Monday, June 8, 2020

Отуѓување


Отуѓување на трудот

„Неопходно е да се помине низ овој противречен облик, исто како што човек во своето првобитно религиозно сознание мора да си ги претстави духовните сили како независни сили. Тоа е процес на отуѓување на неговиот сопствен труд.“ 
(K. Marx, “Grundrisse”, S. 395)

Човек кој нема слободно време на располагање, чиј цел живот, освен обичните физички прекини за спиење, оброци и слично, е апсорбиран од неговиот труд за капиталистот, е подолу од натоварен добиток. Тој е обична машина за производство на туѓо богатство, скршен во телото и осакатен во умот. Сепак, целата историја на модерната индустрија покажува дека капиталот, ако не го спречиме, невнимателно и безмилосно ќе работи на спуштање на целата работничка класа на ова ниво на екстремна деградација.
(Marx, Salaire, prix et profit, 1865)


„Фактот дека трудот е надворешен за работникот, т.е. не му припаѓа на неговата внатрешна природа; дека во неговата работа затоа тој не се афирмира, туку се негира себеси, не се чувствува задоволен, туку несреќен, не ја развива слободно својата физичка и ментална енергија, туку ги омаловажува своето тело и ум. Затоа работникот се чувствува само надвор од својата работа и во својата работа се чувствува надвор од самиот себе.“ 
(Paris Manuscripts, 1844, Estranged Labour, p. 30)

„Приватната сопственост е консеквенца на отуѓениот труд.“
(Маркс-Енгелс, Рани радови, стр. 206)

„Прво, трудот за работникот е надворешен труд т.е. тој не ‘и припаѓа на неговата суштина, дека тој затоа во трудот не се потврдува туку се негира, дека не се чувствува среќен туку несреќен, дека не ја развива слободната, физичка и духовна енергија, туку ја малтретира својата природа и го упропастува својот дух. Затоа работникот се чувствува добро дури надвор од работата, а на работа се чувствува лошо. Дома си е кога не работи, а кога работи не е дома. Затоа неговиот труд не е доброволен туку присилен труд. Затоа тој труд не е задоволување на една потреба, туку само средство за задоволување на потребите надвор од него. Неговата туѓост, исто така се покажува во тоа што работата се избегнува како чума, штом не постои физичка или друга (економска, биолошка) принуда. Надворешниот труд, трудот во кој човекот се отуѓува, е труд на саможртвување, малтретирање. Најпосле, надворешноста на трудот за работникот се појавува во тоа што тој не е негов сопствен труд, туку труд на некој друг, дека тој не му припаѓа, дека тој во трудот не си припаѓа на самиот себе туку на некој друг. Како што во религијата самодејноста на човечката фантазија, на човечкиот мозок и човечкото срце дејствува независно од свесниот индивидуум т.е. дејствува на него како туѓа, божествена и ѓаволска, така дејноста на работникот не е негова самодејност. Таа му припаѓа на друг, таа е загуба за него самиот. Затоа се доаѓа до резултатот дека човекот (работникот) се чувствува самодеен само во своите животински функции – јадењето, пиењето и раѓањето, најмногу уште во станот, накитот итн., а во своите човечки функции се чувствува само како животно.“
(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 200-201, Загреб, 1953)

„Отуѓениот труд го свртува односот така што човекот, токму затоа што е свесно суштество, ја прави својата животна дејност, своето суштество, само средство за својата егзистенција.“
(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 202-203, Загреб, 1953)

