Showing posts with label работничка класа. Show all posts
Showing posts with label работничка класа. Show all posts

Thursday, September 3, 2020

Пролетаријат

 „Од сите класи што стојат денеска наспротив буржоазијата само пролетаријатот е вистински револуционерна класа. Сите други класи ce растројуваат и пропаѓаат со развитокот на крупната индустрија, додека пролетаријатот е нејзин сопствен производ.

Средните сталежи: ситниот индустријалец, ситниот трговец, занаетчијата, селанецот — сите тие ce борат против буржоазијата за да го обезбедат од пропаѓање својот опстанок како средни сталежи. Тие, значи, не ce револуционерни, ами конзервативни. Дури и нешто повеќе, тие ce реакционерни, зашто сакаат да го свртат назад тркалото на историјата. Ако ce револуционерни, тогаш ce такви дотолку доколку им претстои преминување во редовите на пролетаријатот, доколку тие не ги бранат своите сегашни, ами своите идни интереси, доколку го напуштаат своето сопствено становиште за да застанат на становиштето на пролетаријатот.

Лумпенпролетаријатот, тој пасивен производ од гниењето на најдолните слоеви на старото општество, ќе биде делумно вовлечен од пролетерската револуција во движењето, но по целата своја животна положба тој многу повеќе е наклонет да ce продаде за реакционерни сплетки.

Животните услови на старото општество ce веќе уништени во животните услови на пролетаријатот. Пролетаријатот нема сопственост; неговиот однос спрема жената и децата нема повеќе ништо заедничко, со буржоаските семејни односи: современиот индустриски труд, современото робување на капиталот, еднакво во Англија, како и во Франција, во Америка како и во Германија, избришаа од него секаков национален карактер. Законите, моралот, религијата за него ce само буржоаски предрасуди, зад кои ce кријат буржоаските интереси.

Сите поранешни класи што ја освојуваа власта за себеси ce стремеа да ја осигурат својата извојувана животна положба, потчинувајќи го целото општество на условите што го обезбедуваа нивниот начин на присвојување. Пролетерите можат да ги освојат општествените производни сили само така ако го укинат својот сопствен досегашен начин на присвојување, a со тоа и целиот досегашен начин на присвојување. Пролетерите немаат ништо свое што би требало да го осигурат, тие мораат да разрушат cè што ја осигурувало и обезбедувало досега приватната сопственост.“ 

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 25)

„Пролетаријатот поминува низ повеќе степени на. развиток. Неговата борба против буржоазијата започнува со денот кога започнува неговото постоење.

Отпрвин ce борат одделни работници, потоа работниците на една фабрика, па работниците од една гранка на трудот во едно место против одделен буржуј што непосредно ги експлоатира. Работниците не ги управуваат своите напади само против буржоаските производствени односи, тие ги управуваат нив и против самите производствени орудија; тие ги уништуваат странските конкурентски стоки, ги искршуваат машините, ги запалуваат фабриките, ce обидуваат да ја повратат изгубената положба на средновековниот работник.

На тој степен работниците ce сè уште маса растурена по целата земја и раздробена од конкуренцијата. Помасовното сплотување на работниците уште не е последица од нивното сопствено здружување, ами само последица од здружувањето на буржоазијата, која заради постигнување на своите сопствени политички цели мора и засега уште може да го стави во движење целиот пролетаријат. На тој степен пролетаријатот, значи, не води борба против своите непријатели, туку против непријателите на своите непријатели, против останките од апсолутната монархија, против земјовладелците, против неиндустриските буржуи, против малограѓаните. Така, целото историско движење е концентрирано во рацете на буржоазијата; секоја победа извојувана во такви услови е победа на буржоазијата.

Но со развитокот на индустријата не доаѓа само до намножување на пролетаријатот; тој ce сплотува во поголеми маси, неговата сила расте и тој cè повеќе ја чувствува. Интересите, животните услови кај пролетаријатот cè повеќе и повеќе ce изедначуваат, зашто машината cè повеќе ги брише разликите во работата, a надницата ја срозува речиси насекаде на еднакво ниско рамниште. Cè поголемата конкуренција меѓу самата буржоазија и трговските кризи што оттука произлегуваат го обусловуваат cè поголемото колебање на наемнината на работниците; cè побрзото непрекинато подобрување на машините ја прави животната положба на пролетерите ce понесигурна; судирите меѓу одделниот работник и одделниот буржуј cè повеќе придобиваат карактер на судири меѓу две класи. Работниците започнуваат да создаваат коалиции против буржуите; тие ce соединуваат за заштита на својата наемнина. Тие основаат дури и трајни здруженија, за да ce снабдат со средства за во случај на бунт. На места борбата ce претворува во побуни.

