Saturday, May 8, 2021

Злато

„Природата не произведува повеќе пари отколку банкарите или курсот на размена. Но, бидејќи во буржоаското производство, богатството како фетиш мора да се кристализира во одредена материја, златото и среброто се негово соодветно олицетворение. Златото и среброто по природа не се пари, но парите се состојат по нивната природа од злато и сребро. Златото или среброто како кристализација на парите, од една страна, не е само производ на процесот на циркулација, туку всушност и единствен стабилен производ; златото и среброто се, готови примарни производи, и тие директно ги претставуваат и овие два аспекта, кои не се разликуваат по специфични форми. Универзалниот производ на општествениот процес, или самиот општествен процес кој се смета за производ, е посебен природен производ, метал, кој е содржан во земјината кора и може да се ископа. Во 760 година толпа сиромашни луѓе извадиле злато од песокот на реката јужно од Прага, а тројца биле во можност на ден да извлечат марка злато и толку големо било последователното брзање кон „копањата“ и толку голем бил бројот на рацете извлечени од земјоделството, што во следната година земјата била погодена од општа глад.“

Karl Marx: Critique of Political Economy, 1859, 4. The Precious Metals.

Saturday, December 12, 2020

Филантропија

„Самата човечка беднотија, бескрајното понижение кое мора да прима милостина, мора да ѝ служи на паричната аристократија и на аристократијата на образованоста за забава, за задоволување на нејзиното самољубие, за скокоткање на нејзината надуеност, за разонода. Многуте добротворни здруженија во Германија, многуте добротворни друштва во Франција, многуте добротворни донкихотерии во Англија, концерти, балови, театарски претстави, ручеци за сиромаштијата, дури јавното собирање на прилози за постраданите – немаат друга смисла.“ (Маркс, Светото семејство) И Маркс цитира откај Ежен Си: „Ах, мадам! Не е достатно што танцувавме во корист на овие бедни Полјаци… да бидеме филантропи докрај… да појдеме сега да вечераме во корист на бедните.“

(Ленин, Дела, том 14, Филозофски списи, стр.56, Скопје, 1981 год.)

Saturday, October 31, 2020

Здравје

 Бесот на чумата паѓа скоро исклучиво на работничката класа.

(Енгелс, Положбата на работничката класа во Англија, 1845)

 

Кога се приближуваше епидемијата, општ терор ја зафати буржоазијата во градот. Луѓето се сеќаваа на несаканите живеалишта на сиромашните и трепереа пред сигурноста дека секој од овие сиромашни квартови ќе стане центар на чумата, од каде ќе се шири пустош во сите правци низ куќите на богаташката класа.

(Енгелс, Положбата на работничката класа во Англија, 1845)

 

Првиот „Работнички статут“ (23, Eduard III 1349 г.) најде свој непосреден повод (не своја причина, бидејќи законодавството од овој вид траеше со векови без тој повод) во големата чума што го десеткуваше населението, така што, како што вели еден ториевски писател, „стана вистински неподнослива тешкотијата да се земат работници на работа под разумна цена“ (т.е. цена што ќе им дава на нивните применувачи разумна количество вишок на трудот.) Затоа со силата на законот се диктирани разумни наемнини, исто така како што се диктирани и границите на работниот ден.

(Маркс, Капиталот, том 1)

Tuesday, September 8, 2020

Употребна вредност

 „И во производството во коешто нема никакви разменски вредности, значи ни капитал, производот на трудот може да постане средство и предмет на новиот труд. На пример, во земјоделието кое произведува само употребни вредности.“ 

(МЕД, том 19, стр. 172)

Monday, September 7, 2020

Трговија

„...Стоковно-трговинскиот капитал – ако ги отфрлиме сите хетерогени функции, кои со него можат да бидат поврзани, како што се чување, експедиција, транспорт, разделување, деталирање, и ако го ограничиме на неговата вистинска функција на купување за продажба – не создава ни вредност ни вишок на вредност, туку само врши посредување во нивната реализација, а со тоа едновремено и во вистинската размена на стоките, во нивното преминување од едни раце во други, во општествената размена на материјата. ... Бидејќи самиот капитал на трговецот не произведува вишок на вредност, тогаш е јасно дека вишокот на вредноста, кој му се паѓа нему во формата на средниот профит, сочинува еден дел од вишокот на вредност произведен од вкупниот производен капитал. ... Јасно е дека трговецот може да го извлече својот профит од цената на стоките што ги продава, и нешто повеќе, дека овој профит што тој го прави при продажбата на своите стоки, е еднаков на разликата меѓу неговата куповна цена и неговата продажна цена, еднаков на одвишокот на последнава над првата.“

Карл Маркс, Капиталот, том 3, Скопје: Мисла, 1976, 256-58

Thursday, September 3, 2020

Капитализам

 „Во граѓанската економија – и продукционата епоха на која таа ‘и одговара – целосното пројавување на човечката внатрешност се појавува како целосно испразнување, ова универзално опредметување како тотално отуѓување, а отстранување на сите одредени еднострани цели како жртвување на самоцелта на една сосема надворешна цел.“

(K. Marx, Grundrisse der Kritik der politischen Ökonomie, Berlin, 1953, Dietz Verlag, S. 387)

Морал

„Каков морал денес ни проповедаат? Пред се‘ христијанско-феудален, наследен од поранешните религиозни времиња; тој пак главно се дели на католички и протестантски, а покрај тоа има уште и фракции, почнувајќи од језуитско-католичкиот и ортодоксно-протестантскиот, па се‘ до лабавиот просветителски морал. Покрај него имаме и модерно-буржоаски, а кон овој уште и пролетерски морал на иднината...“ 

(Ф. Енгелс, Анти-Диринг, оддел Морал и право, „Вечните вистини“)

„Во комунистичкото општество не може да стане збор за „должности“ и „интереси“, за две заемно комплементарни страни на спротивноста, која му припаѓа само на буржоаското општество.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 170)

„Комунистите воопшто не проповедаат морал ... на луѓето не им поставуваат морални барања: сакајте се, не бидете егоисти, итн.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 198-199)

„Со социјалистичкиот поглед на светот, осуден на смрт е секој морал, било тоа моралот на аскеза или уживање.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 343)

„Доброто и злото во сфаќањето на Марија не се морална апстракција на доброто и злото. Таа е добра зашто на никого не му сторила зло, таа секогаш била човечна спрема нечовечната околина. Таа е добра, зашто сонцето и цвеќето ‘и ја откриваат нејзината сопствена сончева и цветна природа. Нејзината положба не е добра, зашто ‘и наметнуваат неприродна присилба, зашто не е манифестирање на нејзините човечки нагони, не е остварување на нејзините човечки желби... Нејзиното минато е тешко, нечовечно, но таа поради него не се кае, туку се држи истовремено до стоичкото и епикурејското начело на една слободна и силна жена: на крајот што било, било.“

(Маркс-Енгелс, „Света породица“, Дела, том 5, стр. 149, да се види и 150-153)

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...