„Да земеме дека ти и јас сме продуцирале како луѓе, секој од нас двајца во својата продукција двојно се потврдуваше самиот себе и другиот.
Јас, прво, во мојата продукција би ја опредметувал мојата индивидуалност, нејзината посебност и затоа и за времето на таа дејност уживав некое индивидуално изразување на животот, а од друга страна во однос на предметот, знаев за индивидуална радост, својата личност би ја почувствувал како предметна, осетливо видлива па затоа како сила на возвишена над сите сомневања.
Второ, во твоето уживање на мојот предмет, твојата употреба на мојот предмет, јас непосредно би уживал во свеста дека јас со својот труд сум задоволил човечка потреба и дека сум опредметил човечко битие и дека затоа за потребата на друго човечко суштество сум го набавил нејзиниот соодветен предмет.
Трето, јас за тебе би бил посредник меѓу тебе и твојот труд, така што ти самиот би знаел за мене како дополна на твоето сопствено битие и како нужен дел од тебе самиот, дека во своето индивидуално манифестирање на животот сум создал непосредно твое манифестирање на животот, значи, во секоја индивидуална дејност би го потврдил и остварил моето вистинско суштество, моето човечко, заедничко суштество.
Нашите производства би биле исто така огледала во кои би се одразувало нашето битие.
Мојот труд би бил слободно пројавување на животот, затоа и уживање на животот. Под претпоставка на приватна сопственост, мојот труд е оспособување за живот, зашто работам за да би живеел, за да би создал средства за живот. Мојот труд не е живот.“
(Маркс-Енгелс, „Дела“, том 3, стр. 290, Белград, 1972)

„Неопходно е да се помине низ овој противречен облик, исто како што човек во своето првобитно религиозно сознание мора да си ги претстави духовните сили како независни сили. Тоа е процес на отуѓување на неговиот сопствен труд.“
(K. Marx, “Grundrisse”, S. 395)

„На отимањето многу брзо му доаѓа крај, па тогаш мора да се почне со производство. Од оваа нужност за производство, која многу брзо се јавува, следува дека формата на заедништво, која ја заземаат настанетите освојувачи мора да соодветствува на степенот на развој на затечените производни сили, или, во колку тоа не е случај од самиот почеток, мора да се менува во согласност со производните сили. Со ова се објаснува и фактот, кој во периодот после селбата на народите, како се тврди, може секаде да се забележи, имено, дека слугата бил господар, и дека освојувачите брзо го примале јазикот, образованието и обичаите од покорените...“
(МЕД, том 6, стр.64. Пошироко за тоа види во том 31, стр. 139 – Анти-Диринг, Теорија на силата, стр. 120-40)

„Работникот постанува во толку посиромашен, колку што повеќе произведува богатство, колку повеќе неговото производство се зголемува на моќ и опсег. Работникот постанува толку поевтина стока, колку повеќе создава стоки. Обезвреднувањето на човечкиот свет е во непосреден сразмер со зголемувањето на вредноста на светот на предметите. Трудот не произведува само стоки; тој се произведува самиот себе и работникот како стока – и тоа во размерот во којшто воопшто произведува стоки.

Овој факт го изразува само ова: дека предметот којшто е произведен со труд, неговиот производ, му се спротивставува како нешто туѓо, како сила независна од производителот. Производот на трудот е труд којшто бил отелотворен во некој предмет, којшто се материјализирал: тоа е опредметување на трудот. Остварувањето на трудот е неговото опредметување како губиток и ропство кон предметите, присвојувањето како отуѓување, како алиенација.

Остварувањето на трудот толку се појавува како губиток на остварување, што работникот губи остварување од изгладнување до смрт. Опредметувањето толку многу се појавува како загуба на предмети, што работникот е лишен од најпотребните предмети, не само предметите за живот, но и предметите за труд. Навистина, самиот труд постанува предмет којшто работникот може да го добие само со најголем напор и со најнерегуларни прекини. Присвојувањето на предметите се појавува до таа мера како отуѓување што колку повеќе предмети произведува работникот толку помалку тој може да ги поседува и толку повеќе паѓа под јарем на својот производ, капиталот.

