Saturday, June 6, 2020

Капиталистички начин на производство


„Ниту еден капиталист нема да примени доброволно некој нов начин на производство, колку и да е попроизводен или колку и да ја зголеми нормата на вишокот на вредноста, ако тој ја смалува профитната норма. Но, секој таков нов начин на производство ги поевтинува стоките. Поради тоа, тој прво нив ги продава над нивната цена на производство, можеби и над нивната вредност. Тој си ја зема разликата, која постои меѓу трошоците на нивното производство и пазарните цени на другите стоки, кои се произведени со повисоки трошоци на производството. Тој може ова да го стори, зашто средното работно време кое е општествено потребно за производство на овие стоки е поголемо од работното време кое е потребно во новиот начин на производство. Процедурата на неговото производство е над општествената средна процедура. Но, конкуренцијата неа ја поопштува и ја потчинува под општиот закон. Со тоа настапува паѓањето на профитната норма – може најпрво во оваа сфера на производство, а потоа се израмнува и во другите – што е, значи, сосема независно од волјата на капиталистите.“ 
(Маркс, Капиталот, том трети, стр. 241, мак.изд.)

„Противречност на капиталистичкиот начин на производство: работниците како купувачи на стока се важни за пазарот. Но, како продавачи на нивната стока – работна сила – капиталистичкото општество има тенденција да ја ограничи неа на минимумот од нејзината цена. Понатамошна противречност: епохите, во кои капиталистичкото производство ги напрегнува сите свои потенции, редовно се покажуваат како епохи на хиперпродукцијата; зашто потенциите на производството никојпат не може да се применат така широко што со тоа не само да се произведува повеќе вредност, туку и да може таа да се реализира; но продажбата на стоките, реализацијата на стоковниот капитал, значи и на вишокот на вредноста, е ограничена, не со потребите за потрошувачка на општеството воопшто, туку со потребите за потрошувачка на едно општество, од кое големото мнозинство постојано е сиромашно и постојано мора да остане сиромашно.“
(Маркс, Капиталот, том втори, стр. 279, мак.изд.)

„Да претпоставиме дека некоја определена капиталистичка гранка на производство го произведува нормалното парче од својата стока под следниве услови: абењето на основниот капитал изнесува на парче ½ шилинг или фунта; во суровини и помошни материи влегуваат 17½ шилинзи; во наемнина 2 шилинзи и, при норма на вишок од 100% вишокот на вредноста изнесува 2 шилинзи. Вкупна вредност = 22 шилинзи или фунти. Заради упростување дека во оваа гранка на производство капиталот го има средниот состав на општествениот капитал, значи дека цената на производството од стоката се совпаѓа со нејзината вредност, а профитот од капиталистот со направениот вишок на вредност. Тогаш цената на чинењето од стоката е = ½ + 17½ + 2 = 20 шилинзи, средната профитна норма 2/20 = 10%, а цената на производството од парче стока = 20 шилинзи или фунти.

Да земеме дека е пронајдена некоја машина, која потребниот жив труд за секое парче го сведува на половината но, со тоа да го зголемува три пати делот од вредноста кој се состои од абењето на основниот капитал. Тогаш работата стои вака: абење = 1½ шилинг, суровини и помошни материи како и порано = 17½ шилинзи, наемнина 1 шилинг, вишок на вредност 1 шилинг, вкупно 21 шилинг или фунти. Вредноста на стоката сега е снижена за 1 шилинг; новата машина значително ја покачи производната сила на трудот. Но за капиталистот работата се поставува вака: неговата цена на чинење сега е 1½ шилинг абење, 17½ шилинзи за суровини и помошни материи, 1 шилинг наемнина, вкупно 20 шилинзи колку и порано. Бидејќи новата машина не ја менува непосредно профитната норма, тој мора да добие 10% над цената на чинењето, што изнесува 2 шилинзи; значи цената на производството е неизменета = 22 шилинзи но, 1 шилинг над вредноста. За некое општество кое произведува под капиталистички услови ако стоката не се поевтини, новата машина не е подобрување. Значи, капиталистот нема никаков интерес за тоа, да ја воведува новата машина. И бидејќи со нејзиното воведување неговата досегашна машинерија, која се‘ уште не е изабена, станува просто безвредна, се претвора само во старо железо, значи тој би претрпел позитивна загуба, тој добро се варди од оваа за него утопистичка глупост.“

(Капиталот, том III, стр.239, мак.издание)


No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...