Saturday, July 11, 2020

Наука


Наука ... апстрактно размислување

„Разменска вредност... пари... капитал... наемен труд... богатство сето тоа се чисти апстракции, но кои во стварноста ... се посредувани со најдлабоки спротивности и претставуваат само една страна во којашто нивната суштина е избришана... од друга страна, се покажува глупоста на оние социјалисти (посебно француските, кои сакаат да го претстават социјализмот како реализација на идеите на граѓанското општество што ги прокламирала Француската револуција) кои докажуваат дека размената, разменската вредност итн. првобитно (во времето) или по својата појава (во својот соодветен облик) се систем на слобода и еднаквост на сите, но дека ги расипале парите, капиталот итн. Или исто така, да историјата досега вршела промашени обиди да ги спроведе на начин кој соодветствува на нивната вистинитост, а да сега тие, како на пример, Прудон, ја откриле правата вистина врз основа на што треба да се даде историјата на тие односи наместо нивната лажна историја. На нив треба да им се одговори, дека разменската вредност или, поточно, паричниот систем, всушност е систем на еднаквост и слобода и дека пречките кои им стојат на патот при поточното излагање на системот се на него својствени пречки, точно остварување на еднаквоста и слободата кои се покажуваат како нееднаквост и неслобода. Исто така е побожна како и глупа желбата да разменската вредност не се развие во капитал и да трудот кој произведува разменски вредности не се развие во наемен труд.“ 
(МЕД, том 19, стр. 134; том 20, стр. 277)

„Она по што тие господа (теоретичари „социјалисти“ – прудонисти) ги разликува од граѓанските апологети е, од една страна, осетот за противречности кои системот ги вклучува; а од друга страна, утопизам, несфаќање на неопходната реална разлика меѓу реалниот и идеалниот лик на граѓанското општество и заради тоа настојување да се превземе непотребна работа, сакање пак да се реализира самиот идеален израз кој е всушност само фотографија на реалноста...“ 
(МЕД, том 19, стр. 134)

Логика

„Ако апстрахирам од она по што некоја конкретност се разликува од својата апстракција, тогаш таа, природно, постанува апстракција и воопшто не се разликува од неа.“ 
(МЕД, том 19, стр. 134)

Фразеологија

„Такви белетристички фрази, кои према било каква аналогија сврстуваат било што во било што, може да изгледаат дури и духовити кога ќе се кажат првпат, и тоа во толку повеќе што повеќе го идентификуваат она што е најдиспаратно (најочебијно). Кога се повторуваат, и тоа дури со самобендисаност, како искази од научна вредност, тие се сосема глупави. Добри се само за белетристичките апологети и дрдорковци кои сите науки ги премачкуваат со своите сладуњави гомна.“ 
(МЕД, том 19, стр. 167)

Одлуките на Конгресот во науката = 0

„Одлуките на Конгресот во науката се еднакви на нула и не се доволни да го констатираат научниот карактер на еден часопис, кој не може да се декретира...“ (МЕД, том 41, стр. 50)

„Конгресот не може да му подарува некому научност.“ 
(МЕД, том 41, стр. 50)

„За научните трудови нема демократски форум.“ 
(МЕД, том 41, стр. 258)

„Кога човек сака да се занимава со научни прашања, прво треба да ги научи работите, трудовите кои сака да ги исползува треба така да ги чита, како што ги има авторот напишано, а пред сè да не чита работи кои таму ги нема“.

„Вулгарниот економист не може воопшто поим за тоа дека вистинските секојдневни односи на размената и големината на вредноста не можат да бидат непосредно идентични. Во буржоаското општество целата работа и е во тоа што однапред не постои свесно, општествено регулирање на производството. Сè што е разумно природно нужно се појавува како просек кој слепо делува. А вулгарниот економист мисли дека прави големо откритие кога наспроти открива внатрешна поврзаност и самобендисано истакнува дека суштината во појавите е поинаква. Фактички тој се гордее со тоа што цврсто се држи за привидноста и неа ја зема како точна. Па, зошто е тогаш потребна наука?“ 
(МЕД, том 39, стр. 503)

Модерните економисти

„Секоја нова криза ја разгледуваат како изолирана појава којашто првпат се појавува на општествениот хоризонт, па заради тоа може да се објасни само со тие случувања, движења и фактори кои се карактеристични или се сметаат за карактеристични исклучиво за тој период кој лежи меѓу претпоследниот и последниот потрес. Кога научниците би постапувале така по истата логика на осмоодделенец, би морало секое повторно појавување на одредена комета да биде изненадување за светот.“ 
(МЕД, том 15, стр. 460)

Научна вистина

„Научната вистина е секогаш парадоксална од аспект на секојдневното искуство, коешто ги воочува привидните појави на работите...“ 
(МЕД, том 27, стр. 106)


No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...