Sunday, August 23, 2020

Штедење

„Денешното општество поставува... парадоксално барање да треба да се откажува оној кај кого предмет на размена чинат животните средства, а не оној на кој предметите за размена му служат за збогатување...

„Кога работникот би штедел на навистина аскетски начин и така натрупувал средства за лумпенпролетаријатот, апашите итн.; кои би раснеле пропорционално на побарувачката... вложувајќи во банките... работникот би штедел за капиталот а не за себе.“ (МЕД, том 19, стр. 165)

„Тој (работникот) може да штеди повеќе или помалку, но понатаму од тоа нема да стигне.“ (МЕД, том 19, стр. 167)

Штедилниците и работникот

„Цел... да работникот во старост... не падне на терет на сиротинските домови, државата, да не отиде во просјаци, а најпосле не на терет на капиталистот.“ (МЕД, том 19, стр. 164)

Збогатување на работникот

„Кога работникот, наместо за своја цел да ја избере употребната вредност, би го избрал богатството, тој не само што не би дошол до богатство, туку покрај тоа би ја изгубил и употребната вредност. Бидејќи, по правило, максимум грижливост, работење и минимум потрошувачка (а тоа е максимум од неговото откажување и неговото заработување пари) би можеле да доведат само дотаму да за максимум работа прими минимум наемнина. Тој би можел со напрегање да го смали само општото ниво на трошоци за произведување на својот сопствен труд, а заради тоа и неговата општа цена. Само исклучиво работникот може со силата на својата волја, физичката сила и со упорност, шкртост итн. да ја претвори својата монета во пари, како исклучок на својата класа и на општите услови на своето постоење.“ (МЕД, том 19, стр. 163-64)

Централизација

Економскиот развој на нашето општество сè повеќе тежнее да се концентрира, да се поопштествува производството во огромни претпријатија со кои повеќе не може да управуваат поединечни капиталисти. Сето дрдорење за „севидечкото око на газдата“ и чудата коишто тоа ги прави се претвара во чиста глупост штом некое претпријатие достигне одредена големина. Замислете го „севидечкото око на газдата“ на лондонските и северозападните железници! Но, она што газдата не може да го прави, го можат наемните слуги на компанијата, и тоа го прават успешно.

"The Labour Standard", No. 14, August 6, 1881.

Цензура

„Вие не барајте дека розата треба да мириса како темјанушка, но најбогато, духот би смеел да постои само на еден начин? Секоја капка роса во која сјае сонцето болскоти во неисцрпливата игра на боите, но духовното сонце, доколку многу индивидуи, на чии предмети тоа исто така се крши, смее да произведе само една, само официјалната боја! Суштинската боја на духот е ведрината, светлината, а вие правите сенка за единствената појава што му одговара; само црно облечен треба тој да оди, а сепак меѓу цвеќињата не постои црн цвет. Суштината на духот секогаш е само вистината, а што правите вие со неговата суштина? Невиност. Само авантурата е ненаметлива, вели Гете, и вие сакате духот да го направите таква авантура?“

(K. Marx, Bemerkungen über die neueste preussische Zensurinstruktion, Berlin, 1958, Werke, св. 1, стр. 6)

Христијанство

Социјалните принципи на христијанството го одобруваат античкото ропство, го глорифицираат средновековното кметство и тие знаат, кога е потребно да го бранат тоа, иако со нажалено лице, и денешното угнетување на работничката класа. Социјалните принципи на христијанството го прогласуваат како нужно постоење на класите - експлоататорски класи и класи на експлоатисани и тие само изразуваат побожна желба првата класа да биде милостлива спрема другата. Социјалните принципи на христијанството ја пренесуваат на ново наградата ветена од конзисториските праведници, за сите беди, гнасотии што се прават овде на земјата, и со тоа тие го оправдуваат и понатамошното постоење на таа беда на земјата. Социјалните принципи на христијанството ги објаснуваат сите арамилаци што ќе ги направат експлоататорите над експлоатираните, или како праведна казна за прародителските и други гревови или како искушение што Господ во својата мудрост им ги праќа на луѓето што ги откупил. Социјалните принципи на христијанството го глорифицираат кукавичлукот, презирањето на самиот себе, самоунижението, покорноста, понизноста, накусо сите својства на никаквец; но за работничката класа, што не сака со неа да се постапува како со измет на човечкиот род, за нејзе храброста, свеста, чувството на понос и независноста се поважни од секојдневниот леб. Социјалните принципи на христијанството носат печат на сервилност и лицемерство, додека работничката класа е револуционерна.

Хегел

„Големото во Хегеловата Феноменологија и во нејзиниот конечен резултат – дијалектиката на негативитетот како принцип, кој поттикнува и произведува – е значи тоа што Хегел самораѓањето на човекот го сфаќа како процес, опредметувањето како распредметување, како понадворување и како укинување на тоа понадворување; значи, што ја сфаќа суштината на трудот, а предметниот човек, вистински човек, бидејќи е реален, го сфаќа како резултат на својот сопствен труд. Привремено да го антиципираме уште само следново: Хегел стои на гледиштето на модерната национална економија. Тој го сфаќа трудот како суштина, како суштина на човекот кој се потврдува; тој ја гледа само позитивната страна на трудот, а не неговата негативна страна. Трудот е настанувањето на човекот за себеси внатре во понадворувањето или понадворен човек. Трудот што го познава и признава Хегел, апстрактно е духовен.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 320)

„Прво најјасно се изразува во Феноменологијата како родно место на Хегеловата филозофија. Ако тој на пример, го сфатил богатството, државната моќ итн. како на човековото суштество отуѓени суштества, тогаш тоа се случува само во нивната мисловна форма... Тие се мисловни суштества – заради тоа само отуѓување на чистото, т.е. апстрактното филозофско мислење. Затоа целокупното движење завршува со апсолутно знаење. Од што се отуѓени тие предмети и кому му се спротивставуваат со присвојувањето на стварноста, токму тоа е апстрактното мислење. Филозофот се зема себеси – значи пак апстрактна форма на отуѓување на човекот – како мерка на отуѓен свет. Целокупната историја на понадворувањето и целокупното враќање на понадворувањето заради тоа не е ништо друго туку историја на произведување на апстрактното, т.е. на апсолутното мислење, на логичкото спекулативно мислење. Отуѓувањето, кое заради тоа е вистински интерес на тоа понадворување и укинување на тоа понадворување е спротивност меѓу по себе и за себе, меѓу свеста и самосвеста, меѓу објектот и субјектот, то ест спротивност на апстрактното мислење и сетилната вистина или на вистинската сетилност внатре во самата мисла. Сите останати спротивности и движења на тие спротивности се само привид, обвивка, егзотична форма на тие единствени интересни спротивности, кои ја сочинуваат смислата на другите профани спротивности.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 318)

„Борбата меѓу Штраус и Бауер околу супстанцијата и самосвеста е борба внатре во Хегеловите спекулации. Кај Хегел постојат три елементи, спинозистичката супстанција, Фихтеовата самосвест, Хегеловото нужно-противречно единство на обете, апсолутниот дух. Првиот елемент е метафизички травестирана природа во одвоеноста од човекот, вториот е метафизички травестираниот дух во одвоеноста од природата, третиот е метафизички травестираното единство на обата, вистинскиот човек и вистинскиот човечки род.

