Sunday, June 7, 2020

Класи

Марксовата дефиниција за класата

„Доколку милиони семејства живеат под економски услови на егзистенција кои нивниот начин на живот, нивните интереси и нивното образование го одделуваат од начинот на живот, од интересите и образованието на други класи и ним непријателски им ги спротивставуваат, дотолку тие претставуваат класа.“
(Маркс – Енгелс, Изабрана дела, том I, стр. 308)


Во капитализмот и кај работниците владеат капиталистички идеи

„Во рамките на општествена состојба во која владее капиталистичкото производство и кај некапиталистичките производители владеат капиталистички претстави. Во својот последен роман „Селани“, Балзак, кој воопшто е забележлив со своето длабоко размислување на реалните односи, успешно прикажува како малиот селанец, за да ја зачува наклонетоста на својот лихвар, бесплатно му врши различни работи и си мисли дека со тоа не му подарува ништо, зашто неговиот сопствен труд не му причинува никакви расходи во готово. Така лихварот од своја страна со едно мавање отепува две муви. Заштедува трошоци во готово за наемнина и селанецот, кој поради тоа не може да ги обработи своите нивје, сѐ повеќе го упропастува, и сѐ подлабоко го заплеткува во лихварската пајажина.
(Карл Маркс, Капиталот, том трети, Мисла, Скопје, 1976, стр.38)

Формирањето на класите во неминовна врска со производството

„Сите досегашни никулци на формирањето на класи сè уште биле исклучиво во врска со производството; тие ги делеле луѓето што учествуваат во производството на оние што раководат и оние што извршуваат, или пак на производители од повисок и понизок ред. Овде првпат се јавува класата (тука Енгелс мисли на појавата на трговскиот слој во рамките на робовладетелската класа) која, не земајќи никакво учество во производството, го освојува раководењето со производството во целина и економски ги потчинува производителите.“
(Маркс – Енгелс, Изабрана дела, II, стр. 304, Култура, Београд, 1950)


„Материјалистичкото сфаќање на историјата тргнува од поставката дека производството, а освен производството и размената на неговите производи, е основа на секој општествен поредок; дека во секое историски определено општество распределбата на производите, а со неа и социјалното групирање во класи и сталежи зависи од тоа што и како се произведува и како се врши размената на произведеното.“
(Маркс – Енгелс, Изабрана дела, том II, стр. 126)

„Капиталистот не е капиталист затоа што управува со индустријата, туку станува индустриски заповедник затоа што е капиталист.“

(К. Маркс, Капиталот, том први, стр. 280)

Неопходни и излишни класи

Откога класите постојат, никогаш општеството не можело без работничката класа. Името, општествениот статус на таа класа се смени; кметот го зазеде местото на робот, за да биде ослободен од слободниот работник – ослободен од кметство, но исто така и ослободен од какви било земни добра произведени со негов сопствен труд. Но, јасно е: какви и да се промените што се случуваат во високите, непродуктивни редови на општеството, општеството не може да живее без класата на производители. Оваа класа е неопходна во сите околности – иако мора да дојде време, кога веќе нема да биде класа, кога ќе го опфати целото општество.

Oпуштен и главно површен надзор е ... единствената функција која преостанала за сопствениците на претпријатието. ...Во стварноста на капиталистичките сопственици на овие огромни претпријатија не им останало ништо друго што да работат, освен да добиваат пари од полугодишните дивидендни налози. Општествената функција на капиталистот ... префрлена на платените слуги; но тој продолжува да присвојува, преку своите дивиденди, плата за функцијата која престанал да ја извршува. Но, уште една функција му преостанала на капиталистот, која со обемот на големите обврски го принудила да се „повлече“ од нивно менаџирање. А оваа функција е да шпекулира со своите акции на берза. Наместо да се занимава со нешто подобро, нашите „пензионирани“, а во стварноста заменети капиталисти, се коцкаат до мила волја во овој храм на Мамон. Тие одат таму со свесна намера да стрпат во џеб пари за кои се преправаат дека ги заработиле; иако, тие кажуваат, дека потеклото на сиот имот е трудот и штедењето – потеклото можеби, но сигурно не и крајот.

