Thursday, September 3, 2020

Буржоазија

„Основниот услов за суштествувањето и превласта на буржоаската класа е образувањето и зголемувањето на капиталот; услов за суштествување на капиталот е наемниот труд. Наемниот труд исклучиво постои поради конкуренцијата помеѓу работниците. Напредокот на индустријата, чиј слеп носител е буржоазијата, ја заменува изолацијата на работниците, поради конкуренцијата, со револуционерно спојување поради здружувањето. На тој начин, развитокот на крупната индустрија ги поткопува темелите на силата на буржоазијата со која таа произведува и ги присвојува производите. Она што буржоазијата го произведува, пред cè, е својот сопствен гробар. Нејзиното пропаѓање и победата на пролетаријатот ce подеднакво неизбежни.“

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 26)

„Целината на капиталистичката класа на некоја земја не може самата себе да се лаже.“ 

(Маркс, Капитал, том I, стр. 114, Белград, 1947)

„Само до колку е капиталистот персонифициран капитал, тој има историска вредност и она историско право на суштествување кое, како што вели остроумниот Лихновски, нема никаков датум. И само до толку преодната неопходност на неговото сопствено суштествување се вклучува во преодната неопходност на капиталистичкиот начин на производство. Но до толку и неговиот движечки мотив не е употребна вредност и уживање, туку разменска вредност и нејзино зголемување. Како фанатик за оплодувањето на вредноста, тој без обѕир го присилува човештвото кон производство заради производство, а со тоа и кон развиток на општествените производни сили и кон создавање материјални услови за производство, што единствени можат да ја сочинуваат реалната база на една повисока општествена форма, чиј основен принцип е полниот и слободен развиток на секоја индивидуа. Капиталистот може да се респектира само како персонификација на капиталот. Како таков тој го дели со собирачот на благо, апсолутниот стремеж за збогатување. Но тоа што се покажува кај последниов како индивидуална манија, кај капиталистот е дејство на општествениот механизам, во кој е тој само едно движечко колце. Освен тоа, развитокот на капиталистичкото производство го прави нужно постојаното зголемување на капиталот вложен во некое индустриско претпријатие, а конкуренцијата му ги наложува на секој индивидуален капиталист внатрешните закони на капиталистичкиот начин на производство како надворешни присилни закони. Таа го присилува него, постојано да го проширува својот капитал, за да го одржи, а тој може него да го проширува само со прогресивна акумулација. Поради тоа, до колку се неговите постапки само функција на капиталот обдарен во неговото лице со волја и свест, неговата сопствена приватна потрошувачка важи како пљачка на акумулацијата на неговиот капитал, како што во италијанското книговодство, приватните издатоци фигурираат на страната на долговите на капиталистот спроти капиталот. Акумулацијата е освојување на светот на општественото богатство. Ширејќи ја масата на експлоатираниот човечки материјал, таа едновремено го шири директното и индиректното господство на капиталистот.‘‘

Карл Маркс, Капиталот, Том 1. Скопје: Мисла, 1975, стр. 520/521


No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...