Sunday, August 23, 2020

Разменска вредност

 Историски карактер на размената

„Размената која првобитно се случувала во производството (размена која не би била размена на разменски вредности туку размена на дејности кои би биле одредени од заедничките потреби, заедничките цели) би вклучувала во самиот почеток учество на поединецот во заедничкиот свет на производи. Врз основа на разменската вредност трудот дури сега со размената се поставува како општ...“ (МЕД, том 19, стр. 73)

Антагонистички карактер на разменската вредност

„Во целина на сегашното граѓанско општество се јавува тоа сведување на цена и нивниот промет итн. како површински процес под кој, меѓутоа, во длабочината се случуваат сосема други процеси во коишто се губи таа привидна еднаквост и слобода за индивидуите“ (МЕД, том 19, стр. 133)

„Од самиот почеток претпоставувањето на разменската вредност како објективна основа на целиот систем на производство во себе веќе вклучува присила за индивидуата, неговиот непосреден производ не е производ за него, туку тоа постанува таков во општествениот процес... Индивидуата има егзистенција ... само како производител на разменска вредност, значи, веќе е вклучена целата негација на неговата природна егзистенција...

„Во едноставното одредување на разменската вредност и парите латентно (е) содржана спротивноста меѓу наемнината и капиталот...

„Разменската вредност е... систем на еднаквост и слобода и пречките кои ... стојат во поблиското излагање на системот... се на него својствени пречки, поточно, остварувањето на еднаквоста и слободата, кои се покажуваат како нееднаквост и неслобода. Исто така е побожна како и глупа желбата да разменската вредност не се развие во капитал или да трудот кој произведува разменски вредности не се развие во наемен труд...“ (МЕД, том 19, стр. 134)

Укинување на разменската вредност

„Исто така не е можно да се укинат парите додека разменската вредност останува општествен облик на производство...“ (МЕД, том 19, стр. 53 и стр. 128)

„Поврзаност“ со општеството

„Својата општествена моќ, како и својата поврзаност со општеството, тој ја носи со себе во џебот...

„Секоја индивидуа поседува општествена моќ во облик на некој предмет. Одземете ја на предметот таа општествена моќ, па ќе морате да ја дадете на личност над личностите...“ (МЕД, том 19, стр. 62)

Предмет на размена

„Да би нешто било предмет на размена, мора да има разменска вредност, не смее да може секој да го добива без посредување во размената, не смее да се појавува во таков елементарен облик како што се општите добра.“ (МЕД, том 19, стр. 75)

„Видната глупост која сите разновидни заемни односи на луѓето ги сведува на еден однос на употребливост, оваа очигледно метафизичка апстракција произлегува од фактот што во модерното граѓанско општество сите односи практично се подведуваат под еден апстрактен паричен и трговски однос.“ 

(„Немачка идеологија“, II, стр. 133, Белград, 1964)

Промет

„Вистински промет на стоките по место и време не се остварува со пари... тоа што парите ставаат во промет не се стоките туку основата на сопственост над стоките, а она што за него во тој промет се остварува, било со купување или продавање, пак не се стоките, туку нивните цени...“ (МЕД, том 19, стр. 91) „Да би се ставиле стоките во промет... потребни се транспортни средства а тоа не можат да бидат парите...“ (МЕД, том 19, стр. 90)

Циркулационо средство

„Количината на средствата во циркулацијата зависи од брзината на циркулацијата (големите плаќања не се бројат туку се вагат; со тоа се скратува времето)“ (МЕД, том 19, стр. 91)

Распад на размената на купување и продавање

„Парите го укинуваат самиот акт на размена (трампа) во два взаемно индиферентни акта“ – купување и продажба (МЕД, том 19, стр. 95)

Злато

Auri sacra fames = Проклета глад за злато. (Вергилиј) „Лелекање на Старите Римјани и Грци за парите како извор на сето зло“ (МЕД, том 19, стр. 111)

„Богатство... што не го јадат молци и рѓа...“ (Мат. 6:19) Зборувајќи го тоа, Исус мислел на мудроста и знаењето за „бог“, а Евреите го протолкувале за златото, но дека не биле во право, се гледа од тоа што Исус вели: „И крадачи не можат да го украдат“. Маркс го цитира како што е цитирано горе.

Пари и производство

„Таму каде што парите не произлегуваат од прометот – како во Шпанија – туку се наоѓаат телесно, нацијата осиромашува, додека нациите коишто мора да работат да би го одзеле на Шпанците, ги развиваат своите извори на богатство и навистина се обогатуваат.“ (МЕД, том 19, стр. 113)

Лудост (употребна и разменска вредност)

„Таму каде што тие двете се однесуваат самостојно една спрема друга, позитивно, како во стоката, која постанува предмет на потрошувачката, таа престанува да биде момент на економскиот процес; таму каде што се однесуваат негативно, како во парите, таа постанува лудост, додуша лудост како момент во економијата и одредница на практичниот живот на народот.“ (МЕД, том 19, стр. 150)

„Моќта која секоја индивидуа ја врши над дејноста на другите или над општественото богатство постои во него како сопственик на разменските вредности, на парите, тој ја носи својата општествена моќ, како и својата поврзаност со општеството, со себе во џебот... Во разменската вредност општествениот однос на лицата е претворен во општествен однос на предметите; личната моќ е предметна.“

(K. Marx, Grundrisse der Kritik der politischen Ökonomie, Berlin, 1953, Dietz Verlag, S. 74-75)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...