Од време на време победуваат работниците, но тие победи ce само преодни. Вистинскиот резултат на нивната борба не е непосредниот успех, ами здружувањето на работниците, кое cè повеќе ce шири. За тоа спомага порастот на сообраќајните средства што ги произведува крупната индустрија и што ги доведуваат во врска работниците од разни места. Само таа врска е и потребна, па многуте локални борби, кои ce насекаде од ист карактер, да ce централизираат во национална класна борба. A секоја класна борба е политичка борба.“ 
(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 22-24)

Sunday, August 23, 2020

Револуција

 „Востанието би било лудило каде што мирно агитирање побргу и посигурно би ја завршило работата. Во Франција, сто закони за репресија и смртоносен антагонизам меѓу класите се чини дека го наметнуваат насилното решение на социјалната војна. Изборите на тоа решение е работа на работничката класа во таа земја.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale, By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Работничката класа останува сиромашната среде зголеменото богатство, бедна среде зголемениот раскош. Нејзината материјална лишеност го намалува нејзиниот морал како и нејзиниот физички статус. Таа не може да се потпира на други за решение. Поради тоа, за неа стана императивна нужност да ги земе работите во свои раце. Таа мора да ги разбуди односите меѓу неа и капиталистите и земјопоседниците, а тоа значи дека таа мора да го преобрази општеството.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale, By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Ние не сакаме учество на средната класа.“ (Interview with Karl Marx, head of L'Internationale By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Јас бев изненаден кога го видов денес во Vorwärts извадок од мојот ’Вовед’ што беше испечатен без мое знаење и шверцуван на таков начин што ќе ме претстави како мирољубив поборник за легалност по секоја цена. Што е уште една причина зошто би сакал тој да се појави во целост во Neue Zeit за да се избрише овој срамен впечаток. Нема да го оставам Либкнехт во сомневање за тоа што мислам за ова и истото важи и за оние кои, без оглед на тоа кои би можеле да бидат, му ја дадоа оваа можност да ги первертира моите ставови и, одозгора, без ниту збор да ми каже за тоа.“ (Engels, Friedrich (2004). Collected Works, Volume 50. New York: International Publishers. p. 86)

„Сите други големи и мали племиња и народи имаат засега мисија во светската револуционерна бура да пропаднат. Затоа сега се контрареволуционерни.“ (Ф.Енгелс, „Унгарската борба“, 13 јануари 1849)

Пролетери и држава

„Пролетерите да би биле признаени како личности, мораат да го укинат својот сопствен дотогашен услов за егзистенција, кој истовремено е и услов за егзистенција на целото дотогашно општество – трудот. Тие се, заради тоа, и во директна спротивност со формата во која досега индивидуите на општеството го наоѓале својот полн израз – со државата, и мораат да ја срушат таа држава да би биле признати како личности...“ (МЕД, том 6, стр. 60)

„Крахот на државната машина не ја изложува централизацијата на никаква опасност. Бирократијата е само најниска и груба форма на централизацијата, која уште е оптоварена со својата спротивност, со феудализмот. Бидејќи се разочара во Наполеоновата реставрација, францускиот селанец ќе престане да верува и во својата парцела; ќе се урне целата државна зграда изградена врз таа парцела, и пролетерската револуција ќе стекне хор, без кој нејзиното соло пеење во сите селански земји би се претворило во лебедова песна.“

(K. Marx, Osamnaesti brumaire Louisa Bonaparta, Izabrana djela, tom I, str. 296.)

„Наполеон им направи на германските буржуи голема услуга со своето чистење на германските Аугиеви штали и воспоставување на цивилизирани начини на општење.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Немачка идеологија“, книга I, Култура, Београд, 1964, стр. 214)

Friday, June 5, 2020

Диктатура на пролетаријатот


„Економско ослободување на работничката класа со освојување на политичката власт. Користење на таа политичка власт за постигнување на општествените цели. ... Една од највообичаените форми на движењето за ослободување е таа на штрајкови.“
(Interview with Karl Marx, head of L'Internationale by R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Ние не сакаме учество на средната класа.“
(Interview with Karl Marx, head of L'Internationale By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Отфрлање на се’ што настанало стихијно... Пролетаријатот се ослободува од се’ што се закачило за него од досегашната негова општествена положба...“
(МЕД, том 6, стр. 67)


Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...