Sunday, March 13, 2022

Историски материјализам

 „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактика одредила, потребно е само да се примени оваа теорија на економските и политичките прилики во земјата за која станува збор.“

(том 43, стр. 274)

„Кога општествените карактери што ги добиваат работите, или материјалните карактери кои ги добиваат општествените одредби за трудот врз основа на некој одреден начин на производство, се прогласат за прости знаци, се прогласуваат тие воедно и за произволни производи на човечкото размислување...“

(том 21, стр.91)

„Тие различни услови, кои прво се јавуваат како услови на самодејност, а подоцна како нејзини окови прават во целиот историски развој поврзан низ облици, чија што поврзаност се состои во тоа што на место на претходниот облик на општење, кој постанал оков, се става нов, кој соодветствува на поразвиените производни сили а со тоа и на попрогресивниот начин на самодејност на индивидуата, облик кој од своја страна пак постанува оков и тогаш се заменува со друг облик...“

(том 6, стр.62) 

„Економските категории се само теориски израз, апстракција на општествените производни односи... Овие одредени општествени односи се исто така производ на луѓето како што се платното, штофот итн. Општествените односи тесно се поврзани со производните сили.  Стекнувајќи нови производни сили, луѓето го менуваат својот начин на производство, а менувајќи го начинот на производството, начинот на кој ги подмируваат своите животни потреби, ги менуваат и своите општествени односи. Рачната мелница дава општество со феудални господари, парниот млин општество со индустриски капиталисти...“

(том 7, стр.105)

Friday, June 25, 2021

Плати

 „Која е, тогаш, вредноста на работната сила? Како и секоја друга стока, нејзината вредност се одредува според количината на труд неопходна за да се произведе. Работната сила на човекот постои само во неговата жива индивидуалност. Одредена маса на нужни работи мора да ги потроши човекот за да порасне и да се одржи во живот. Но, човекот, како и машината, ќе се истроши и мора да биде заменет со друг човек. Покрај масата неопходни потреби за сопствено одржување, тој сака уште една сума на неопходни средства за да порасне одреден број деца што ќе го заменат на пазарот на трудот и ќе ја продолжат расата на работници. Покрај тоа, за да се развие неговата работна сила и да се здобие со одредена вештина, мора да се потроши друга количина вредности.“

(Карл Маркс, Вредност, цена и профит, 1865) 

„Крајната граница [на платите] е одредена од физичкиот елемент, т.е  да се одржи и репродуцира, да го продолжи своето физичко постоење, работничката класа мора да ги добие потребните работи што се апсолутно неопходни за живот и размножување. Вредноста на тие потребни работи ја формира крајната граница на вредноста на трудот.“

(Карл Маркс, Вредност, цена и профит, 1865) 

„Вредноста на работната сила е одредена, не само од времето потребно за да се одржи индивидуалниот возрасен работник туку и од времето неопходно за одржување на неговото семејство.“

(Карл Маркс, Капитал, том 1. Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“, 1867) 

„Сопственикот на работната сила е смртен. Да требаше неговата појава на пазарот да биде континуирана, а континуираното претворање на парите во капитал го налага тоа, продавачот на работната сила мора да го продолжи својот живот, на начинот на кој секој поединец го продолжува својот живот, со размножување. Работната сила повлечена од пазарот поради старост и смрт, мора постојано да се заменува со нова, во најмала рака, еднаква количина на претходната. Оттука, збирот на средствата за живот неопходни за производство на работна сила мора да ги содржи потребните средства за замената на работникот, т.е. неговите деца, со цел оваа раса на чудесни сопственици на стоки да може да продолжи да се појавува на пазарот.“

(Карл Маркс, Капитал, том 1., Поглавје 6 „Купување и продажба на работна сила“. Дел 3., 1867)

