото општество, ќе биде делумно вовлечен од пролетерската револуција во движењето, но по целата своја животна положба тој многу повеќе е наклонет да ce продаде за реакционерни сплетки.

Животните услови на старото општество ce веќе уништени во животните услови на пролетаријатот. Пролетаријатот нема сопственост; неговиот однос спрема жената и децата нема повеќе ништо заедничко, со буржоаските семејни односи: современиот индустриски труд, современото робување на капиталот, еднакво во Англија, како и во Франција, во Америка како и во Германија, избришаа од него секаков национален карактер. Законите, моралот, религијата за него ce само буржоаски предрасуди, зад кои ce кријат буржоаските интереси.

Сите поранешни класи што ја освојуваа власта за себеси ce стремеа да ја осигурат својата извојувана животна положба, потчинувајќи го целото општество на условите што го обезбедуваа нивниот начин на присвојување. Пролетерите можат да ги освојат општествените производни сили само така ако го укинат својот сопствен досегашен начин на присвојување, a со тоа и целиот досегашен начин на присвојување. Пролетерите немаат ништо свое што би требало да го осигурат, тие мораат да разрушат cè што ја осигурувало и обезбедувало досега приватната сопственост.“ 

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 25)

„Пролетаријатот поминува низ повеќе степени на. развиток. Неговата борба против буржоазијата започнува со денот кога започнува неговото постоење.

Отпрвин ce борат одделни работници, потоа работниците на една фабрика, па работниците од една гранка на трудот во едно место против одделен буржуј што непосредно ги експлоатира. Работниците не ги управуваат своите напади само против буржоаските производствени односи, тие ги управуваат нив и против самите производствени орудија; тие ги уништуваат странските конкурентски стоки, ги искршуваат машините, ги запалуваат фабриките, ce обидуваат да ја повратат изгубената положба на средновековниот работник.

На тој степен работниците ce сè уште маса растурена по целата земја и раздробена од конкуренцијата. Помасовното сплотување на работниците уште не е последица од нивното сопствено здружување, ами само последица од здружувањето на буржоазијата, која заради постигнување на своите сопствени политички цели мора и засега уште може да го стави во движење целиот пролетаријат. На тој степен пролетаријатот, значи, не води борба против своите непријатели, туку против непријателите на своите непријатели, против останките од апсолутната монархија, против земјовладелците, против неиндустриските буржуи, против малограѓаните. Така, целото историско движење е концентрирано во рацете на буржоазијата; секоја победа извојувана во такви услови е победа на буржоазијата.

Но со развитокот на индустријата не доаѓа само до намножување на пролетаријатот; тој ce сплотува во поголеми маси, неговата сила расте и тој cè повеќе ја чувствува. Интересите, животните услови кај пролетаријатот cè повеќе и повеќе ce изедначуваат, зашто машината cè повеќе ги брише разликите во работата, a надницата ја срозува речиси насекаде на еднакво ниско рамниште. Cè поголемата конкуренција меѓу самата буржоазија и трговските кризи што оттука произлегуваат го обусловуваат cè поголемото колебање на наемнината на работниците; cè побрзото непрекинато подобрување на машините ја прави животната положба на пролетерите ce понесигурна; судирите меѓу одделниот работник и одделниот буржуј cè повеќе придобиваат карактер на судири меѓу две класи. Работниците започнуваат да создаваат коалиции против буржуите; тие ce соединуваат за заштита на својата наемнина. Тие основаат дури и трајни здруженија, за да ce снабдат со средства за во случај на бунт. На места борбата ce претворува во побуни.

Од време на време победуваат работниците, но тие победи ce само преодни. Вистинскиот резултат на нивната борба не е непосредниот успех, ами здружувањето на работниците, кое cè повеќе ce шири. За тоа спомага порастот на сообраќајните средства што ги произведува крупната индустрија и што ги доведуваат во врска работниците од разни места. Само таа врска е и потребна, па многуте локални борби, кои ce насекаде од ист карактер, да ce централизираат во национална класна борба. A секоја класна борба е политичка борба.“ 
(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 22-24)

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...