Сите овие последици се наоѓаат во ставот дека работникот спрема производот на својот труд се однесува како спрема туѓ предмет. Бидејќи според оваа претпоставка е јасно дека колку повеќе работникот се троши, толку помоќен станува туѓиот свет на предмети којшто тој го создава против себе, толку посиромашен постанува тој самиот, како и неговиот внатрешен свет, колку што помалку нему му припаѓа. Истото е и со религијата. Колку што повеќе човекот става во бога, толку помалку задржува во себе. Работникот го става својот живот во предметот; но сега неговиот живот повеќе не му припаѓа нему, туку на предметот. Оттука, колку што е поголема оваа активност, толку повеќе на работникот му недостигаат предмети. Отуѓувањето на работникот во неговиот производ значи не само дека неговиот труд постанува предмет, надворешно постоење, туку дека тој постои надвор од него, независно, како нешто нему туѓо, и дека тој постанува самостојна сила наспроти него, дека животот којшто му го дал на предметот му се спротивставува како нешто непријателско и туѓо.“
Karl Marks, Ekonomsko-filozofski rukopisi iz 1844. godine, Otudjeni rad.

Отуѓување на сетилата

„Во интересот, буржујот кој размислува секогаш потклава нешто трето меѓу себе и своето пројавување на животот, манир кој навистина во класичен вид се манифестира кај Бентам, според кој носот треба да има некој интерес за да се одлучи нешто да помириса.“ 
(„Дела“, том 6, стр. 170)

„Претпостави го сега човекот како човек и неговиот однос према светот како човечки однос: во таков случај ти можеш љубовта да ја размениш само за љубов, довербата само за доверба итн. Ако сакаш да се насладуваш на уметноста, тогаш мораш да бидеш уметнички образован човек. Ако сакаш да вршиш влијание врз други луѓе, тогаш мораш да бидеш човек што навистина ги стимулира и движи напред другите луѓе. Секој твој однос спрема човекот и спрема природата мора да биде определена пројава на твојот вистински, индивидуален живот, пројава којашто му одговара на предметот на твојата волја. Ако сакаш без да побудуваш меѓусебно љубов, т.е. ако твојата љубов како љубов не породува заемна љубов, ако ти со својата животна пројава како човек што сака, не стануваш сакан човек, тогаш твојата љубов е бессилна, таа е несреќна.“ („Рани радови“, стр. 259)

„Човекот го присвојува своето сестрано битие на сестран начин, значи, како тотален човек. Секој од неговите човечки односи спрема светот, гледањето, слушањето, мирисањето, вкусот, чувствувањето, мислењето, перцепцирањето, да се почувствува, да се посака, да се работи, да се сака, накусо сите овие органи на неговата индивидуалност... се во своето предметно однесување или во своето однесување спрема предметот на присвојување на предметот.“ („Рани радови“, стр. 231)

„Богат човек е оној на кого му е потребен тоталитет на човеково пројавување на животот, човекот во кого егзистира неговото сопствено остварување како внатрешна нужност, како потреба.“ („Рани радови“, стр. 235-236)

„Сетилата се однесуваат спрема предметот поради самиот предмет, но самиот предмет е предметно човечко однесување спрема себе, спрема човекот, и обратно. Затоа потребата или уживањето ја загубија својата егоистичка природа, а природата ја загуби својата гола корисност, така што користа стана човечка корист.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)

„Загрижен и сиромашен човек нема смисла ни за најубавата театарска претстава; трговецот со минерали ја гледа само трговската вредност, а не ја гледа убавината ниту особената природа на минералот, тој нема минералошка смисла. Значи, опредметувањето на човечкото битие, како во теоретски така и во практичен однос, беше потребно како за тоа човековото сетило да се направи човечко, така и да создаде човечко сетило коешто одговара на целокупното богатство на човечкото и природното битие.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 282)

„Човечкото око поинаку ужива отколку грубото, нечовечкото око, човечкото уво поинаку отколку грубото уво.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)

Отуѓување на потребите

„Со поделбата на трудот се овозможува, па дури и се остварува: духовната и материјалната дејност, уживањето и трудот, производството и потрошувачката да паднат во дел на различни индивидуи.“
(Маркс-Енгелс, „Немачка идеологија“, I, стр. 29)