„Која е вредноста на работната сила? Вредноста на секоја стока се мери со трудот потребен за нејзиното производство. Работната сила постои во форма на жив работник кој бара одредено количество средства за егзистенција за неговото постоење, како и за издржување на неговото семејство, што овозможува продолжување на работната сила и по неговата смрт. Работното време потребно за производство на овие средства за живот затоа ја претставува вредноста на работната сила. Капиталистот плаќа за тоа неделно и со тоа купува една недела труд на работникот. За сега господата економисти во голема мера ќе се сложат со нас во однос на вредноста на работната сила.“

(Фридрих Енгелс, Преглед на том еден од Капиталот за „Демократишес Вохенблат“, 1868) 

„За да се измени човечкиот организам, та тој да може да стекне вештина и умешност во дадена гранка на индустрија и да стане работна сила од посебен вид, потребно е посебно образование или обука, а тоа, од своја страна, чини еквиваленти на стоки од различна количина. Оваа сума варира во зависност од различната сложеност на карактерот на работната сила. Трошоците за ова образование (претерано ниски во случај на обична работна сила), влегуваат така во вкупната вредност потрошена за неговото производство.“

(Карл Маркс, Капиталот, Том 1, Дел 3, Поглавје 6 „Купување и продажба на работната сила“, 1867) 

„Машините, со приклучување на секој член од семејството во пазарот на трудот, ја распределуваат вредноста на работната сила од мажот врз целото негово семејство. Со тоа се амортизира, се намалува вредноста на неговата работна сила. Да се купи работна сила на четиричлено семејство, можеби чини повеќе отколку што би чинела само работната сила на мажот, но, за возврат, четиридневниот труд го зазема местото на еден, а нивната цена паѓа пропорционално на вишокот труд од четворица над вишокот на трудот на еден човек. За да може семејството да живее, сега четири лица мораат не само да работат туку и да трошат вишок труд за капиталистот. Така гледаме дека машинеријата, додека го зголемува човечкиот материјал што го чини главниот предмет на експлоататорската моќ на капиталот, во исто време го зголемува степенот на експлоатација.“

(Карл Маркс, Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“. Капиталот, том 1., 1867)

Saturday, May 8, 2021

Злато

„Природата не произведува повеќе пари отколку банкарите или курсот на размена. Но, бидејќи во буржоаското производство, богатството како фетиш мора да се кристализира во одредена материја, златото и среброто се негово соодветно олицетворение. Златото и среброто по природа не се пари, но парите се состојат по нивната природа од злато и сребро. Златото или среброто како кристализација на парите, од една страна, не е само производ на процесот на циркулација, туку всушност и единствен стабилен производ; златото и среброто се, готови примарни производи, и тие директно ги претставуваат и овие два аспекта, кои не се разликуваат по специфични форми. Универзалниот производ на општествениот процес, или самиот општествен процес кој се смета за производ, е посебен природен производ, метал, кој е содржан во земјината кора и може да се ископа. Во 760 година толпа сиромашни луѓе извадиле злато од песокот на реката јужно од Прага, а тројца биле во можност на ден да извлечат марка злато и толку големо било последователното брзање кон „копањата“ и толку голем бил бројот на рацете извлечени од земјоделството, што во следната година земјата била погодена од општа глад.“

Karl Marx: Critique of Political Economy, 1859, 4. The Precious Metals.

Saturday, December 12, 2020

Филантропија

„Самата човечка беднотија, бескрајното понижение кое мора да прима милостина, мора да ѝ служи на паричната аристократија и на аристократијата на образованоста за забава, за задоволување на нејзиното самољубие, за скокоткање на нејзината надуеност, за разонода. Многуте добротворни здруженија во Германија, многуте добротворни друштва во Франција, многуте добротворни донкихотерии во Англија, концерти, балови, театарски претстави, ручеци за сиромаштијата, дури јавното собирање на прилози за постраданите – немаат друга смисла.“ (Маркс, Светото семејство) И Маркс цитира откај Ежен Си: „Ах, мадам! Не е достатно што танцувавме во корист на овие бедни Полјаци… да бидеме филантропи докрај… да појдеме сега да вечераме во корист на бедните.“

(Ленин, Дела, том 14, Филозофски списи, стр.56, Скопје, 1981 год.)

