Friday, June 5, 2020

Екологија


Уништување на шумите во капитализмот

„Долгото време на производство (во кое работното време е вклучено релативно само со мал обем), а оттука и долгиот период на обртот го прави одгледувањето шуми непривлечно за приватното, а оттука и за капиталистичкото стопанисување, што последново во својата сушност е приватно стопанство, дури и ако наместо одделниот капиталист истапува здружениот капиталист. Развитокот на културата и индустријата воопшто уште одамна се покажал толку активен во разрушувањето на шумите, што во споредба со ова сè што е направено за нивното одржување и производство е сосем исчезнувачка големина.“ 
(Маркс, Капиталот, том II, стр. 217, мак.изд.)


Пазарната економија не може да биде општествено-еколошки метод за рационално управување со тековините на човештвото

„Социјалната наука на капиталистичката класа, класичната политичка економија, се бави претежно само со оние општествени последици на човековите делувања, насочени на производство и размена, чие постигнување непосредно го има. Тоа потполно одговара на општествената организација на капитализмот... Ако поединечен фабрикант или трговец ја продаде изработената или купената стока само со вообичаен профит, тој е задоволен и не се грижи што ќе биде потоа со стоката и нејзините купувачи. Исто е така со природните последици на тие исти дејствија. Шпанските плантажери на Куба, кои ја запалија шумата по подножјата и чијашто пепел им даде доволно ѓубре за една генерација и високо рентабилни кавинови дрва – па што им било грижа на плантажерите што подоцна тропските дождови ја однеле сега незаштитената земја и оставија само гола карпа? При денешниот начин на производство, како во однос на природата, така и спрема општеството, доаѓа претежно во обѕир само првиот опиплив успех; и тогаш луѓето уште се чудат што понатамошните последици на работата, која се врши за постигнување на тој успех, се сосема други, повеќето потполно различни...“
 (Маркс-Енгелс, Изабрана Дела у Два тома, том II, 1950, Култура, стр. 84-85)

Колосално растурништво со отпадот во капитализмот

„Екскрементите од потрошувачката се најважни за земјоделството. Што се однесува до нивната употреба, во капиталистичкото стопанство се врши колосално растурништво; во Лондон, на пример, тоа не може ништо подобро да направи со ѓубрето од 4 ипол милиони луѓе, освен да го употреби со големи трошоци за да ја загади Темза.“
(Маркс, Капиталот, том трети, Мисла, Скопје, 1976, стр. 96)

„... на секој чекор потсетувани сме дека под никакви услови не владееме со природата како освојувачот со странските народи, како да стоиме надвор од природата - но дека ние, со тело, крв и разум, припаѓаме на природата, и постоиме во нејзина средина, и дека целото наше господарење над неа се состои во тоа што ние ја имаме предноста во однос на другите суштества да бидеме способни да ги научиме нејзините закони и да ги примениме точно“ 
Ф.Енгелс „Улогата на трудот во преминот од мајмун во човек“ 

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...