Sunday, August 23, 2020

Штедење

„Денешното општество поставува... парадоксално барање да треба да се откажува оној кај кого предмет на размена чинат животните средства, а не оној на кој предметите за размена му служат за збогатување...

„Кога работникот би штедел на навистина аскетски начин и така натрупувал средства за лумпенпролетаријатот, апашите итн.; кои би раснеле пропорционално на побарувачката... вложувајќи во банките... работникот би штедел за капиталот а не за себе.“ (МЕД, том 19, стр. 165)

„Тој (работникот) може да штеди повеќе или помалку, но понатаму од тоа нема да стигне.“ (МЕД, том 19, стр. 167)

Штедилниците и работникот

„Цел... да работникот во старост... не падне на терет на сиротинските домови, државата, да не отиде во просјаци, а најпосле не на терет на капиталистот.“ (МЕД, том 19, стр. 164)

Збогатување на работникот

„Кога работникот, наместо за своја цел да ја избере употребната вредност, би го избрал богатството, тој не само што не би дошол до богатство, туку покрај тоа би ја изгубил и употребната вредност. Бидејќи, по правило, максимум грижливост, работење и минимум потрошувачка (а тоа е максимум од неговото откажување и неговото заработување пари) би можеле да доведат само дотаму да за максимум работа прими минимум наемнина. Тој би можел со напрегање да го смали само општото ниво на трошоци за произведување на својот сопствен труд, а заради тоа и неговата општа цена. Само исклучиво работникот може со силата на својата волја, физичката сила и со упорност, шкртост итн. да ја претвори својата монета во пари, како исклучок на својата класа и на општите услови на своето постоење.“ (МЕД, том 19, стр. 163-64)

Централизација

Економскиот развој на нашето општество сè повеќе тежнее да се концентрира, да се поопштествува производството во огромни претпријатија со кои повеќе не може да управуваат поединечни капиталисти. Сето дрдорење за „севидечкото око на газдата“ и чудата коишто тоа ги прави се претвара во чиста глупост штом некое претпријатие достигне одредена големина. Замислете го „севидечкото око на газдата“ на лондонските и северозападните железници! Но, она што газдата не може да го прави, го можат наемните слуги на компанијата, и тоа го прават успешно.

"The Labour Standard", No. 14, August 6, 1881.

Цензура

„Вие не барајте дека розата треба да мириса како темјанушка, но најбогато, духот би смеел да постои само на еден начин? Секоја капка роса во која сјае сонцето болскоти во неисцрпливата игра на боите, но духовното сонце, доколку многу индивидуи, на чии предмети тоа исто така се крши, смее да произведе само една, само официјалната боја! Суштинската боја на духот е ведрината, светлината, а вие правите сенка за единствената појава што му одговара; само црно облечен треба тој да оди, а сепак меѓу цвеќињата не постои црн цвет. Суштината на духот секогаш е само вистината, а што правите вие со неговата суштина? Невиност. Само авантурата е ненаметлива, вели Гете, и вие сакате духот да го направите таква авантура?“

(K. Marx, Bemerkungen über die neueste preussische Zensurinstruktion, Berlin, 1958, Werke, св. 1, стр. 6)

Христијанство

Социјалните принципи на христијанството го одобруваат античкото ропство, го глорифицираат средновековното кметство и тие знаат, кога е потребно да го бранат тоа, иако со нажалено лице, и денешното угнетување на работничката класа. Социјалните принципи на христијанството го прогласуваат како нужно постоење на класите - експлоататорски класи и класи на експлоатисани и тие само изразуваат побожна желба првата класа да биде милостлива спрема другата. Социјалните принципи на христијанството ја пренесуваат на ново наградата ветена од конзисториските праведници, за сите беди, гнасотии што се прават овде на земјата, и со тоа тие го оправдуваат и понатамошното постоење на таа беда на земјата. Социјалните принципи на христијанството ги објаснуваат сите арамилаци што ќе ги направат експлоататорите над експлоатираните, или како праведна казна за прародителските и други гревови или како искушение што Господ во својата мудрост им ги праќа на луѓето што ги откупил. Социјалните принципи на христијанството го глорифицираат кукавичлукот, презирањето на самиот себе, самоунижението, покорноста, понизноста, накусо сите својства на никаквец; но за работничката класа, што не сака со неа да се постапува како со измет на човечкиот род, за нејзе храброста, свеста, чувството на понос и независноста се поважни од секојдневниот леб. Социјалните принципи на христијанството носат печат на сервилност и лицемерство, додека работничката класа е револуционерна.