...Капиталистот не може повеќе да ги третира своите профити како „плата за надгледување“, бидејќи не надгледува ништо.
"The Labour Standard", No. 14, August 6, 1881

Производствен и непроизводствен труд

„Заменување на производот во неговата природна и економскa смисла; на тој начин и крадачот е продуктивен работник, бидејќи тој посредно произведува книги за кривичното право (тоа размислување е барем толку точно колку и наречувањето на судијата дека е продуктивен работник затоа што тој штити од кражби).“
(МЕД, том 19, стр. 153-54)

„Модерните економисти постанале такви сикофанти да сакаат на капиталистот да му продадат дека производствен труд е и тоа кога некој му ги чисти вошките или му го глади курот, бидејќи ова последното ќе му ја направи неговата тапа глава (block head) идниот ден порасположена за работилницата.“
(МЕД, том 19, стр. 154)

„Затоа е сосема точно – но воедно и карактеристично – за соодветните економисти, на пример, работниците за изработка на луксузни предмети, да се производствени работници иако гиздавците кои такви предмети трошат децидно се осудуваат како непродуктивни расипници. Факт е дека тие работници, навистина, се продуктивни доколку го зголемуваат капиталот на својот газда, но се непродуктивни со обѕир на материјалните резултати на својот труд. Всушност, тој >>продуктивен<< работник заправо е толку заинтересиран за гомнаријата што мора да ја изработува, колку и самиот капиталист кој мора да го вработува и на кој исто така не му е гајле за тие трици. Но, поточно земено, всушност се покажува дека правата дефиниција на производствен работник се состои во ова: тоа е човек на кој му е потребно и кој бара само онолку колку е неопходно да се оспособи да на својот капиталист му донесува најголема можна корист. Сите тие бесмислици...“
(МЕД, том 19, стр. 164)

„Од курвата до Папата има маса таков џган. (Работата на слугите...), тука спаѓа и чесниот и >>работниот<< лумпенпролетаријат...“

„И златарските работници на Париз припаѓаат на стариот џган а да не се свесни за тоа.“
(МЕД, том 38, стр. 489)

Земјосопственик во капиталист

„На стариот земјосопственик, ако е богат не му треба капиталист да би постанал модерен земјосопственик.“
(МЕД, том 19, стр. 157)

Наемен работник – роб

„Робот прима постојана и одредена количина средства за свое издржување, додека наемниот работник не прима... Ако работникот би се помирил со тоа да волјата, диктатите на капиталистот ги прима како некој вечен економски закон, тој би морал да ја дели сета беда на робот, но без она обезбедување на опстанокот којшто го има робот.“
(МЕД, том 27, стр. 120)

Олигархија

„Овековечување на олигархијата се постигнува на тој начин што таа од време на време ја испушта власта од една своја рака да би ја дочекала во својата друга рака.“
(МЕД, том 14, стр. 305)

„Вкупниот број на лица (вбројувајќи го и управниот персонал) вработени во фабриките на Обединетото Кралство изнесувал само 775 534, додека бројот на женската послуга само во Англија изнесувал 1 000 000. Прекрасно уредување во кое фабричката девојка мора 12 часови да се поти во фабриката, да би господарот на фабриката можел со делот на нејзиниот неплатен труд да ја прими во негова лична служба нејзината сестра како слугинка, брат ѝ како слуга, а нејзиниот роднина во војска или полиција.“
(МЕД, том 24, стр. 137)[1]

Филозофот како рецидив на отуѓениот свет

„Филозофот, кој е самиот апстрактна форма на отуѓен човек, се поставува како мерка на отуѓениот свет.“
(Economic and Philosophical Manuscripts, Third Manuscript, Private Property and Labor)

Непроизводноста на филозофијата

„Големиот успех на Фојербах е: (1) Доказот дека филозофијата е ништо друго освен религија претставена во мислата и објаснета од мислата, односно, друга форма и начин на постоење на отуѓувањето на суштината на човекот; оттука подеднакво да се осуди; (2) Воспоставување на вистински материјализам и реална наука, со тоа што општествениот однос на „човек до човек“ го постави како основен принцип на теоријата; (3) Неговото спротивставување на негацијата на негацијата, којашто тврди дека е апсолутна позитивност, самоодржлива позитивност, позитивно заснована врз себе.“
(Critique of the Hegelian Dialectic and Philosophy as a Whole, p. 64)