Штраус консеквентно го продолжувал Хегел од спинозистичко гледиште, Бауер Хегел од Фихтеовото гледиште внатре во теолошкото подрачје. Обајцата го критикувале Хегел, доколку кај него секој од овие два елемента бил од другиот расипан, додека тие секој од обата довеле до нивно еднострано, значи консеквентно изведување. Oбајцата според тоа во својата критика одат понатаму од Хегел, но обајцата остануваат исто така внатре во неговата спекулација и секој ја репрезентира само едната страна на неговиот систем.“

(F. Engels – K. Marx, Die Heilige Familie, стр. 147)

„Напишав еден дијалог од околу 24 страници: „Kleanthes или за изворот и нужниот развој на филозофијата. Уметноста и науката, кои сосема се одделиле, овде донекаде се споени, и како енергичен скитник се впуштив во самото дело, филозофско-дијалектички развој на божественоста, онака како тој се манифестира како поим по себе, како религија, како природа, како историја. Мојата последна реченица беше почеток на Хегеловиот систем, и тој труд, за кој донекаде се запознав со природната наука, со Шелинг и со историјата, а кој ми предизвика бескрајна главоболка и така е конфузно пишуван (додека тој всушност требало да биде нова логика) што сега самиот пак одвај можам во него да се соживеам, тоа е моето најдраго дете, негувано на месечината, ме носи како лажна сирена кон непријателот в раце.“

(Марксово писмо до татко му од 10 ноември 1837 год., МЕД, том 1, стр. 14)

„Според Хегел главно е што предметот на свеста не е ништо друго туку самосвест, или што предметот е само опредметената самосвест, самосвеста како предмет.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 267)

„Според Хегел предметноста не е само опредметување на самосвеста туку и нејзино отуѓување.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

„Според Хегел свеста тоа отуѓување и предметност токму така и го укина и го поврати во себе, значи постои кај себе во своето друго битие како такво. Тоа е движење на свеста и затоа е тоа тоталитет на нејзините моменти. Таа исто така мора да се однесува кон предметот според тоталитетот на своите определби и да го сфати според секоја од нив. Овој тоталитет на нејзините определби го прави по себе духовно битие, а за свеста тоа станува навистина помош за сфаќање на секој поединечно од нив како сопственост или со помош на горе назначеното духовно однесување спрема нив.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

Филозофија

„Кога имаме филозофи, кои мислат, и работни луѓе, кои се борат за нас, - каква земска сила ќе биде во состојба да го спречи нашето напредување?“ 

(МЕД, том 5, стр. 194)

„Деклинацијата на атомот со права линија не е, имено, некоја посебна определба, која случајно се јавува во Епикуровата физика. Напротив, законот што го изразува таа ја проткајува целата Епикурова филозофија, вистина на тој начин, како што се разбира само по себеси, што определеноста на неговата појава е зависна од сферата во која тој се применува.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 23)

„И навистина, непосредно постоечката поединечност е остварена во согласност со својот поим дури тогаш ако се однесува спрема нешто друго, друго што е таа самата, макар тоа другото да ѝ се спротивставува во форма на непосредна егзистенција. Така човекот дури тогаш престанува да биде природен производ кога она другото, спрема што тој се однесува, не е некоја различна егзистенција, туку и само поединечен човек иако уште не дух. А за да стане човекот како човек свој единствен вистински објект, тоа мора претходно во себеси да го скрши своето релативно постоење, моќта на копнежот и голата природа. Одбивањето е првата форма на самосвеста; заради што тоа одговара на самосвеста која себеси се појмува како она што е непосредно-постоечко, апстрактно-поединечно.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 25)

„Психолошки закон е теорискиот дух кој во себеси се ослободил да се претвора во практична енергија, истапувајќи како волја од Аментовото царство на сенките, и да се врти против стварноста на светот која постои без него. На тој начин што филозофијата како волја се врти против појавниот свет, системот се деградира до апстрактен тоталитет, то ест тој станал една страна на светот, на која ѝ се спротивставува некоја друга страна. Неговиот однос спрема светот е однос на рефлексијата. Воодушевен од нагонот да се оствари, тој стапува во судир со сите оние што се разликуваат од него. Внатрешната самодоволност и заокруженост се растроени. Она што било внатрешна светлина тоа станува пламен кој пламти и кој се врти кон надворешноста. Оттука произлегува консеквенцијата дека проникнувањето на светот со филозофијата е во ист момент и проникнување на филозофијата со световноста, дека остварувањето на филозофијата во исто време е и нејзина загуба, дека тоа вон неа против што таа се бори е нејзин внатрешен недостаток, дека во текот на борбата таа токму сама паѓа во слабости што ги спречува при својата спротивност, и дека таа тие слабости ги укинува дури на оној начин што паѓа во нив. Она што ѝ се спротивставува и против што таа се бори, секогаш е идентично со неа, само со обратни фактори.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 67-68)

„Со Фоербаховите афоризми не се согласувам само дотолку што тој укажува премногу на природата а премалку на политиката. А тоа е единствениот сојуз, со кој сегашната филозофија може да стане вистина. Но, отприлика ќе се случи како во 16-ти век, кога на ентузијастите на природата им одговарал друг ред поинаков на ентузијасти на државата.“

(K. Marx, Писмо до А. Руге од 13 март 1843 год., Odabrana pisma, стр. 54.)

