Wednesday, September 2, 2020

Класична економија

 „Класичната економија гледа дека различните, меѓу себе туѓи облици на богатство, да ги сведе на нивното внатрешно единство и да им ја симне маската во која индиферентно стојат еден крај друг. Таа сака да ја сфати внатрешната врска за разлика од разновидноста на појавните облици. Затоа таа рентата ја сведува на суперпрофит, каде што таа како посебен, самостоен облик престанува и се одделува од својот привиден извор, земјата. Таа и на каматата ‘и го симнува нејзиниот самостоен облик и докажува дека е дел од профитот. Така, сите облици на доходот и сите самостојни облици, титулите, под кои неработниците имаат учество во вредноста на стоката, ги сведе на тој единствен облик на профит. А овој се сведува на вишок на вредноста, зашто вредноста, на секоја стока се сведува ма трудот.

Сосем поинаку стои работата со вулгарната економија, која почна да се шири веднаш откако економијата со самата своја анализа ги олабави сопствените претпоставки. Штотуку политичката економија достигна извесна ширина на развитокот – значи по А.Смит – и си даде цврсти облици, од неа се одделува еден нејзин елемент, кој е чиста репродукција на појавата како претстава за неа, нејзиниот вулгарен елемент, како посебно претставување на економијата.“ 

(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 493-494)

„Наместо вредноста да биде нивни извор, тие стануваат извор на вредноста... Бидејќи укажа на внатрешната врска, со него одеднаш повторно овладува претставата на појавата, онаа поврзаностна нештата како што таа се јавува во конкуренцијата, а во конкуренцијата секогаш се јавува превртено – насекаде поставено на глава.

Обете овие сфаќања наивно се вкрстуваат кај Адам Смит, а тој притоа да не е свесен за таа противречност. Рикардо, напротив, го апстрахира во свеста обликот на конкуренцијата, привидот на конкуренцијата, за да ги сфати законите како такви. Од една страна треба да му се префрли што не оди доста далеку, што во апстракцијата не е достатно упорен, а од друга страна, што обликот на појавата го сфаќа непосредно, директно, како доказ или непосредно пројавување на општите закони, а никако не го развива. Во однос на вистинската смисла неговата апстракција е премногу непотполна, а во однос на другите таа е формална апстракција и самата по себе погрешна.

Наопачната појдовна точка (конкуренциите) е причина што Смит изложува разлика меѓу „природната цена на стоката“ и нејзината „пазарна цена“. Рикардо го усвојува ова од него, но заборава дека „природната цена“ на А. Смит не е ништо друго, според премисите на Смит, туку цената на производството која резултира од конкуренцијата, и дека таа цена на производството кај Смит е само толку истоветна со „вредноста“ на стоката колку што Смит го заборава своето подлабоко сфаќање и останува при погрешното сфаќање, што го исцрпел од привидноста на површината – дека прометната вредност се формира со составувањето на самостојно одредените вредности на наемнината, профитот и рентата. Додека Рикардо тоа сфаќање постојано го побива, тој ја усвојува од А. Смит на тоа сфаќање заснованата конфузија за идентификување на прометната вредност и цената на производството или природната цена. Кај Смит оваа конфузија е оправдана зашто целото негово истражување на природната цена тргнува од неговото второ погрешно сфаќање на вредноста. Но, кај Рикардо е сосем неоправдана, зашто тој никаде не го усвојува тоа Смитово погрешно сфаќање, туку го побива како недоследност.“ 

(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 72)

„На кој начин од самата одредба на вредноста на стоките произлегува нивниот вишок на вредноста, профитот, а особено општата профитна стапка, тоа за Рикардо останува тајна. Единствено што тој во горните илустрации вистински докажува е тоа дека цените на стоките, доколку се одредени со општа профитна стапка, се наполно различни од нивната вредност. И до оваа разлика тој доаѓа на тој начин што профитната стапка ја претпоставува како закон. Очигледно е, значи, дека би требало да му приговори не поради преголемата апстракција, туку, напротив, поради недостиг на моќ за апстрахирање: поради неспособноста при вредностите на стоките да ги заборави профитите, факт кој доаѓа од конкуренцијата.

Зашто, Рикардо дозволува вредностите да ги одредуваат влијанија независни од работното време – туку би било на свое место тој да го фиксира поимот на „апсолутната“ или „реалната вредност“ или просто на „вредноста“ – и го укинуваат неговиот закон, наместо разликата меѓу цената на производството и вредноста да ја развие од самата одредба на вредноста.“ 
(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 43)

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...