Плати
- Америка
- Антисемитизам
- Агрокултура
- Бирократија
- Даноци
- Диктатура на буржоазијата
- Диктатура на пролетаријатот
- Држава
- Екологија
- Идеологија
- Камата
- Капитал
- Капиталистичко производство
- Квази-социјализам
- Класи
- Комунизам
- Буржоаско право
- Отуѓување
- Конкуренција
- Малограѓанство
- Материјализам
- Наемно ропство
- Наука
- Образование
- Општество
- Организација на трудот
- Пари
- Eкономска криза
- Право
- Приватен интерес
- Приватна сопственост
- Производни односи
- Просветителство
- Разменска вредност
- Револуција
- Религија
- Семејство
- Стоки
- Труд
- Урбанизам
- Хегел
- Христијанство
- Цензура
- Централизација
- Штедење
- Филозофија
- Класична економија
- Индустриска револуција
- Пролетаријат
- Буржоазија
- Уметност
- Морал
- Капитализам
- Трговија
- Употребна вредност
- Здравје
- Филантропија
- Злато
- Плати
Friday, June 5, 2020
Држава
Даноци
„Господа! Јавното обвинителство одбивањето да се плати данок го оцени
како мерка „која ги тресе темелите на
општеството“. Одбивањето да се плати данок нема никаква врска со основите
на општеството.
Во принцип, господа, како
објаснувате дека даноците, прифаќањето и одбивањето да се плаќа данок играат толкава
улога во историјата на конституционализмот? Тоа е објаснето многу едноставно.
Како што кметовите ги купуваа своите привилегии од феудалните барони со готовина,
така и цели народи ги купуваа своите привилегии од феудалните кралеви. На
кралевите им биле потребни пари во војните со странските народи, а особено во
нивните борби со феудалците. Колку повеќе се развивале трговијата и
индустријата, толку повеќе на кралевите им биле потребни пари. Но, во иста
мера, третиот сталеж, граѓанскиот сталеж, се развиваше, исто толку имаше и
повеќе пари на располагање. Во иста мера, тој купил повеќе слободи од кралевите
со даноци. За да си ги обезбеди овие слободи за себе, тој го задржа правото во
одредени периоди да ги обновува овие парични обврски, т.е правото да одобрува и
одбива даноци. Особено во англиската историја можете детално да го следите тој
процес.
Според тоа, во средновековното
општество даноците беа единствената врска помеѓу растечкото буржоаско општество
и владејачката феудална држава, алка со која таа држава беше принудена да прави
отстапки на буржоаското општество, да попушти пред неговиот развој и да се
приспособи на неговите потреби. Во современите држави, правото на одобрување и одбивање
даноци се претвори во контрола на буржоаското општество над управниот одбор кој
ги води неговите општи работи, над владата.
Затоа, делумното одбивање да се плаќа данок го сметате за составен дел на
секој уставен механизам. Овој вид oдбивање да се плаќа данок се случува веднаш
штом буџетот е отфрлен. Тековниот
буџет се одобрува само за одреден временски период; згора на тоа, домовите
мора, доколку нивните седници се одложени, повторно да се свикаат по многу
кратки интервали. Затоа, круната не може да се направи независна. Даноците
дефинитивно се одбиваат со отфрлање
на буџетот штом мнозинството од новото Собрание се сврти против владата или
круната не именува влада во духот на новото Собрание. Отфрлањето на буџетот значи
одбивање да се плаќаат даноци во
парламентарна форма. Таа форма не можеше да се примени во разгледуваниот
конфликт бидејќи уставот сè уште не постоеше, но допрва требаше да се создаде.
Но, одбивањето да се плати данок
какво што е пред нас овде, одбивањето да се плати данок што не само што го
отфрла новиот буџет, туку дури и забранува плаќање на тековните даноци, не е
нешто нечуено. Тоа беше многу вообичаен факт во средниот век. Дури и стариот
германски Рајхстаг и старите феудални бранденбуршки сталежи носеле одлуки за одбивање
да се плаќаат даноци. Има доволно примери и во современите уставни земји. Во
1832 година, во Англија, одбивањето да се плати данок доведе до пад на
кабинетот на Велингтон. И размислете, господа! Во Англија, одлуката за одбивање
да се плаќаат даноци не беше донесена од парламентот, туку беше прогласена и
спроведена од народот врз основа на својата суверена власт. А Англија е историска
земја на конституционализмот.
Бирократија
Историски материјализам
„Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...
-
„Во земјите во кои како Северна Америка, почнуваат од почетокот во веќе поразвиена историска епоха, развојот се одвива многу брзо. Такви зем...
-
„Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...
-
Наука ... апстрактно размислување „Разменска вредност... пари... капитал... наемен труд... богатство сето тоа се чисти апстракции, но ...