„Ние, германските социјалисти, се гордееме со тоа што водиме потекло не само од Сен Симон, Фурие и Овен, туку и од Кант, Фихте и Хегел.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Избрани дела во два тома, том 2, Култура, 1950, стр. 88)

„Состојбата на Германија кон крајот на минатиот век се огледува совршено во Кантовата „Критика на практичниот ум“. Додека француската буржоазија се издигна до власта со колосална револуција, којашто во историјата е позната, и додека го освојуваше европскиот континент, додека политички веќе еманципираната англиска буржоазија ја револуционизира индустријата и ја потчинуваше Индија и сиот останат трговски свет, немоќните германски пургери стигнаа само до „добрата волја“. Кант се задоволуваше веќе и со самата „добра волја“, дури и кога таа останува без какви и да е резултати, и го поставуваше остварувањето на оваа добра волја, на ускладеноста меѓу неа и потребата и стремежот на индивидуата, на другиот свет. Оваа Кантова добра волја совршено им одговараше на немоќта, придушеноста и бедата на германскиот пургер, чии ситничарски интереси никогаш не беа способни да се развијат во општи национални интереси на една класа, и кои затоа беа експлоатирани од буржуите на сите други нации.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)

„Карактеристичната форма, која, врз вистинските класни интереси заснованиот француски либерализам, ја зеде на себе во Германија, ја наоѓаме пак кај Кант. Германските пургери и тој, којшто беше нивни гласоносец украсител, не забележува дека овие теоретски мисли на буржујот ги имаа во својата основа материјалните интереси и волјата којашто беше условена и одредена од материјалните односи на производство; затоа го одделуваше тој овој теоретски израз од интересите што тој ги изразува, ја претвораше материјално мотивираната определена волја на француските буржуи во чиста самоопределена „слободна волја“, волја самата по себе и за себе, човечка волја, и така ја пресвртуваше во чисто идеолошко појмовни одредби и морални постулати.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)


Урбанизам

 Појавата на градовите во неминовна врска со распаѓањето на родовското уредување и неговата трансформација во класно општество 

„Не се топорат без причина заканувачките ѕидини околу новите утврдени градови: во нивните окопи зјае гробот на гентилното уредување, а нивните кули веќе стрчат во цивилизацијата.“

(Engels, Porijeklo porodice, privatnog vlasništva i države, Zagreb, 1945, str. 150) 

„Историјата на класичната антика е историја на градовите, но таква историја на градовите што се засновува врз сопственоста на земјата и на земјоделството.“

(Маркс, Пролетерска револуција, број 3/1939, на руски) 

Во феудализмот селото политички владее над градот,

а градот економски го искористува селото 

„Ако во Средниот век селото политички го експлоатира градот секаде каде што феудализмот не е скршен со исклучителен развој на градовите, како во Италија, градот секаде и без исклучоци економски го експлоатира селото со своите монополски цени, со даночниот систем, со својот еснафски поредок и со непосредните трговски манипулации и лихварството.“

(Маркс, Капитал, том трети, стр. 852)

Употребна вредност

 „И во производството во коешто нема никакви разменски вредности, значи ни капитал, производот на трудот може да постане средство и предмет на новиот труд. На пример, во земјоделието кое произведува само употребни вредности.“ (МЕД, том 19, стр. 172)

Труд

 Одвоеност на трудот од условите за труд

„Во процесот на производството е укината одвоеноста на трудот од неговите предметни моменти на постоење – орудијата и материјалот. На таа одвоеност се темели постоењето на капиталот и на наемниот труд. Укинувањето на таа одвоеност а кое во процесот на производството навистина се случува – бидејќи инаку воопшто не би можело да се работи – капиталот не го плаќа... Минатиот труд – додека егзистира капиталот – има вечна егзистенција како вредност, сосема независна од неговото материјално постоење...“ 

(МЕД, том 19, стр. 223)

„Употребните предмети стануваат стока воопшто само затоа што се производи на приватни трудови кои се вршат независно еден од друг. Комплексот на тие приватни трудови го сочинува целокупниот општествен труд. Бидејќи производителите стапуваат во општествен допир дури со разменувањето на производите на својот труд, тогаш и специфичните белези на нивните приватни трудови се пројавуваат само во рамките на таа размена. Или, приватните трудови истапуваат како зглобови на вкупниот општествен труд дури со помош на односите во кои размената ги доведува производите на трудот, а преку овие и производителите. Затоа со ова општествените односи на нивните приватни трудови се прикажуваат како она што се, т.е. не како непосредни општествени односи на самите лица во нивните трудови туку, напротив, како вистински односи меѓу лицата, а општествени односи меѓу предметите.“ 

(Карл Маркс, Капитал, том 1, стр. 37-38, Белград, 1947)

„Прво, трудот за работникот е надворешен труд т.е. тој не ‘и припаѓа на неговата суштина, дека тој затоа во трудот не се потврдува туку се негира, дека не се чувствува среќен туку несреќен, дека не ја развива слободната, физичка и духовна енергија, туку ја малтретира својата природа и го упропастува својот дух. Затоа работникот се чувствува добро дури надвор од работата, а на работа се чувствува лошо. Дома си е кога не работи, а кога работи не е дома. Затоа неговиот труд не е доброволен туку присилен труд. Затоа тој труд не е задоволување на една потреба, туку само средство за задоволување на потребите надвор од него. Неговата туѓост, исто така се покажува во тоа што работата се избегнува како чума, штом не постои физичка или друга (економска, биолошка) принуда. Надворешниот труд, трудот во кој човекот се отуѓува, е труд на саможртвување, малтретирање. Најпосле, надворешноста на трудот за работникот се појавува во тоа што тој не е негов сопствен труд, туку труд на некој друг, дека тој не му припаѓа, дека тој во трудот не си припаѓа на самиот себе туку на некој друг. Како што во религијата самодејноста на човечката фантазија, на човечкиот мозок и човечкото срце дејствува независно од свесниот индивидуум т.е. дејствува на него како туѓа, божествена и ѓаволска, така дејноста на работникот не е негова самодејност. Таа му припаѓа на друг, таа е загуба за него самиот. Затоа се доаѓа до резултатот дека човекот (работникот) се чувствува самодеен само во своите животински функции – јадењето, пиењето и раѓањето, најмногу уште во станот, накитот итн., а во своите човечки функции се чувствува само како животно.“ 

(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 200-201, Загреб, 1953)

„Отуѓениот труд го свртува односот така што човекот, токму затоа што е свесно суштество, ја прави својата животна дејност, своето суштество, само средство за својата егзистенција.“ 

(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 202-203, Загреб, 1953)

Стоки

 „Стоките пуштени во циркулација ја постигнуваат својата цел. Секоја од нив во рацете на својот нов сопственик престанува да биде стока; секоја постанува објект на потребите и како таква според својата природа се троши.“ (МЕД, том 20, стр. 284)