Хегел

„Големото во Хегеловата Феноменологија и во нејзиниот конечен резултат – дијалектиката на негативитетот како принцип, кој поттикнува и произведува – е значи тоа што Хегел самораѓањето на човекот го сфаќа како процес, опредметувањето како распредметување, како понадворување и како укинување на тоа понадворување; значи, што ја сфаќа суштината на трудот, а предметниот човек, вистински човек, бидејќи е реален, го сфаќа како резултат на својот сопствен труд. Привремено да го антиципираме уште само следново: Хегел стои на гледиштето на модерната национална економија. Тој го сфаќа трудот како суштина, како суштина на човекот кој се потврдува; тој ја гледа само позитивната страна на трудот, а не неговата негативна страна. Трудот е настанувањето на човекот за себеси внатре во понадворувањето или понадворен човек. Трудот што го познава и признава Хегел, апстрактно е духовен.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 320)

„Прво најјасно се изразува во Феноменологијата како родно место на Хегеловата филозофија. Ако тој на пример, го сфатил богатството, државната моќ итн. како на човековото суштество отуѓени суштества, тогаш тоа се случува само во нивната мисловна форма... Тие се мисловни суштества – заради тоа само отуѓување на чистото, т.е. апстрактното филозофско мислење. Затоа целокупното движење завршува со апсолутно знаење. Од што се отуѓени тие предмети и кому му се спротивставуваат со присвојувањето на стварноста, токму тоа е апстрактното мислење. Филозофот се зема себеси – значи пак апстрактна форма на отуѓување на човекот – како мерка на отуѓен свет. Целокупната историја на понадворувањето и целокупното враќање на понадворувањето заради тоа не е ништо друго туку историја на произведување на апстрактното, т.е. на апсолутното мислење, на логичкото спекулативно мислење. Отуѓувањето, кое заради тоа е вистински интерес на тоа понадворување и укинување на тоа понадворување е спротивност меѓу по себе и за себе, меѓу свеста и самосвеста, меѓу објектот и субјектот, то ест спротивност на апстрактното мислење и сетилната вистина или на вистинската сетилност внатре во самата мисла. Сите останати спротивности и движења на тие спротивности се само привид, обвивка, егзотична форма на тие единствени интересни спротивности, кои ја сочинуваат смислата на другите профани спротивности.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 318)

„Борбата меѓу Штраус и Бауер околу супстанцијата и самосвеста е борба внатре во Хегеловите спекулации. Кај Хегел постојат три елементи, спинозистичката супстанција, Фихтеовата самосвест, Хегеловото нужно-противречно единство на обете, апсолутниот дух. Првиот елемент е метафизички травестирана природа во одвоеноста од човекот, вториот е метафизички травестираниот дух во одвоеноста од природата, третиот е метафизички травестираното единство на обата, вистинскиот човек и вистинскиот човечки род.