Saturday, October 31, 2020

Здравје

 Бесот на чумата паѓа скоро исклучиво на работничката класа.

(Енгелс, Положбата на работничката класа во Англија, 1845)

 

Кога се приближуваше епидемијата, општ терор ја зафати буржоазијата во градот. Луѓето се сеќаваа на несаканите живеалишта на сиромашните и трепереа пред сигурноста дека секој од овие сиромашни квартови ќе стане центар на чумата, од каде ќе се шири пустош во сите правци низ куќите на богаташката класа.

(Енгелс, Положбата на работничката класа во Англија, 1845)

 

Првиот „Работнички статут“ (23, Eduard III 1349 г.) најде свој непосреден повод (не своја причина, бидејќи законодавството од овој вид траеше со векови без тој повод) во големата чума што го десеткуваше населението, така што, како што вели еден ториевски писател, „стана вистински неподнослива тешкотијата да се земат работници на работа под разумна цена“ (т.е. цена што ќе им дава на нивните применувачи разумна количество вишок на трудот.) Затоа со силата на законот се диктирани разумни наемнини, исто така како што се диктирани и границите на работниот ден.

(Маркс, Капиталот, том 1)

Tuesday, September 8, 2020

Употребна вредност

 „И во производството во коешто нема никакви разменски вредности, значи ни капитал, производот на трудот може да постане средство и предмет на новиот труд. На пример, во земјоделието кое произведува само употребни вредности.“ 

(МЕД, том 19, стр. 172)

Monday, September 7, 2020

Трговија

„...Стоковно-трговинскиот капитал – ако ги отфрлиме сите хетерогени функции, кои со него можат да бидат поврзани, како што се чување, експедиција, транспорт, разделување, деталирање, и ако го ограничиме на неговата вистинска функција на купување за продажба – не создава ни вредност ни вишок на вредност, туку само врши посредување во нивната реализација, а со тоа едновремено и во вистинската размена на стоките, во нивното преминување од едни раце во други, во општествената размена на материјата. ... Бидејќи самиот капитал на трговецот не произведува вишок на вредност, тогаш е јасно дека вишокот на вредноста, кој му се паѓа нему во формата на средниот профит, сочинува еден дел од вишокот на вредност произведен од вкупниот производен капитал. ... Јасно е дека трговецот може да го извлече својот профит од цената на стоките што ги продава, и нешто повеќе, дека овој профит што тој го прави при продажбата на своите стоки, е еднаков на разликата меѓу неговата куповна цена и неговата продажна цена, еднаков на одвишокот на последнава над првата.“

Карл Маркс, Капиталот, том 3, Скопје: Мисла, 1976, 256-58

Thursday, September 3, 2020

Капитализам

 „Во граѓанската економија – и продукционата епоха на која таа ‘и одговара – целосното пројавување на човечката внатрешност се појавува како целосно испразнување, ова универзално опредметување како тотално отуѓување, а отстранување на сите одредени еднострани цели како жртвување на самоцелта на една сосема надворешна цел.“

(K. Marx, Grundrisse der Kritik der politischen Ökonomie, Berlin, 1953, Dietz Verlag, S. 387)

Морал

„Каков морал денес ни проповедаат? Пред се‘ христијанско-феудален, наследен од поранешните религиозни времиња; тој пак главно се дели на католички и протестантски, а покрај тоа има уште и фракции, почнувајќи од језуитско-католичкиот и ортодоксно-протестантскиот, па се‘ до лабавиот просветителски морал. Покрај него имаме и модерно-буржоаски, а кон овој уште и пролетерски морал на иднината...“ 

(Ф. Енгелс, Анти-Диринг, оддел Морал и право, „Вечните вистини“)