„Она што во циркулацијата се разгледува само како негова форма настанува, нестанува, бидува произведено – тоа се самите пари, и ништо повеќе. Стоките се разменуваат во циркулацијата, но тие не се создаваат во неа. Циркулацијата не создава разменски вредности како и нивната големина.“ (МЕД, том 20, стр. 285)

„Било каков да е начинот на производството врз чија основа се произведени производите кои во промет влегуваат како стоки – било врз основа на првобитна заедница или робовско производство, или ситноселанско и ситнобуржоаско, или капиталистичко – тоа во ништо не го менува нивниот карактер како стоки, а како стоки тие мора да поминат низ процесот на размена и да ги променат облиците коишто го следат него.“ (МЕД, том 23, стр. 272; том 31, стр. 234-35)[1]


[1] Цитираното не го знаел Киро Глигоров во 1983 година па ширум цела СФРЈ дробеше бесмислици дека „социјалистичкото стоковно производство“ се разликува од капиталистичкото од што се гледаше дека не го прочитал Марксовиот Капитал или не го разбрал ако го читал. А беше „најголемиот Титов економист“ (така го оценуваа луѓето во тоа време) и како што тој вели подоцна за себе „Титов човек од реформи“ бидејќи тој беше креатор на сите реформи коишто имаа за цел да го спасат социјализмот, колку бил успешен се гледа од денешната состојба на работничката класа. Врз основа на овој Марксов цитат и логичарите и математичарите во квазисоцијализмот се покажале како нелогичари и страшливци. Знаеле да заклучат дека ако А = В а В = С дека и А = С. А не знаеле да заклучат дека стоката произведена во општество кое се декларира како социјалистичко е еднаква на стоката произведена во капиталистичко општество и соодветно на тоа да заклучат дека капитализмот и социјализмот се идентични што не е можно ако средствата за производство се општествена сопственост.

Семејство

 Жената и децата

„Жената и децата се робови на мажот во семејството.“ (МЕД, том 6, стр. 31)

Комунистичкото домаќинство значи владеење на жената во куќата. ~ Ф. Енгелс

Народите во кои жените мораат да работат многу повеќе отколку што ние замислуваме дека им доликува, имаат за жените често далеку повеќе вистинско почитување отколку нашите Европјани. Дамата на цивилизацијата, опкружена од лажно почитување и отстранета од секоја вистинска работа, има бескрајно пониска општествена положба отколку жената на варварството {добата на матријархатот или синдијазмичкиот брак – Заб. на Мара}, која тешко работи, но која кај својот народ важи за вистинска дама (lady, frowa, Frau = господарка) и која била таква по својот карактер. ~ Ф. Енгелс

Укинувањето на матријархатот било светско-историски пораз на женскиот пол. Мажот ја приграбил крмата и во домот жената била лишена од своето достоинство, подјармена, претворена во робинка на неговите похоти и просто орудие за раѓање деца. Оваа понижена положба на жените, која посебно отворено се покажува меѓу Грците од јуначката доба и уште повеќе од класичната доба, постепено е разубавувана и лицемерно прикривана, а на места покажувана во благ облик, но никако не е отстранета. ~ Ф. Енгелс

Зборот familia првобитно не значи идеал на денешните филистри, кој се состои од сентименталност и домашни расправии; таа кај Римјаните од почеток дури и не се однесува на брачен пар и неговите деца, туку единствено на робовите. Famulus значи домашен роб, а familia е збир робови, кои припаѓаат на еден човек. Уште во добата на Гај Јулиј Цезар familia, id est patrimonium (т.е. наследство) оставано е со тестамент. Изразот го пронашле Римјаните како би обележале еден нов општествен организам, чија глава ги држела под римска татковска власт жената и децата и одреден број робови, со право над животот и смртта на сите нив. Маркс додава: „Современото семејство содржи во себе не само ропство (servitus), туку и кметство, бидејќи од почеток тоа се однесува на службата во земјоделието. Тоа ја содржи во себе во минијатура сета онаа спротивност која подоцна потполно ќе се развие во општество и неговата држава.“ ~ Ф. Енгелс

За да би се осигурила верноста на жените, значи и татковството над децата, жената безусловно е предадена на власта на мажот: ако ја убие, тој го врши само своето право. ~ Ф. Енгелс

„Со префрлување на средствата за производство во заедничка сопственост, семејството престанува да биде економска единица на општеството. Одржувањето на домот се претвора во општествена индустрија. Негата и образованието на децата станува јавна работа…“

(Фридрих Енгелс, Потекло на семејството, приватна сопственост и држава, 1884)

„Од ова веќе можеме да видиме дека еманципирањето на жената и нејзиното изедначување со мажот е и останува невозможно сè додека жената е исклучена од општествено производствниот труд и ограничена на приватна домашна работа. Еманципацијата на жената ќе биде можна само кога жената може да учествува во производството од големи, општествени размери, а домашната работа не бара ништо друго освен незначителна количина од нејзиното време. И дури сега тоа стана возможно преку модерната крупна индустрија, што не дозволува само вработување на женска работна сила во широк размер туку позитивно го бара тоа, додека, исто така, има тенденција да се стави крај на приватната домашна работа, менувајќи ја сè повеќе и повеќе во јавна индустрија.“

(Фридрих Енгелс, Потекло на семејството, приватна сопственост и држава, 1884)

„Современото семејство во себе содржи не само ропство (сервитус), туку и кметство, бидејќи тоа уште од почетокот е поврзано со земјоделски услуги. Во минијатура ги содржи сите контрадикции што подоцна се прошируваат низ целото општество и неговата држава.“

(Енгелс, Ф. (1884) Потекло на семејството, приватната сопственост и државата)

„Бидејќи одредени функции во семејството, како што се дадилки и доилки, не можат во целост да бидат потиснати, мајките конфискувани од капиталот, мораат да најдат некаква замена. Домашните работи, како што се шиењето и крпење, мора да се заменат со набавка на конфекциски артикли. Оттука, намалената потрошувачка на труд во куќата е придружена со зголемена потрошувачка на пари. Трошоците за издржување на семејството се зголемуваат и го балансираат поголемиот приход. Покрај ова, економичноста и проценката во потрошувачката и подготовката на средствата за живот стануваат невозможни.“

(Карл Маркс, забелешка 39. Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“. Капиталот, том 1., 1867)

