Sunday, August 23, 2020

Семејство

 Жената и децата

„Жената и децата се робови на мажот во семејството.“ (МЕД, том 6, стр. 31)

Комунистичкото домаќинство значи владеење на жената во куќата. ~ Ф. Енгелс

Народите во кои жените мораат да работат многу повеќе отколку што ние замислуваме дека им доликува, имаат за жените често далеку повеќе вистинско почитување отколку нашите Европјани. Дамата на цивилизацијата, опкружена од лажно почитување и отстранета од секоја вистинска работа, има бескрајно пониска општествена положба отколку жената на варварството {добата на матријархатот или синдијазмичкиот брак – Заб. на Мара}, која тешко работи, но која кај својот народ важи за вистинска дама (lady, frowa, Frau = господарка) и која била таква по својот карактер. ~ Ф. Енгелс

Укинувањето на матријархатот било светско-историски пораз на женскиот пол. Мажот ја приграбил крмата и во домот жената била лишена од своето достоинство, подјармена, претворена во робинка на неговите похоти и просто орудие за раѓање деца. Оваа понижена положба на жените, која посебно отворено се покажува меѓу Грците од јуначката доба и уште повеќе од класичната доба, постепено е разубавувана и лицемерно прикривана, а на места покажувана во благ облик, но никако не е отстранета. ~ Ф. Енгелс

Зборот familia првобитно не значи идеал на денешните филистри, кој се состои од сентименталност и домашни расправии; таа кај Римјаните од почеток дури и не се однесува на брачен пар и неговите деца, туку единствено на робовите. Famulus значи домашен роб, а familia е збир робови, кои припаѓаат на еден човек. Уште во добата на Гај Јулиј Цезар familia, id est patrimonium (т.е. наследство) оставано е со тестамент. Изразот го пронашле Римјаните како би обележале еден нов општествен организам, чија глава ги држела под римска татковска власт жената и децата и одреден број робови, со право над животот и смртта на сите нив. Маркс додава: „Современото семејство содржи во себе не само ропство (servitus), туку и кметство, бидејќи од почеток тоа се однесува на службата во земјоделието. Тоа ја содржи во себе во минијатура сета онаа спротивност која подоцна потполно ќе се развие во општество и неговата држава.“ ~ Ф. Енгелс

За да би се осигурила верноста на жените, значи и татковството над децата, жената безусловно е предадена на власта на мажот: ако ја убие, тој го врши само своето право. ~ Ф. Енгелс

„Со префрлување на средствата за производство во заедничка сопственост, семејството престанува да биде економска единица на општеството. Одржувањето на домот се претвора во општествена индустрија. Негата и образованието на децата станува јавна работа…“

(Фридрих Енгелс, Потекло на семејството, приватна сопственост и држава, 1884)

„Од ова веќе можеме да видиме дека еманципирањето на жената и нејзиното изедначување со мажот е и останува невозможно сè додека жената е исклучена од општествено производствниот труд и ограничена на приватна домашна работа. Еманципацијата на жената ќе биде можна само кога жената може да учествува во производството од големи, општествени размери, а домашната работа не бара ништо друго освен незначителна количина од нејзиното време. И дури сега тоа стана возможно преку модерната крупна индустрија, што не дозволува само вработување на женска работна сила во широк размер туку позитивно го бара тоа, додека, исто така, има тенденција да се стави крај на приватната домашна работа, менувајќи ја сè повеќе и повеќе во јавна индустрија.“

(Фридрих Енгелс, Потекло на семејството, приватна сопственост и држава, 1884)

„Современото семејство во себе содржи не само ропство (сервитус), туку и кметство, бидејќи тоа уште од почетокот е поврзано со земјоделски услуги. Во минијатура ги содржи сите контрадикции што подоцна се прошируваат низ целото општество и неговата држава.“

(Енгелс, Ф. (1884) Потекло на семејството, приватната сопственост и државата)

„Бидејќи одредени функции во семејството, како што се дадилки и доилки, не можат во целост да бидат потиснати, мајките конфискувани од капиталот, мораат да најдат некаква замена. Домашните работи, како што се шиењето и крпење, мора да се заменат со набавка на конфекциски артикли. Оттука, намалената потрошувачка на труд во куќата е придружена со зголемена потрошувачка на пари. Трошоците за издржување на семејството се зголемуваат и го балансираат поголемиот приход. Покрај ова, економичноста и проценката во потрошувачката и подготовката на средствата за живот стануваат невозможни.“

(Карл Маркс, забелешка 39. Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“. Капиталот, том 1., 1867)

1 comment:

  1. Силно би го препорачал заемот на г-дин Педро на секое лице на кое му е потребна финансиска помош и тие ќе ве држат на врвот на високите директориуми за какви било дополнителни потреби. Уште еднаш се пофалувам себе си и вашиот персонал за извонредната услуга и услуги за клиентите, бидејќи ова е голема предност за вашата компанија и пријатно искуство за заемопримачите како што сум јас. Ви посакуваме се најдобро во иднината. Господине, Педро е најдобриот начин да се добие лесен заем, тука е нивната е-пошта..   pedroloanss@gmail.com
    Ти благодарам што ми помогна со заемот уште еднаш во моето искрено срце, засекогаш сум благодарен.
    Можете да го контактирате г-дин Педро Џером за следната финансиска помош, како што се заем за дом, заем за автомобил, деловен заем, личен заем, заем за трговци, заем за SBA.

    ReplyDelete

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...