Monday, September 7, 2020

Трговија

„...Стоковно-трговинскиот капитал – ако ги отфрлиме сите хетерогени функции, кои со него можат да бидат поврзани, како што се чување, експедиција, транспорт, разделување, деталирање, и ако го ограничиме на неговата вистинска функција на купување за продажба – не создава ни вредност ни вишок на вредност, туку само врши посредување во нивната реализација, а со тоа едновремено и во вистинската размена на стоките, во нивното преминување од едни раце во други, во општествената размена на материјата. ... Бидејќи самиот капитал на трговецот не произведува вишок на вредност, тогаш е јасно дека вишокот на вредноста, кој му се паѓа нему во формата на средниот профит, сочинува еден дел од вишокот на вредност произведен од вкупниот производен капитал. ... Јасно е дека трговецот може да го извлече својот профит од цената на стоките што ги продава, и нешто повеќе, дека овој профит што тој го прави при продажбата на своите стоки, е еднаков на разликата меѓу неговата куповна цена и неговата продажна цена, еднаков на одвишокот на последнава над првата.“

Карл Маркс, Капиталот, том 3, Скопје: Мисла, 1976, 256-58

No comments:

Post a Comment

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...