Религија

 Комунизмот различен од атеизмот

Целото револуционерно движење нужно ја наоѓа и својата емпириска и својата теоретска основа во движењето на приватната сопственост - поточно, во тоа на економијата. Оваа материјална, веднаш воочлива приватна сопственост е материјално воочливиот израз на отуѓен човечки живот. Неговото движење - производството и потрошувачката - е воочливото откровение на движењето на целото производство до сега, т.е., реализацијата или реалноста на човекот. Религијата, семејството, државата, законот, моралот, науката, уметноста итн., се само посебни начини на производство и спаѓаат под неговиот општ закон. Позитивната трансценденција на приватната сопственост како присвојување на човечкиот живот, значи, е позитивната трансценденција на сето отуѓување - односно враќање на човекот од религијата, семејството, државата итн., кај неговото човечко, односно, општествено, постоење. Религиозното отуѓување како такво се случува само во рамките на свеста, на внатрешниот живот на човекот, но економското отуѓување е она на реалниот живот; затоа нејзината трансценденција ги опфаќа двата аспекти. Очигледно е дека почетната фаза на движење меѓу различните народи зависи од тоа дали вистинскиот признат живот на луѓето се манифестира повеќе во свеста или во надворешниот свет - е поидеален или реален. Комунизмот започнува од каде започнува атеизмот (Роберт Овен), но атеизмот е на почетокот сè уште далеку од тоа да биде комунизам; навистина, сè уште е во најголем дел апстракција. Затоа, филантропијата на атеизмот е само филозофска, апстрактна филантропија, а таа на комунизмот е одеднаш реална и директно наклонета кон дејствување. (Paris Manuscripts, 1844, Private Property and Communism)

Идентичноста на филозофијата и религијата

„Големиот успех на Фојербах е: (1) Доказот дека филозофијата е ништо друго освен религија претставена во мислата и објаснета од мислата, односно, друга форма и начин на постоење на отуѓувањето на суштината на човекот; оттука подеднакво да се осуди; (2) Воспоставување на вистински материјализам и реална наука, со тоа што општествениот однос на „човек до човек“ го постави како основен принцип на теоријата; (3) Неговото спротивставување на негацијата на негацијата, којашто тврди дека е апсолутна позитивност, самоодржлива позитивност, позитивно заснована врз себе.“ (Critique of the Hegelian Dialectic and Philosophy as a Whole, p. 64)

„Сè додека и последната капка крв ќе тече низ апсолутно слободното срце што го покорува светот, филозофијата, заедно со Епикур, постојано ќе им извикува на своите противници: Безбожен не е оној кој ги презира боговските маси, туку кој клони кон мислењата на масите за боговите. Филозофијата тоа не го крие. Она што го исповедал Прометеј: со припрости зборови, спрема сите богови одгледувам омраза – тоа го исповедува и таа самата, тоа е нејзината сопствена девиза против сите небесни и земски богови, кои човечката самосвест не ја признаваат како врховно божество. Покрај самосвеста не е потребен ниеден бог.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode, Beograd, 1963, стр. 5)

„Така целта на дејствувањето е апстрахирање, избегнување на болката и збунетост, атараксија. Така она што е добро претставува бегање од лошото, така уживањето е избегнување на страдањето. Најпосле, каде апстрактната поединечност се јавува при врвот на својата слобода и самостојност, во својот тоталитет, таму постоењето што се избегнува, е сосема доследно, секое постоење: и заради тоа боговите го избегнуваат светот, и не се грижат за него, и живеат вон него.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode, Beograd, 1963, стр. 24)

„Во религијата воопшто производите на човечките размислувања изгледаат како да се самостојни обличија, обдарени со сопствен живот, и кои се наоѓаат во однос спрема себе како и со луѓето.“ 

(К. Маркс, Капитал, том 1, стр. 37, издание кирилица, Белград, 1947)

„Човекот кој во фантастичната стварност на небото, каде што бараше натчовек, најде само одраз на самиот себе, нема да биде наклонет да наоѓа само привидност на самиот себе, само нечовек таму каде што ја бара и мора да ја бара својата вистинска стварност.“ 

(Маркс-Енгелс, Дела, том 3, стр. 150)

„Само човекот може да биде таа туѓа сила над човекот, а не боговите, не природата.“ 

(Маркс-Енгелс, Рани радови, стр. 205)

„Неопходно е да се помине низ овој противречен облик, исто како што човек во своето првобитно религиозно сознание мора да си ги претстави духовните сили како независни сили. Тоа е процес на отуѓување на неговиот сопствен труд.“ 

(K. Marx, “Grundrisse”, S. 395)

„Учењето кое проповеда блаженство во клањањето и презирањето на самиот себе наполно одговара на храбрите калуѓери, но никогаш нема да им одговара на решителните луѓе, особено за време на борбата.“

(Маркс-Енгелс, „Циркулар против Крига“, Дела, том 4, на руски, стр. 14)

„Изгледа дека е тоа природен закон што сиромасите во извесен степен се лекомислени, така што секогаш ги има за вршење на најниските, најизвалканите и најпростите функции во заедницата. Количината на човечката среќа со тоа многу се зголемува, поделикатните луѓе се ослободени од ринтањето, па непречено можат да се посветат на повисоки позиви... Законот за сиромашните има за тенденција да ја разурне убавината и хармонијата, симетричноста и редот на овој систем, кој на овој свет е дело на бога и природата.“ 

(Еден протестантски теолог, кого Маркс го цитира во I том на „Капиталот“, стр. 542, Белград, 1947, кирилично издание)

„И воопшто религиозниот одраз на стварниот свет може да се изгуби дури тогаш кога односите на практичниот, секојдневен живот од ден на ден на луѓето видливо ќе им ги покажуваат разумните односи меѓу нив и спрема природата. Обликот на процесот на општествениот живот, т.е. процесот на материјалното производство, ќе го симне од себе мистичниот маглив превез само кога како производ на слободно здружени луѓе ќе стои под нивна свесна контрола. А ова бара таква материјална основа на општеството или таква низа материјални услови на егзистенција, кои и самите пак се самоникнат производ на долгата и тешка историја на развојот.“ 

(К. Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 43, Белград, 1947)

„Со поопштествувањето на средствата за производство и ставањето на производството под свесна планска општествена контрола, исчезнува и последната надворешна сила која сега уште се одразува во религијата, а со неа исчезнува и самото религиозно одразување, од простата причина што тогаш нема веќе што (?!) да се одржува.“ 

(Ф. Енгелс, „Анти-Диринг“, Дела Маркса и Енгелса, том 31, стр. 241 до 242, Београд, 1974)

„Спрема бога никој полошо не се однесува од природниците кои во него веруваат. Материјалистите просто ја објаснуваат состојбата на работите, не впуштајќи се во фразеологија од сличен вид; последново го прават само тогаш кога натрапничавите верници сакаат да им го натурат бога, и во тој случај тие одговараат накусо: „Величество, јас немав потреба од таква хипотеза.“ (Така, имено, му одговори Лаплас на Наполеон на прашањето зошто во својот „Трактат за небеската механика“ дури и не го споменува творецот на светот.) 