„За секоја нова класа која се става на местото на таа што владеела пред неа, е принудена, само за да ја спроведе својата цел, да ги претставува своите интереси како заеднички интерес на сите членови на општеството, односно, да ги претставува како единствени рационални, универзално валидни интереси. Класата што изведува револуција се појавува уште од самиот почеток, само затоа што е против одредена класа, не како класа, туку како претставник на целото општество; таа се појавува како масивна целина на општеството што се соочува со една владејачка класа.“
(The German Ideology, "Concerning the production of Consciousness")

„Ние не сакаме учество на средната класа.“
(Interview with Karl Marx, head of L'Internationale By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Историјата на секое досегашно општество е историја на класните борби. Слободниот човек и робот, патрицијот и плебеецот, баронот и крепосниот селанец, цеховскиот мајстор и калфата, накусо – угнетувачот и угнетениот, стоеле еден наспрема друг во постојана спротивност, воделе непрекината, ту скриена, ту отворена борба, борба која секогаш завршувала со револуционерна преобразба на целото општество или со заедничка пропаст на класите што се бореле.“
(Маркс и Енгелс, Манифест на комунистичката партија, 1848 год.)

„Што се однесува до мене, мене не ми припаѓа ниту заслугата дека јас сум го открил постоењето на класите во современото општество, ниту пак дека сум ја открил нивната меѓусебна борба. Буржоаските историчари одамна пред мене го изложија историскиот развиток на таа борба меѓу класите, а буржоаските економисти — економската анатомија на класите. Новото што јас го направив се состои во доказот на следново: 1) дека постоењето на класите е сврзано со определени, историски фази од развитокот па производството (historische Entwicklungsphasen der Production); 2) дека класната борба неизбежно води кон диктатура на пролетаријатот; 3) дека таа диктатура претставува само премин кон уништувањето на секакви класи и кон општество без класи.“
(Маркс, Писмо до Вајдемаер, 1852 год.)

„Следното прашање на кое треба да се одговори е: што сочинува некоја класа? Одговорот се добива сам од себе од одговорот на едно друго прашање: што прави наемните работници, капиталистите, сопствениците на земјата да образуваат три големи општествени класи? На прв поглед тоа е истоста на доходите и на изворите од доходите. Тоа се три големи општествени групи, чии компоненти, индивидуите што нив ги образуваат, живеат соодветно од наемнина, профит и земјишна рента, од исползувањето на нивната работна сила, нивниот капитал и нивната земјишна сопственост.“
(Маркс, Капиталот, том 3, 1894 год.)

„Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“
(Маркс, Капиталот, том 2, 1885 год.)

„Под буржоазија се подразбира класата на модерни капиталисти, сопственици на средства за општествено производство и вработувачи на наемен труд. Под пролетаријат, класата на модерни наемни работници кои, немајќи свои средства за производство, се принудени да ја продаваат својата работна сила за да живеат.“
(Маркс и Енгелс, Манифест на комунистичката партија, 1848 год.)

„Врз разните облици на сопственоста, врз социјалните услови на егзистенцијата, се издига целата надградба на различни и особени чувства на илузии, начини на мислење и гледање на животот. Неа ја создава и оформува целата класа од својата материјална подлога и соодветните општествени односи.“
(Маркс, Осумнаесеттиот бример на Луј Бонапарта, 1852 год.)

