Saturday, June 6, 2020

Камата


Каматата во средниот век

„Во средниот век населението било чисто земјоделско. А таму, како под феудална влада, трговија може да има само малку, а поради тоа и малку профит. Поради тоа, законите за лихварството биле оправдани. Притоа, во некоја земјоделска земја човек ретко доаѓа во положбата да зема во заем пари, освен ако западне во сиромаштија и бедност... Хенри VII ја ограничил каматата на 10%. Јаков I, на 8, Карл II, на 6, Ана на 5%... Во она време паричните заемодаватели биле, ако не правно, тоа сепак фактички монополисти и поради тоа било нужно, да се стават тие како и други монополисти под ограничување... Во наше време нормата на профитот ја регулира нормата на каматата; во она време нормата на каматата ја регулирала нормата на профитот. Кога паричниот заемодавател му наложувал на трговецот висока норма на камата, трговецот морал да ѝ удри на својата стока повисока профитна норма. Поради тоа, од џебот на купувачот се одземала една голема сума пари, за да појде во џебот на паричниот заемодавател.“ 
(Gibart, “History and Principles of Banking”, стр. 164, 165)

„Пак јас како ти (100 гулдени) ги дадов во заем, ти ми правиш двојна загуба, дека јас не можам да платам, ниту пак таму можам да купам, и значи на двете страни морам да трпам загуба, тоа се вика duplex interesse, damni emergentis et lucri cessantis (двојна камата, сторена загуба и неизвршена добивка)... откако разбрале, дека Ханс со своите 100 гулдени дадени во заем претрпел загуба и барал праведно да се обештети за својата загуба, тие тоа го ползуваат и удираат на секои такви сто гулдени такви две загуби, имено, трошоци за плаќањето, и неизвршеното купување на градината, токму така како стоте гулдени природно да се враснат во такви две загуби, дека, каде што има сто гулдени, тие нив ги даваат во заем, и пресметуваат на нив такви две загуби, кои сепак нив не ги претрпеле... Поради тоа, ти си еден лихвар кој со парите од својот ближен си ја надоместуваш загубата што сам си ја измислил, загуба која никој не ти ја направил, и која ти не можеш да ја докажеш, ниту да ја пресметаш. Таквата загуба правниците ја нарекуваат non verum sed phantasticum interesse (не вистинска, туку вообразена камата). Загуба која секој сам си ја измислува. Не важи, значи, да се рече дека би можела да се направи загуба, дека јас не би можел ни да купам ни да платам. Тоа значи ex contingente necessarium (од случајното да се прави нужно), од она што не е да се направи она што мора да биде, од неизвесен да се направи извесен предмет. Зар таква лихва нема да го изеде светот во малку години?... Случајна несреќа која му се направи на заемопримателот, без негово сакање, тој мора да се искрене, но во трговијата е обратно и дури противречно, тука бараат и измислуваат загуби кои му се натоваруваат на ближниот во неволја, со тоа да ќаруваат и се збогатуваат, за да можат со тоа мрзливо и безделно да живеат во сласт и радост на сметка на трудот од други луѓе, од нивните грижи, опасности и загуби; да седам зад печка и да ги пуштам моите сто гулдени да работат за мене на земјата, и сепак зашто се тие пари дадени на заем, сигурен сум дека ги држам во ќесе, без секаква опасност и грижа, мили мој, кој тоа не би го сакал?“ 
(M. Luther, “An die Pfarrherrn wider den Wucher zu predigen etc.”)

„Ми се вели, дека сега се земаат секоја година на панаѓурот во Лајпциг 10 гулдени, тоа е 30 насто; некои додаваат дека на панаѓурот во Нојенбург, било 40 насто: дали е така, тоа јас не го знам. За срамота, каков црн ѓавол и ќе излезе на крајот?... Кој сега во Лајпциг има 100 флори, тој годишно зема 40, тоа значи годишно да се изеде еден селанец или еден граѓанин. Ако тој има 1000 флори, тогаш тој годишно зема 400, тоа значи дека годишно јаде еден рицар или богат благородник. Ако тој има 10 000, тогаш годишно ќе зема 4000; тоа значи за една година ќе изеде еден богат гроф. Ако тој има 100 000, тогаш тој годишно зема 40 000; тоа значи во една година ќе изеде еден голем кнез. Ако тој има 1 000 000, тогаш тој годишно зема 400 000, што значи дека за една година ќе изеде еден голем крал. И притоа не се изложува на никаква опасност, ниту за животот, ниту за имотот, ништо не работи, си седи зад печка и си пече јаболка: значи еден таков разбојник може да седи дома и за десет години да го изеде целиот свет.“ 
(“Bücher vom Kaufhandel und Wucher”, 1524, “Luther’s Werke, Wittenberg 1589, стр. 312)