(Маркс-Енгелс, „Дела“, том 31, стр. 386-387, Белград, 1944)

„Секој мора да има можност да ја исполнува својата верска како и својата телесна потреба, а полицијата во тоа да не го пика носот. Но работничката партија морала при оваа згода сепак да ја изрази својата свест за тоа дека буржоаската „слобода на совеста“ не е ништо друго освен поднесување на сите можни видови верска слобода на совеста, а дека таа, поскоро, се стреми да ја ослободи совеста од верските сеништа. Меѓутоа, не се сака да се пречекори „буржоаското“ ниво.“ 

(Маркс, Критика на Готската програма)

Револуција

 „Востанието би било лудило каде што мирно агитирање побргу и посигурно би ја завршило работата. Во Франција, сто закони за репресија и смртоносен антагонизам меѓу класите се чини дека го наметнуваат насилното решение на социјалната војна. Изборите на тоа решение е работа на работничката класа во таа земја.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale, By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Работничката класа останува сиромашната среде зголеменото богатство, бедна среде зголемениот раскош. Нејзината материјална лишеност го намалува нејзиниот морал како и нејзиниот физички статус. Таа не може да се потпира на други за решение. Поради тоа, за неа стана императивна нужност да ги земе работите во свои раце. Таа мора да ги разбуди односите меѓу неа и капиталистите и земјопоседниците, а тоа значи дека таа мора да го преобрази општеството.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale, By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Ние не сакаме учество на средната класа.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Јас бев изненаден кога го видов денес во Vorwärts извадок од мојот ’Вовед’ што беше испечатен без мое знаење и шверцуван на таков начин што ќе ме претстави како мирољубив поборник за легалност по секоја цена. Што е уште една причина зошто би сакал тој да се појави во целост во Neue Zeit за да се избрише овој срамен впечаток. Нема да го оставам Либкнехт во сомневање за тоа што мислам за ова и истото важи и за оние кои, без оглед на тоа кои би можеле да бидат, му ја дадоа оваа можност да ги первертира моите ставови и, одозгора, без ниту збор да ми каже за тоа.“ (Engels, Friedrich (2004). Collected Works, Volume 50. New York: International Publishers. p. 86)

„Сите други големи и мали племиња и народи имаат засега мисија во светската револуционерна бура да пропаднат. Затоа сега се контрареволуционерни.“ (Ф.Енгелс, „Унгарската борба“, 13 јануари 1849)

Пролетери и држава

„Пролетерите да би биле признаени како личности, мораат да го укинат својот сопствен дотогашен услов за егзистенција, кој истовремено е и услов за егзистенција на целото дотогашно општество – трудот. Тие се, заради тоа, и во директна спротивност со формата во која досега индивидуите на општеството го наоѓале својот полн израз – со државата, и мораат да ја срушат таа држава да би биле признати како личности...“ (МЕД, том 6, стр. 60)

„Крахот на државната машина не ја изложува централизацијата на никаква опасност. Бирократијата е само најниска и груба форма на централизацијата, која уште е оптоварена со својата спротивност, со феудализмот. Бидејќи се разочара во Наполеоновата реставрација, францускиот селанец ќе престане да верува и во својата парцела; ќе се урне целата државна зграда изградена врз таа парцела, и пролетерската револуција ќе стекне хор, без кој нејзиното соло пеење во сите селански земји би се претворило во лебедова песна.“

(K. Marx, Osamnaesti brumaire Louisa Bonaparta, Izabrana djela, tom I, str. 296.)

„Наполеон им направи на германските буржуи голема услуга со своето чистење на германските Аугиеви штали и воспоставување на цивилизирани начини на општење.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Немачка идеологија“, книга I, Култура, Београд, 1964, стр. 214)

Разменска вредност

 Историски карактер на размената

„Размената која првобитно се случувала во производството (размена која не би била размена на разменски вредности туку размена на дејности кои би биле одредени од заедничките потреби, заедничките цели) би вклучувала во самиот почеток учество на поединецот во заедничкиот свет на производи. Врз основа на разменската вредност трудот дури сега со размената се поставува како општ...“ (МЕД, том 19, стр. 73)

Антагонистички карактер на разменската вредност

„Во целина на сегашното граѓанско општество се јавува тоа сведување на цена и нивниот промет итн. како површински процес под кој, меѓутоа, во длабочината се случуваат сосема други процеси во коишто се губи таа привидна еднаквост и слобода за индивидуите“ (МЕД, том 19, стр. 133)

„Од самиот почеток претпоставувањето на разменската вредност како објективна основа на целиот систем на производство во себе веќе вклучува присила за индивидуата, неговиот непосреден производ не е производ за него, туку тоа постанува таков во општествениот процес... Индивидуата има егзистенција ... само како производител на разменска вредност, значи, веќе е вклучена целата негација на неговата природна егзистенција...

„Во едноставното одредување на разменската вредност и парите латентно (е) содржана спротивноста меѓу наемнината и капиталот...

„Разменската вредност е... систем на еднаквост и слобода и пречките кои ... стојат во поблиското излагање на системот... се на него својствени пречки, поточно, остварувањето на еднаквоста и слободата, кои се покажуваат како нееднаквост и неслобода. Исто така е побожна како и глупа желбата да разменската вредност не се развие во капитал или да трудот кој произведува разменски вредности не се развие во наемен труд...“ (МЕД, том 19, стр. 134)

Укинување на разменската вредност

„Исто така не е можно да се укинат парите додека разменската вредност останува општествен облик на производство...“ (МЕД, том 19, стр. 53 и стр. 128)

„Поврзаност“ со општеството

„Својата општествена моќ, како и својата поврзаност со општеството, тој ја носи со себе во џебот...