Штраус консеквентно го продолжувал Хегел од спинозистичко гледиште, Бауер Хегел од Фихтеовото гледиште внатре во теолошкото подрачје. Обајцата го критикувале Хегел, доколку кај него секој од овие два елемента бил од другиот расипан, додека тие секој од обата довеле до нивно еднострано, значи консеквентно изведување. Oбајцата според тоа во својата критика одат понатаму од Хегел, но обајцата остануваат исто така внатре во неговата спекулација и секој ја репрезентира само едната страна на неговиот систем.“

(F. Engels – K. Marx, Die Heilige Familie, стр. 147)

„Напишав еден дијалог од околу 24 страници: „Kleanthes или за изворот и нужниот развој на филозофијата. Уметноста и науката, кои сосема се одделиле, овде донекаде се споени, и како енергичен скитник се впуштив во самото дело, филозофско-дијалектички развој на божественоста, онака како тој се манифестира како поим по себе, како религија, како природа, како историја. Мојата последна реченица беше почеток на Хегеловиот систем, и тој труд, за кој донекаде се запознав со природната наука, со Шелинг и со историјата, а кој ми предизвика бескрајна главоболка и така е конфузно пишуван (додека тој всушност требало да биде нова логика) што сега самиот пак одвај можам во него да се соживеам, тоа е моето најдраго дете, негувано на месечината, ме носи како лажна сирена кон непријателот в раце.“

(Марксово писмо до татко му од 10 ноември 1837 год., МЕД, том 1, стр. 14)

„Според Хегел главно е што предметот на свеста не е ништо друго туку самосвест, или што предметот е само опредметената самосвест, самосвеста како предмет.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 267)

„Според Хегел предметноста не е само опредметување на самосвеста туку и нејзино отуѓување.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

„Според Хегел свеста тоа отуѓување и предметност токму така и го укина и го поврати во себе, значи постои кај себе во своето друго битие како такво. Тоа е движење на свеста и затоа е тоа тоталитет на нејзините моменти. Таа исто така мора да се однесува кон предметот според тоталитетот на своите определби и да го сфати според секоја од нив. Овој тоталитет на нејзините определби го прави по себе духовно битие, а за свеста тоа станува навистина помош за сфаќање на секој поединечно од нив како сопственост или со помош на горе назначеното духовно однесување спрема нив.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

Филозофија

„Кога имаме филозофи, кои мислат, и работни луѓе, кои се борат за нас, - каква земска сила ќе биде во состојба да го спречи нашето напредување?“ 

(МЕД, том 5, стр. 194)

„Деклинацијата на атомот со права линија не е, имено, некоја посебна определба, која случајно се јавува во Епикуровата физика. Напротив, законот што го изразува таа ја проткајува целата Епикурова филозофија, вистина на тој начин, како што се разбира само по себеси, што определеноста на неговата појава е зависна од сферата во која тој се применува.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 23)

„И навистина, непосредно постоечката поединечност е остварена во согласност со својот поим дури тогаш ако се однесува спрема нешто друго, друго што е таа самата, макар тоа другото да ѝ се спротивставува во форма на непосредна егзистенција. Така човекот дури тогаш престанува да биде природен производ кога она другото, спрема што тој се однесува, не е некоја различна егзистенција, туку и само поединечен човек иако уште не дух. А за да стане човекот како човек свој единствен вистински објект, тоа мора претходно во себеси да го скрши своето релативно постоење, моќта на копнежот и голата природа. Одбивањето е првата форма на самосвеста; заради што тоа одговара на самосвеста која себеси се појмува како она што е непосредно-постоечко, апстрактно-поединечно.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 25)

„Психолошки закон е теорискиот дух кој во себеси се ослободил да се претвора во практична енергија, истапувајќи како волја од Аментовото царство на сенките, и да се врти против стварноста на светот која постои без него. На тој начин што филозофијата како волја се врти против појавниот свет, системот се деградира до апстрактен тоталитет, то ест тој станал една страна на светот, на која ѝ се спротивставува некоја друга страна. Неговиот однос спрема светот е однос на рефлексијата. Воодушевен од нагонот да се оствари, тој стапува во судир со сите оние што се разликуваат од него. Внатрешната самодоволност и заокруженост се растроени. Она што било внатрешна светлина тоа станува пламен кој пламти и кој се врти кон надворешноста. Оттука произлегува консеквенцијата дека проникнувањето на светот со филозофијата е во ист момент и проникнување на филозофијата со световноста, дека остварувањето на филозофијата во исто време е и нејзина загуба, дека тоа вон неа против што таа се бори е нејзин внатрешен недостаток, дека во текот на борбата таа токму сама паѓа во слабости што ги спречува при својата спротивност, и дека таа тие слабости ги укинува дури на оној начин што паѓа во нив. Она што ѝ се спротивставува и против што таа се бори, секогаш е идентично со неа, само со обратни фактори.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 67-68)

