Saturday, July 11, 2020

Организација на трудот


Организација на трудот

„Наместо поделба на трудот, која нужно се раѓа кај размената на разменски вредности, би постоела организација на трудот која би имала за последица учество на поединецот во заедничката потрошувачка... Во првиот случај (разменски вредности) општествениот карактер на производството се поставува post festum, дури со издигањето на производите во разменски вредности и размена на тие разменски вредности. Во вториот случај (размена на дејности), општествениот карактер на производството е претпоставен, а учеството во светот на производите, во потрошувачката, не е посредуван со размена на меѓусебно независни трудови или производи на трудот. Таа е посредувана со општествените услови на производството внатре во кои индивидуата делува...“
(МЕД, том 19, стр. 74)

Размена
„Размена којашто првобитно се случувала во производството (размена не би била размена на разменски вредности туку размена на дејности кои би биле одредени од заедничките потреби, заедничките цели) би вклучувала од самиот почеток учество на поединецот во заедничкиот свет на производите... Врз основа на разменската вредност трудот дури со размената се поставува како општ...“
(МЕД, том 19, стр. 73)

Универзален развој

„Слободна индивидуалност, заснована на универзалниот развој на индивидуата и на потчинување на нивната заедничка, општествена продуктивност како нивна заедничка моќ, е трет степен...“
(МЕД, том 19, стр. 63)

Штедење време во комунизам

„Кога се претпостави заедничко производство, нормално да одредувањето на времето останува битно. Што помалку време на општеството му треба да би произвело пченица, стока, итн., тоа повеќе време ќе добие за друго производство, материјално или духовно. Како и кај поедини индивидуи така и кај општеството сестраната развиеност, уживање и дејност зависат од штедењето на време, на тоа најпосле се сведува целокупната економија. Како што поединецот мора исправно да го распореди своето време да би во соодветни размери стекнал знаења или да би задоволил различни барања за своите дејности, така и општеството мора целисходно да го распореди своето време да би постигнало производство според своите целокупни потреби. Економизирање со времето како и планска расподелба на работното време на различни гранки на производството останува, ... прв економски закон врз основа на заедничкото производство. Тој дури постанува закон во многу повисок степен. Но, тоа е сепак битно поразлично од мерењето со разменски вредности (на трудот или производите на трудот) со работно време. Работењето на поединецот во иста гранка на трудот и различните видови на работа се само различни квантитативно но и не квалитативно што претпоставува само квантитативна разлика на стварите, истоветност на нивните квалитети. Значи, квантитативно мерење на трудовите претпоставува еднородност, истоветност на нивните квалитети.“
(МЕД, том 19, стр. 74-75)


„Кога сите би морале да работат, би отпаднала спротивноста меѓу претераното работење и безделничење – и тоа секако би било консеквенција на тоа што капиталот би престанал да постои, што производот не би давал повеќе право на туѓ вишок на труд – и ако освен тоа се земе во вид развојот на производствените сили, како што капиталот ги создал, тоа потребниот општествен вишок ќе се произведе за 6 часа, повеќе отколку сега за 12 часа, и воедно сите работници би имале 6 часа „време со кое располагаат“, ќе имаат вистинско богатство; време кое нема да биде апсорбирано со непосредно производствен труд, туку ќе им останува слободно за уживање, за разонода, така што тоа дава простор за слободна дејност и развој. Времето е простор за развој на способностите. Знаеме дека економистите дури и ропската работа на наемните работници ја правдаат со тоа што таа создава разонода, слободно време за други, за другиот дел од општеството – а со тоа и за самото општество на наемни работници. Кога капиталот би престанал, тие би работеле само 6 часа, а безделничарите би морале да работат исто толку. Материјалното богатство за сите би било со тоа намалено на ниво на работниците. Но, сите би имале слободно време за развој.“ 
(МЕД, том 26. Београд: Просвета, 1972, 184-199.)