„Секоја индивидуа поседува општествена моќ во облик на некој предмет. Одземете ја на предметот таа општествена моќ, па ќе морате да ја дадете на личност над личностите...“ (МЕД, том 19, стр. 62)

Предмет на размена

„Да би нешто било предмет на размена, мора да има разменска вредност, не смее да може секој да го добива без посредување во размената, не смее да се појавува во таков елементарен облик како што се општите добра.“ (МЕД, том 19, стр. 75)

„Видната глупост која сите разновидни заемни односи на луѓето ги сведува на еден однос на употребливост, оваа очигледно метафизичка апстракција произлегува од фактот што во модерното граѓанско општество сите односи практично се подведуваат под еден апстрактен паричен и трговски однос.“ 

(„Немачка идеологија“, II, стр. 133, Белград, 1964)

Промет

„Вистински промет на стоките по место и време не се остварува со пари... тоа што парите ставаат во промет не се стоките туку основата на сопственост над стоките, а она што за него во тој промет се остварува, било со купување или продавање, пак не се стоките, туку нивните цени...“ (МЕД, том 19, стр. 91) „Да би се ставиле стоките во промет... потребни се транспортни средства а тоа не можат да бидат парите...“ (МЕД, том 19, стр. 90)

Циркулационо средство

„Количината на средствата во циркулацијата зависи од брзината на циркулацијата (големите плаќања не се бројат туку се вагат; со тоа се скратува времето)“ (МЕД, том 19, стр. 91)

Распад на размената на купување и продавање

„Парите го укинуваат самиот акт на размена (трампа) во два взаемно индиферентни акта“ – купување и продажба (МЕД, том 19, стр. 95)

Злато

Auri sacra fames = Проклета глад за злато. (Вергилиј) „Лелекање на Старите Римјани и Грци за парите како извор на сето зло“ (МЕД, том 19, стр. 111)

„Богатство... што не го јадат молци и рѓа...“ (Мат. 6:19) Зборувајќи го тоа, Исус мислел на мудроста и знаењето за „бог“, а Евреите го протолкувале за златото, но дека не биле во право, се гледа од тоа што Исус вели: „И крадачи не можат да го украдат“. Маркс го цитира како што е цитирано горе.

Пари и производство

„Таму каде што парите не произлегуваат од прометот – како во Шпанија – туку се наоѓаат телесно, нацијата осиромашува, додека нациите коишто мора да работат да би го одзеле на Шпанците, ги развиваат своите извори на богатство и навистина се обогатуваат.“ (МЕД, том 19, стр. 113)

Лудост (употребна и разменска вредност)

„Таму каде што тие двете се однесуваат самостојно една спрема друга, позитивно, како во стоката, која постанува предмет на потрошувачката, таа престанува да биде момент на економскиот процес; таму каде што се однесуваат негативно, како во парите, таа постанува лудост, додуша лудост како момент во економијата и одредница на практичниот живот на народот.“ (МЕД, том 19, стр. 150)

„Моќта која секоја индивидуа ја врши над дејноста на другите или над општественото богатство постои во него како сопственик на разменските вредности, на парите, тој ја носи својата општествена моќ, како и својата поврзаност со општеството, со себе во џебот... Во разменската вредност општествениот однос на лицата е претворен во општествен однос на предметите; личната моќ е предметна.“

(K. Marx, Grundrisse der Kritik der politischen Ökonomie, Berlin, 1953, Dietz Verlag, S. 74-75)

Просветителство

„Големите луѓе кои во Франција ги просветувале духовите за претстојната револуција, и самите биле мошне револуционерни. Тие не признавале никаков надворешен авторитет, од каков и да е вид. Религијата, сфаќањето на природата, општеството, државното уредување, сето тоа било подложено на најбеспоштедна критика; сето тоа требало или да го оправда својот опстанок пред судот на разумот, или да се откаже од опстанокот. Мисловниот разум станал единственото мерило што се применувало на сè. Сите досегашни општествени и државни форми, сите од дамнина наследени поими фрлени се како неразумни во старинарница; светот дотогаш се раководел само од предрасудите; сето минато заслужува само сожаление и презир. Дури сега настана светлина, царство на умот; празноверието, неправдата, привилегијата и угнетувањето треба отсега да ги потиснат вечната вистина, вечната правда, природната еднаквост и неотуѓивите човечки права.“

(F. Engels, Die Entwickelung des Sozialismus von der Utopie zur Wissenschaft, Berlin, 1962, Werke, св. 19, стр. 189-190)

„Холбаховата теорија историски е оправдана, филозофската илузија за буржоазијата која токму тогаш во Франција беше во подем и чија желба за експлоатација уште можеше да се протолкува како желба за потполн развој на индивидуата, ослободена од старите феудални стеги.“ 

(Дела, том 6, стр. 336)

„Разумот секогаш егзистирал, само не секогаш во разумен облик... Не се работи за голема мисловна црта меѓу минатото и сегашноста, туку за извршувањето на мислата од минатото. На крајот ќе се покаже дека човештвото не почнува никакво ново дело, туку свесно го доведува до крајот старото дело.“ 

(„Рани радови“, стр. 37, 40)

Производни односи

 Производни односи

„Ако буржоазијата политички, т.е. со својата државна моќ ја одржува >>неправдата во сопственичките односи<<, таа не ја создава. Со модерната поделба на трудот, со модерните форми на размена, конкуренцијата, концентрацијата, итн. условената >>неправда во сопственичките односи<< никако не произлегува од политичкото владеење на буржоаските класи, туку обратно, политичкото владеење на буржоаската класа произлегува од овие модерни производствени односи, коишто граѓанските економисти ги прогласуваат за нужни, вечни закони. Заради тоа пролетаријатот ако и го собори политичкото владеење на буржоазијата, неговата победа ќе биде само минлива, само еден момент во служба на самата граѓанска револуција, како anno 1794, сè додека во понатамошната историја, во нејзиното >>движење<<, не бидат создадени материјани услови кои укинувањето на буржоаскиот начин на производство, па затоа и дефинитивното соборување на политичкото владеење на буржоазијата, го прават неизбежно.“ 

(МЕД, том 7, стр. 275)