„Секој човек шпекулира со тоа на другиот да му создаде нова потреба, за да го присили на нова жртва, за да го стави во нова зависност, за да го наведе на нов начин на уживање, а со тоа и во економска пропаст. Секој се обидува над другите да создаде туѓа суштинска сила, за со тоа да ја задоволи својата сопствена, егоистична потреба.“
(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 238)

„Компонирањето е ѓаволски тешка работа, но трпението сфатено човечки е самозадоволство на човекот.“ 

(„Рани радови“, стр. 231)

„Хедонистичката филозофија е духовит јазик на извесни општествени кругови кои ја имаат привилегијата за задоволство.“ 
(Маркс-Енгелс, „Немачка идеологија“, II, стр. 143, Белград, 1964)

Отуѓување на парите

„Видната глупост која сите разновидни заемни односи на луѓето ги сведува на еден однос на употребливост, оваа очигледно метафизичка апстракција произлегува од фактот што во модерното граѓанско општество сите односи практично се подведуваат под еден апстрактен паричен и трговски однос.“ 
(„Немачка идеологија“, II, стр. 133, Белград, 1964)

„Јас сум грд, но можам да ја купам најубавата жена. Значи, јас не сум грд, зашто дејствувањето на грдоста, нејзината одбојна сила е уништена со помошта на парите.“
(Маркс-Енгелс, „Рани радови“, стр. 257)

„Парите овозможуваат расчекор меѓу вистинското, природното суштество на човекот (личноста) и неговата општествена и човечка положба. Тие се сила која ги изопачува и разурнува природните и општествените врски на луѓето кои претендираат на тоа да бидат суштина за себе. Тие ја претвораат верноста во неверност, љубовта во омраза, омразата во љубов...“
(Маркс-Енгелс, „Рани трудови“, стр. 259)

„Во разменската вредност општествениот однос на лицата е претворен во општествен однос на предметите; личната моќ е вистинска sachliches.“
(K. Marx, “Grundrisse”, S. 75)

„Одземете му ја на предметот оваа општествена моќ, и вие морате да ‘и ја дадете на личноста над личностите. Личните односи на зависност (отпрвин сосем природно поникнати) се првите општествени форми во кои човечката продуктивност се развива само во најнизок обем и на изолирани точки. Личната независност заснована врз вистинската (sachliche) зависност е втората голема форма дури во која се формира системот на општествена размена на материи, на универзалните односи, на сестраните потреби, на универзалната моќ (Vermögen). Слободниот индивидуалитет, заснован врз универзалниот развиток на индивидуата и подредувањето на нивното заедничко, општествениот продуктивитет како нивна општествена сила (имотот, Vermögen) е третиот степен. Вториот, капитализмот создава услови за третиот, комунизмот.“ 
(K. Marx, “Grundrisse”, S. 75)

Отуѓување на државата

„Општеството создава одредени заеднички функции, без кои не може да биде. Луѓето кои се определени за тие функции претставуваат во рамките на општеството нова гранка на поделбата на трудот. Тоа доведува до создавање на нивни засебни интереси во однос и на оние кои ги ополномоштиле; тие се осамостојуваат спрема нив и – државата е готова.“
(Маркс-Енгелс, „Избрана дела“, том II, стр. 480, Белград, 1950)

Отуѓување на класите

„Овие две спротивности, класите со спротивните економски интереси, во јалова борба да не се исцрпуваат себе си и општеството, стана неопходна сила која привидно стои над општеството и која треба да го ублажува конфликтот, да го држи во рамките на границите на „поредокот“, а таа сила која произлезе од општеството, но која се стави над него и се‘ повеќе се отуѓува од него е државата.“
(Маркс-Енгелс, „Изабрана дела“, том II, стр. 308-309, Белград, 1950)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...