„Со Фоербаховите афоризми не се согласувам само дотолку што тој укажува премногу на природата а премалку на политиката. А тоа е единствениот сојуз, со кој сегашната филозофија може да стане вистина. Но, отприлика ќе се случи како во 16-ти век, кога на ентузијастите на природата им одговарал друг ред поинаков на ентузијасти на државата.“

(K. Marx, Писмо до А. Руге од 13 март 1843 год., Odabrana pisma, стр. 54.)

„Ние, германските социјалисти, се гордееме со тоа што водиме потекло не само од Сен Симон, Фурие и Овен, туку и од Кант, Фихте и Хегел.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Избрани дела во два тома, том 2, Култура, 1950, стр. 88)

„Состојбата на Германија кон крајот на минатиот век се огледува совршено во Кантовата „Критика на практичниот ум“. Додека француската буржоазија се издигна до власта со колосална револуција, којашто во историјата е позната, и додека го освојуваше европскиот континент, додека политички веќе еманципираната англиска буржоазија ја револуционизира индустријата и ја потчинуваше Индија и сиот останат трговски свет, немоќните германски пургери стигнаа само до „добрата волја“. Кант се задоволуваше веќе и со самата „добра волја“, дури и кога таа останува без какви и да е резултати, и го поставуваше остварувањето на оваа добра волја, на ускладеноста меѓу неа и потребата и стремежот на индивидуата, на другиот свет. Оваа Кантова добра волја совршено им одговараше на немоќта, придушеноста и бедата на германскиот пургер, чии ситничарски интереси никогаш не беа способни да се развијат во општи национални интереси на една класа, и кои затоа беа експлоатирани од буржуите на сите други нации.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)

„Карактеристичната форма, која, врз вистинските класни интереси заснованиот француски либерализам, ја зеде на себе во Германија, ја наоѓаме пак кај Кант. Германските пургери и тој, којшто беше нивни гласоносец украсител, не забележува дека овие теоретски мисли на буржујот ги имаа во својата основа материјалните интереси и волјата којашто беше условена и одредена од материјалните односи на производство; затоа го одделуваше тој овој теоретски израз од интересите што тој ги изразува, ја претвораше материјално мотивираната определена волја на француските буржуи во чиста самоопределена „слободна волја“, волја самата по себе и за себе, човечка волја, и така ја пресвртуваше во чисто идеолошко појмовни одредби и морални постулати.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)


Урбанизам

 Појавата на градовите во неминовна врска со распаѓањето на родовското уредување и неговата трансформација во класно општество 

„Не се топорат без причина заканувачките ѕидини околу новите утврдени градови: во нивните окопи зјае гробот на гентилното уредување, а нивните кули веќе стрчат во цивилизацијата.“

(Engels, Porijeklo porodice, privatnog vlasništva i države, Zagreb, 1945, str. 150) 

„Историјата на класичната антика е историја на градовите, но таква историја на градовите што се засновува врз сопственоста на земјата и на земјоделството.“

(Маркс, Пролетерска револуција, број 3/1939, на руски) 

Во феудализмот селото политички владее над градот,

а градот економски го искористува селото 

„Ако во Средниот век селото политички го експлоатира градот секаде каде што феудализмот не е скршен со исклучителен развој на градовите, како во Италија, градот секаде и без исклучоци економски го експлоатира селото со своите монополски цени, со даночниот систем, со својот еснафски поредок и со непосредните трговски манипулации и лихварството.“

(Маркс, Капитал, том трети, стр. 852)

Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...