„Пред 15 години пишував против лихварството, бидејќи тоа толку се беше осилило, што не можев да се надевам на никакво подобрување. Од она време тоа толку се окренало, што тоа повеќе не сака да биде ни порок, ни грев или срам, туку се слави како чиста добродетелност и чесност, како тоа да им чини на луѓето голема љубов и некоја христијанска услуга. Што може сега да помогне советот кога срамот станал чест, а порокот добродетел.“ 
(M. Luther, “An die Pfarrherrn wider den Wucher zu predigen. Wittenberg.”)

„Евреи, ломбарди, лихвари и крвопијци беа нашите први банкари, нашите први банкарски посредници, нивниот карактер речиси можеше да се нарече инфамен... Тогаш ним им се придружија лондонските златари. Целосно земено... нашите први банкари беа... многу лоша компанија, тие беа алчни лихвари, крвопијци со камено срце.“ 
(D. Hardcastle, “Banks and Bankers”, 2. издание, Лондон, 1843, стр. 19, 2.)

„Примерот што го дадоа Венецијанците“ (основање една банка) „најде толку бргу поддржувачи; сите крајморски градови и воопшто сите градови, кои си создале со својата независност и со нивната трговија едно име, основале нивни први банки. Враќањето на нивните бродови, кое често долго се чекало, неизбежно водело кон навика да се дава кредит, а откривањето на Америка и оттука трговијата со неа уште повеќе го зајакнаа овој обичај.“ (Ова е главна точка) „Испраќањето товарени бродови со стоки присилувало на кревање големи кредити, што се случувало веќе во стариот век во Атина и Грција. Ханзетскиот град Бриж имал 1308 осигурителни комори.“ 
(M. Augier, исто, стр. 202, 203.)

Колку многу преовладуваше давањето во заем на земјосопствениците, а со тоа воопшто на потрошувачкото богатство, дури и во Англија во последната третина од 17 век, пред развитокот на модерниот кредитен систем, може, меѓу другото, да се согледа и при сер Дади Норт, кој не бил само еден од првите англиски трговци, туку и еден од најзначителните теориски економисти на своето време:

„Од парите дадени под камата кај нашиов народ одвај десетти дел ако им е даден на деловни луѓе, за со нив да го водат своето претпријатие; тие во најголемиот дел се даваат во заем за луксузни артикли и за трошоци на луѓе, кои, иако се крупни земјосопственици, сепак, парите побргу ги издаваат отколку што нивниот земјишен посед им донесува; и бидејќи се плашат од продавањето на нивните имоти, тие побргу нив ги ставаат под хипотека.“ 
(“Discourses upon Trade”, Лондон, 1691, стр. 6,7.)

Во XVIII век во Полска:

„Варшава направи голема операција со меници, само што главната цел и основа ѝ беше лихварството на нејзините банкари. За да дојдат до пари, кои им ги давале во заем на растурничките големци по 8 и повеќе проценти, тие се обидувале надвор од земјата да најдат и најдувале меничен кредит in blanco, т.е. кој немал за основа стоковна трговија, но кој странскиот трасат стрпливо го акцептирал, сè додека не престанеа да течат римесите создадени со менична шпекулација. Затоа тие тоа скапо го платија поради банкротството на некој Тепер и други високо ценети варшавски банкари.“ 
(J. G. Büsch, “Theoretisch-praktische Darstellung der Handlung etc.”, 3. издание, Хамбург, 1808, том II, стр. 232, 233.)

ПОЛЗИ ЗА ЦРКВАТА ОД ЗАБРАНАТА НА КАМАТАТА

„Црквата забрани да се зема камата; но не забрани да се продава сопственоста, за да си помогне некој при нужда; не забрани ни дури да му се отстапува на заемодавателот на пари за некое определено време и до исплатувањето на сопственоста за да добие тој гаранција, но и за време на поседувањето за да може неа да ја исползува како надоместок за дадените пари во заем... Самата црква, или комуните кои нејзе ѝ припаѓаат и pia corpora (Свети братства), извлекувала големи ползи од тоа, особено во времето на крстоносните војни. Ова донесе еден толку голем дел од националното богатство во посед на таканаречената „мртва рака“, особено поради тоа што Евреите не смееле да лихварат на овој начин, зашто поседот на некој толку цврст залог не можел да се скрие... Без забрана на каматите, црквите и манастирите никојпат не би можеле да станат толку богати.“ 
(Исто, стр. 55)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...