Showing posts with label буржоазија. Show all posts
Showing posts with label буржоазија. Show all posts

Saturday, December 12, 2020

Филантропија

„Самата човечка беднотија, бескрајното понижение кое мора да прима милостина, мора да ѝ служи на паричната аристократија и на аристократијата на образованоста за забава, за задоволување на нејзиното самољубие, за скокоткање на нејзината надуеност, за разонода. Многуте добротворни здруженија во Германија, многуте добротворни друштва во Франција, многуте добротворни донкихотерии во Англија, концерти, балови, театарски претстави, ручеци за сиромаштијата, дури јавното собирање на прилози за постраданите – немаат друга смисла.“ (Маркс, Светото семејство) И Маркс цитира откај Ежен Си: „Ах, мадам! Не е достатно што танцувавме во корист на овие бедни Полјаци… да бидеме филантропи докрај… да појдеме сега да вечераме во корист на бедните.“

(Ленин, Дела, том 14, Филозофски списи, стр.56, Скопје, 1981 год.)

Thursday, September 3, 2020

Буржоазија

„Основниот услов за суштествувањето и превласта на буржоаската класа е образувањето и зголемувањето на капиталот; услов за суштествување на капиталот е наемниот труд. Наемниот труд исклучиво постои поради конкуренцијата помеѓу работниците. Напредокот на индустријата, чиј слеп носител е буржоазијата, ја заменува изолацијата на работниците, поради конкуренцијата, со револуционерно спојување поради здружувањето. На тој начин, развитокот на крупната индустрија ги поткопува темелите на силата на буржоазијата со која таа произведува и ги присвојува производите. Она што буржоазијата го произведува, пред cè, е својот сопствен гробар. Нејзиното пропаѓање и победата на пролетаријатот ce подеднакво неизбежни.“

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 26)

„Целината на капиталистичката класа на некоја земја не може самата себе да се лаже.“ 

(Маркс, Капитал, том I, стр. 114, Белград, 1947)

„Само до колку е капиталистот персонифициран капитал, тој има историска вредност и она историско право на суштествување кое, како што вели остроумниот Лихновски, нема никаков датум. И само до толку преодната неопходност на неговото сопствено суштествување се вклучува во преодната неопходност на капиталистичкиот начин на производство. Но до толку и неговиот движечки мотив не е употребна вредност и уживање, туку разменска вредност и нејзино зголемување. Како фанатик за оплодувањето на вредноста, тој без обѕир го присилува човештвото кон производство заради производство, а со тоа и кон развиток на општествените производни сили и кон создавање материјални услови за производство, што единствени можат да ја сочинуваат реалната база на една повисока општествена форма, чиј основен принцип е полниот и слободен развиток на секоја индивидуа. Капиталистот може да се респектира само како персонификација на капиталот. Како таков тој го дели со собирачот на благо, апсолутниот стремеж за збогатување. Но тоа што се покажува кај последниов како индивидуална манија, кај капиталистот е дејство на општествениот механизам, во кој е тој само едно движечко колце. Освен тоа, развитокот на капиталистичкото производство го прави нужно постојаното зголемување на капиталот вложен во некое индустриско претпријатие, а конкуренцијата му ги наложува на секој индивидуален капиталист внатрешните закони на капиталистичкиот начин на производство како надворешни присилни закони. Таа го присилува него, постојано да го проширува својот капитал, за да го одржи, а тој може него да го проширува само со прогресивна акумулација. Поради тоа, до колку се неговите постапки само функција на капиталот обдарен во неговото лице со волја и свест, неговата сопствена приватна потрошувачка важи како пљачка на акумулацијата на неговиот капитал, како што во италијанското книговодство, приватните издатоци фигурираат на страната на долговите на капиталистот спроти капиталот. Акумулацијата е освојување на светот на општественото богатство. Ширејќи ја масата на експлоатираниот човечки материјал, таа едновремено го шири директното и индиректното господство на капиталистот.‘‘

Карл Маркс, Капиталот, Том 1. Скопје: Мисла, 1975, стр. 520/521


Friday, June 5, 2020

Диктатура на буржоазијата


„Англиската средна класа секогаш се покажувала доволно спремна да ја прифати волјата на мнозинството, сè додека таа го уживала монополот на гласачкото тело. Но, штом се почувствува надгласена за она што таа го смета како витално прашање, ние ќе видиме овде нова војна на робовладетели.“
(Interview with Karl Marx, head of L'Internationale By R. Landor, New York World, 18 July 1871, reprinted Woodhull & Claflin's Weekly, 12 August 1871)

„Всушност буржоазијата, која што донекаде очекуваше дека новиот крал ќе даде устав, ќе прогласи слобода на печатот, поротни судови итн., итн. – накратко, дека самиот ќе се стави на чело на мирната револуција, која ѝ беше потребна за да ја задоволи политичката власт – таа буржоазија ја увиде својата заблуда и бесно се сврте против кралот. Во рајнските покраини, а повеќе или помалку во цела Прусија воопшто, буржоазијата беше толку огорчена што, немајќи доволно свои способни луѓе за да ја застапуваат во печатот, најпосле се реши да формира сојуз со екстремниот филозофски правец за кој веќе зборувавме. Плод од тој сојуз беше „Рајнскиот весник“ во Келн, весник кој беше задушен по петнаесет месеци од излегувањето, но од кој, може да се каже, датира журналистиката во Германија. Тоа беше во 1842 година.“
(Revolucija i kontrarevolucija u Njemačkoj, Kultura, 1953, стр. 23-24)

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...