„Оттука, факт е дека одредени индивидуи кои се продуктивно активни на одреден начин влегуваат во овие дефинитивни социјални и политички односи. Во секој посебен пример, емпирискaта опсервација мора да се изнесе емпириски, и без никаква мистификација и шпекулации, поврзаноста на социјалната и политичката структура со производството. Општествената структура и државата континуирано се развиваат надвор од животниот процес на одредени лица, но на поединците, не како што тие се појавуваат во нивната или нечија друга имагинација, туку како што се; т.е. бидејќи тие се ефикасни, произведуваат материјално и се активни под дефинитивни материјални граници, претпоставки и услови независни од нивната волја. Производството на идеи, на сфаќања, на свеста, на почетокот е директно испреплетено со материјалната активност и материјалниот однос на луѓето, јазикот на реалниот живот. Сфаќањето, размислувањето, менталниот однос на луѓето, се појавуваат во оваа фаза како директен излив на нивното материјално однесување. Истото важи и за менталното производство, изразено на јазикот на политиката, законите, моралот, религијата, метафизиката на еден народ. Луѓето се производители на нивната концепција, идеи, итн. - вистинските, активни луѓе, бидејќи тие се условени со дефинитивен развој на нивните продуктивни сили и на односот што одговара на овие, сè до нивните најоддалечени форми. Свеста никогаш не може да биде ништо друго освен свесно постоење, а постоењето на луѓето е нивниот вистински животен процес. Ако во целата идеологија луѓето и нивните околности изгледаат наопаку како во камера опскура, овој феномен произлегува исто толку од нивниот историски животен процес, колку што инверзијата на предметите на мрежницата произлегува од нивниот физички животен процес. Онаму каде што завршуваат шпекулациите - во реалниот живот - започнува реална, позитивна наука: застапеност на практичната активност, на практичниот процес на развој на луѓето. Празните разговори за свеста престануваат и треба да се случи вистинско знаење. Кога реалноста е прикажана, филозофијата како независна гранка на активност го губи својот медиум на постоење. Во најдобар случај, нејзиното место може да се зафати само со сумирање на најопштите резултати, апстракции што произлегуваат од набљудувањето на историскиот развој на луѓето. Гледани настрана од реалната историја, овие апстракции немаат никаква вредност. Тие можат да послужат само за да се олесни уредувањето на историскиот материјал, да се укаже на низата од неговите одделни слоеви. Но, тие во никој случај не си дозволуваат рецепт или шема, како што си дозволува филозофијата, за уредно исекување на епохата на историјата. Напротив, нашите тешкотии започнуваат само кога се залагаме за набљудувањето и уредувањето - вистинскиот опис - на нашиот историски материјал, без разлика дали се работи за мината епоха или од сегашноста.“ 

Vol. I, Part 1, [The Materialist Conception of History].

„Всушност не е тоа свеста којашто го доминира животот, туку самиот живот ја доминира свеста.“ 

The German Ideology (1845/46)

„Јазикот стапува во употреба, како свеста, од основната потреба, од најумереното општење со друг човек.“ 
(The German Ideology)

Приватна сопственост

 Приватната сопственост целосно независна од заедницата

„Во граѓанското право, постојните имотни односи се прогласени дека се резултат на општата волја. Самото jus utendi et abutendi (правото да се користи и злоупотребува сопственоста) го потврдува од една страна фактот дека приватната сопственост станала целосно независна од заедницата, а од друга страна, илузијата дека самата приватна сопственост се заснова единствено на приватната волја, самоволното располагање.“ 

The German Ideology (1845/46)

„Приватната сопственост нè направи толку глупави и еднострани што еден предмет е наш само кога го имаме - кога тој постои за нас како капитал, или кога е директно поседуван, изеден, испиен, износен, населен, итн., - накратко, кога тој се користи од нас. Иако самата приватна сопственост повторно ги сфаќа сите овие директни реализации на поседувањето како средство за живот, а животот коишто тие му служат како средство е животот на приватната сопственост - труд и претворањето во капитал.“ 

(Economic and Philosophic Manuscripts of 1844, Private Property and Communism)

Одвоеност на трудот од условите за труд

„Во процесот на производството е укината одвоеноста на трудот од неговите предметни моменти на постоење – орудијата и материјалот. На таа одвоеност се темели постоењето на капиталот и на наемниот труд. Укинувањето на таа одвоеност а кое во процесот на производството навистина се случува – бидејќи инаку воопшто не би можело да се работи – капиталот не го плаќа... Минатиот труд – додека егзистира капиталот – има вечна егзистенција како вредност, сосема независна од неговото материјално постоење...“ 

                                                                                                                            (МЕД, том 19, стр. 223)

 Приватна сопственост и труд

„Во крупната индустрија и конкуренцијата сите услови за егзистенција, сите условености и едностраности кај индивидуите се стопени во две најпрости форми: приватна сопственост и труд. Парите се секој облик на општење и самото општење го прават случајно за индивидуите.“ 

(МЕД, том 6, стр. 65)

Од гледна точка на една повисока општествено-економска формација, приватната сопственост на одделни индивидуи врз земјината топка ќе се чини исто така бесмислена како приватна сопственост на едни луѓе над некои други луѓе. Дури ни едно цело општество, една нација, дури сите општества, едновремено земени заедно, не се сопственици на земјата. Тие се само нејзини поседници, нејзини уживатели и тие имаат неа како boni patres famillias (добар татко на семејството) да ја остават подобрена на следните генерации 

(Marx, Capital, Vol III, p. 776).

„Кражба, како форма на повреда на имот, може само да претпостави имот“ 

(Маркс во одговор на Прудон, 1865)

Хегеловото изложување на приватната сопственост. Види стр. 566-67, фуснота 26, Капиталот, том 3.

„Земјишната сопственост нема никаква врска со вистинскиот процес на производството. Нејзината ролја се ограничува на тоа, еден дел од произведениот вишок на вредност да го пренесе од џебот на капиталистот во својот сопствен.“ 

(Маркс, Капиталот, том трети, Мисла, Скопје, 1976, стр. 745)

„Секое производство е присвојување на природата од страна на единката во рамките на некој одреден општествен облик и со негово посредство.“

(Маркс, Критика на политичката економија. Предговор и увод, изд. Култура, Бгд, 1949, 20)

„Производството на осамениот поединец, надвор од општеството... бесмислица е како и развивањето на јазик без индивидуи кои живеат эаедно и говорат мету себе.“

(Маркс, Критика на политичката економија. Предговор и увод, изд. Култура, Бгд, 1949, 15-16)

„Тавтологија е да се каже дека сопственоста (присвојувањето) е услов за производство ... не може да стане збор ... за некое општество каде не постои некој облик на сопственост... Присвојување кое ништо не присвојува е контрадикционен субјект.“

(Маркс, Критика на политичката економија. Предговор и увод, изд. Култура, Бгд, 1949, 20).

„Не може да стане збор за некакво производство, значи и за некое општество каде не постои некој облик на сопственост.“

(Вовед, Комунистичкиот манифест)

„Приватната сопственост е консеквенца на отуѓениот труд.“ 

(Маркс-Енгелс, Рани радови, стр. 206)

„Со поделбата на трудот се овозможува, па дури и се остварува: духовната и материјалната дејност, уживањето и трудот, производството и потрошувачката да паднат во дел на различни индивидуи.“ 

(Маркс-Енгелс, „Немачка идеологија“, I, стр. 29)

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...