Труд – работа

„Работата е движење и времето е нејзина природна мерка.“
(МЕД, том 19, стр. 99)

Производствен и непроизводствен труд

„Модерните економисти постанале такви сикофанти да сакаат на капиталистот да му продадат дека производствен труд е и тоа кога некој му ги чисти вошките или му го глади курот, бидејќи ова последното ќе му ја направи неговата тапа глава (block head) идниот ден порасположена за работилницата.“
(МЕД, том 19, стр. 154)

„Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите‘‘ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат“ (Маркс, Капиталот).

„Времето е простор за развој на човекот. Човек кој не располага со слободно време, чијшто цел живот, не земајќи ги во обѕир чисто физичките прекини потребни за спиење, исхрана, итн., е зафатен со работа за капиталистот, таков човек е на пониско ниво од запрежен добиток.“
(МЕД, том 27, стр. 118)

Жени

„Жените треба строго да се исклучат од секаква ноќна работа како и од секоја врста работа којашто е опасна за нежниот женски организам и го изложува телото на отровни или други штетни материјали.“
(МЕД, том 27, стр. 156-58)

Деца и младинци

„Правата на децата и младинците мора да се заштитат. Тие не се во состојба да истапуваат во свое име. Затоа е должност на општеството да се заложи за нив.“
(МЕД, том 27, стр. 157-58)

Продуктивност на трудот

„Производната сила на трудот заправо со индустриската револуција постигна такво ниво да за првпат откако постојат луѓето постанало можно да со разумна распределба на трудот на сите, се произведе не само онолку колку што е доволно за обилна потрошувачка за сите членови на општеството и стварање на обилен резервен фонд, туку и на секој поединец да му се остави доволно слободно време, да би она што навистина вреди во историската наследена култура – уметност, науки, форми на однесување, итн. – биде не само одржувано туку и од монопол на владеечките класи да биде претворено во заедничко добро на целото општество и да биде понатаму развивано... Штом производната сила на трудот се развила до тој степен, се губи секаков изговор за постоење на некоја владејачка класа. Последниот изговор со кој се бранети класните разлики беше секогаш дека мора да постои класа која не мора да се занимава со производство на своето секојдневно одржување за да ѝ остане повеќе време за да го врши умствениот труд за општеството. На ова дрдорење кое досега имаше свое историско оправдување, индустриската револуција во последните сто години еднаш засекогаш му ги отсече корењата. Постоењето на владеечки класи постанува секој ден сè повеќе и повеќе препрека за развојот на индустриските производни сили, а исто така на силите на науката, уметноста и посебно на културните форми на постапување. Поголеми простаци од нашите современи буржуи никогаш не постоеле.“
(МЕД, том 29, стр. 185)

Реформа

„Таа ниту создава нешто ново ниту отклонува нешто старо. Таа има за цел да го сочува стариот систем, давајќи му порационален облик и учејќи го на поубаво постапување.“
(МЕД, том 12, стр. 43)

68. „Претварање на личните сили (односи) во предметни по пат на поделба на трудот не може да се укине на тој начин што човек ќе си ја исфрли од главата мислата за тоа, туку само така што индивидуите повторно на себе ги потчинуваат тие предметни сили и ја укинуваат поделбата на трудот...“
(МЕД, том 6, стр. 58)[1]

„Поделбата на трудот ни го дава веднаш и првиот пример за тоа дека – се‘ додека луѓето се наоѓаат во општество кое поникнало природно, значи, додека постои расцеп меѓу посебниот и заедничкиот интерес и, според тоа, додека активноста не се дели по лична волја туку по природен пат, сопственото дело на човекот станува за него туѓа сила која стои наспроти него, која го подјармува наместо тој да владее со неа.“ 

(Маркс-Енгелс, Немачка идеологија, оддел I, Фојербах, Дела, том 6, стр. 32-33, Белград, 1974)



[1] Ова да се поврзе со 33-та и 34-та страница во том 6 каде што се зборува во таа смисла.

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...