„Во онаа мера во која се развива капиталот, во иста мера се развива и пролетаријатот, класа на модерни работници кои живеат само дотогаш додека наоѓаат работа, а наоѓаат работа само дотогаш додека нивниот труд го наголемува капиталот.“
(Маркс)

„Трудот произведува чудесни дела за богатите, но разголување за работникот.“
(Маркс)

„Бидејќи одвојувањето од секоја човечност практично е завршено во изградениот пролетаријат, бидејќи во животните услови на пролетаријатот сите животни услови на денешното општество се збиени во својот најнечовечки врв, бидејќи човекот во него се загубил самиот себеси, но истовремено не само што добил свест за оваа загуба, туку и непосредно е принуден на бунт против оваа нечовечност, принуден нужно, затоа пролетаријатот може и мора да се ослободи самиот себеси. Но, тој не може да се ослободи самиот себеси ако не ги укине своите сопствени животни услови, а да не ги укине сите нечовечки животни услови на денешното општество кои се збиени во неговата ситуација. Тој не минува попусто низ суровата но прекалувачка школа на трудот. Не се работи за тоа што во дадениот момент замислува како своја цел, овој или оној пролетер или дури целиот пролетаријат. Се работи за тоа што тој всушност е, а што сообразно на своето битие ќе биде историски принуден да направи. Неговата цел и неговата историска акција се предназначени јасно, неизменливо во неговата сопствена животна ситуација, како и во целата организација на денешното граѓанско општество.“
(Маркс и Енгелс, Светото семејство, 1845 год.)

„Буржоазијата го симна светечкиот ореол од сите дотогаш достоинствени професии, на кои се гледаше со страхопочит. Таа ги претвори во свои платени наемни работници лекарот, правникот, свештеникот, поетот и научникот.“
(Маркс и Енгелс)

„Крупната индустрија доведува на едно место голема маса луѓе кои меѓу себе не се познаваат. Конкуренцијата ги раздвојува нивните интереси.“
(Маркс, Бедата на филозофијата, 1847 год.)

„Дури и еднаквоста на надниците, таква каква што бара Прудон, само го претвора односот на сегашните работници кон својот труд во однос на сите луѓе кон трудот. Општеството тогаш се сфаќа како апстрактен капиталист. Надницата е непосредна последица на отуѓениот труд, а отуѓениот труд е непосредна причина на приватната сопственост. Според тоа, со отпаѓањето на приватната сопственост отпаѓа и наемнината.“
(Маркс, Економско-Филозофски ракописи, 1844 год.)

„Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Колку што повеќе тие сакаат да заслужат, толку повеќе мораат да го жртвуваат своето време и, потполно да се одрекуваат од секоја слобода, извршувајќи ропски труд во служба на лакомоста. При тоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивните животи е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин секогаш има потреба од нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да сосема не би пропаднала.“
(Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“
(Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Бидејќи едно општество, според Смит, не е среќно доколку повеќемината трпат, а бидејќи најбогатата состојба на општеството води до тоа патење на повеќемината и дека националната економија (воопшто општеството на приватниот интерес) води кон таа најбогата состојба, излегува дека несреќата на општеството е цел на националната економија.“
(Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Да земеме сега едно општество во кое богатството расте. Оваа состојба за работникот е единствено поволна. Овде настанува конкуренција меѓу капиталистите. Побарувачката за работниците ја надминува нивната понуда. Меѓутоа: Повишувањето на надниците доведува до исцрпување на работниците. Доколку посакуваат повеќе да заслужат, дотолку мораат повеќе да жртвуваат од своето време и потполно да се одречат од секаква слобода, извршувајќи робовски труд во служба на лакомоста. Притоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивниот живот е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин постанува нужна секогаш нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да не би сосема пропаднала.“
(Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

Пролетер спроти буржуј

„Кога буржујот му приговара на пролетерот дека тој, пролетер, има човечка должност да работи 14 часа дневно, тогаш пролетерот има потполно право да му одговори со истиот јазик дека тој има задача пред тоа да го сруши целиот буржоаски режим.“
(МЕД, том 6, стр. 233)

„Само во името на општите права на општеството може една посебна класа да полага право на таа општа власт.“ 
(Маркс-Енгелс, Рани радови, стр. 83, Загреб, 1953)



[1] Во Хонг Конг има само 100 000 фабрички работници и 300 000 градежни работници наспроти 800 000 во финансии, еден милион во разни видови на трговска размена и над еден милион во јавна администрација. Ова е економија што во основа живее од вишокот произведен на кинеското копно.“ (Пол Кокшот)
Статистиката на Кокшот за големината на работничката класа во Хонг Конг наспроти големината на непродуктивниот сектор го потврди она што Маркс го кажа пред 156 години!

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...