Sunday, August 23, 2020

Стоки

 „Стоките пуштени во циркулација ја постигнуваат својата цел. Секоја од нив во рацете на својот нов сопственик престанува да биде стока; секоја постанува објект на потребите и како таква според својата природа се троши.“ (МЕД, том 20, стр. 284)

„Она што во циркулацијата се разгледува само како негова форма настанува, нестанува, бидува произведено – тоа се самите пари, и ништо повеќе. Стоките се разменуваат во циркулацијата, но тие не се создаваат во неа. Циркулацијата не создава разменски вредности како и нивната големина.“ (МЕД, том 20, стр. 285)

„Било каков да е начинот на производството врз чија основа се произведени производите кои во промет влегуваат како стоки – било врз основа на првобитна заедница или робовско производство, или ситноселанско и ситнобуржоаско, или капиталистичко – тоа во ништо не го менува нивниот карактер како стоки, а како стоки тие мора да поминат низ процесот на размена и да ги променат облиците коишто го следат него.“ (МЕД, том 23, стр. 272; том 31, стр. 234-35)[1]


[1] Цитираното не го знаел Киро Глигоров во 1983 година па ширум цела СФРЈ дробеше бесмислици дека „социјалистичкото стоковно производство“ се разликува од капиталистичкото од што се гледаше дека не го прочитал Марксовиот Капитал или не го разбрал ако го читал. А беше „најголемиот Титов економист“ (така го оценуваа луѓето во тоа време) и како што тој вели подоцна за себе „Титов човек од реформи“ бидејќи тој беше креатор на сите реформи коишто имаа за цел да го спасат социјализмот, колку бил успешен се гледа од денешната состојба на работничката класа. Врз основа на овој Марксов цитат и логичарите и математичарите во квазисоцијализмот се покажале како нелогичари и страшливци. Знаеле да заклучат дека ако А = В а В = С дека и А = С. А не знаеле да заклучат дека стоката произведена во општество кое се декларира како социјалистичко е еднаква на стоката произведена во капиталистичко општество и соодветно на тоа да заклучат дека капитализмот и социјализмот се идентични што не е можно ако средствата за производство се општествена сопственост.

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...