„Во комунистичкото општество не може да стане збор за „должности“ и „интереси“, за две заемно комплементарни страни на спротивноста, која му припаѓа само на буржоаското општество.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 170)

„Комунистите воопшто не проповедаат морал ... на луѓето не им поставуваат морални барања: сакајте се, не бидете егоисти, итн.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 198-199)

„Со социјалистичкиот поглед на светот, осуден на смрт е секој морал, било тоа моралот на аскеза или уживање.“ 

(Маркс – Енгелс, Немачка идеологија, Дела, том 6, стр. 343)

„Доброто и злото во сфаќањето на Марија не се морална апстракција на доброто и злото. Таа е добра зашто на никого не му сторила зло, таа секогаш била човечна спрема нечовечната околина. Таа е добра, зашто сонцето и цвеќето ‘и ја откриваат нејзината сопствена сончева и цветна природа. Нејзината положба не е добра, зашто ‘и наметнуваат неприродна присилба, зашто не е манифестирање на нејзините човечки нагони, не е остварување на нејзините човечки желби... Нејзиното минато е тешко, нечовечно, но таа поради него не се кае, туку се држи истовремено до стоичкото и епикурејското начело на една слободна и силна жена: на крајот што било, било.“

(Маркс-Енгелс, „Света породица“, Дела, том 5, стр. 149, да се види и 150-153)

Уметност

 „Кај уметноста е познато дека одредени периоди на нејзиниот процут никако не стојат во сразмера со општиот развиток на општеството, па, значи, ни со материјалната основа. На пример, Грците во споредба со модерното или со Шекспир. За извесни облици на уметноста, на пример за епот, дури е признаено дека тие никогаш не можат да се произведуваат во нивниот светско-епохален, класичен вид штом настане уметничкото производство како такво; значи дека во областа на самата уметност извесни нејзини важни облици се можни само на некој неразвиен степен од развојот на уметноста. Ако е тоа случај во однос на различните родови на уметноста, уште помалку е необично што е тоа случај со целата уметност спрема општиот развиток на општеството.“

(К. Маркс, „Прилог критици политичке економије“, стр. 200, Белград, 1956)

„Во комунистичката организација на општеството во секој случај отпаѓа потчинувањето на уметникот на локалната и националната ограниченост, којашто во целост произлегува од поделбата на трудот, и отпаѓа подредувањето на индивидуата на една определена уметност, да е таа исклучиво сликар, скулптор итн., а веќе и името достатно ја изразува ограниченоста на неговиот професионален развиток и неговата зависност од поделбата на трудот. Во комунистичкото општество нема сликари, туку само луѓе, кои, меѓу другото, и сликаат.“ 

(Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 113)

„Благодарејќи на човечкиот труд, човечката рака го достигна оној висок степен на совршенство со кое можеа да се создадат Рафаеловите слики, Тровалдсеновите статуи и Паганиниевата музика.“ 

(Ф. Енгелс, Улога на трудот во претворање на мајмунот во човек, Маркс – Енгелс, Избрани дела, II, Загреб, 1950, стр. 71)

„Загрижен и сиромашен човек нема смисла ни за најубавата театарска претстава; трговецот со минерали ја гледа само трговската вредност, а не ја гледа убавината ниту особената природа на минералот, тој нема минералошка смисла. Значи, опредметувањето на човечкото битие, како во теоретски така и во практичен однос, беше потребно како за тоа човековото сетило да се направи човечко, така и да создаде човечко сетило коешто одговара на целокупното богатство на човечкото и природното битие.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 282)

„Човечкото око поинаку ужива отколку грубото, нечовечкото око, човечкото уво поинаку отколку грубото уво.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)

„Животното обликува само по мерата и потребата на видот на кој припаѓа, додека човекот знае да произведува според мерката на секој вид и знае секогаш на предметот да му даде инхерентна мера; затоа човекот обликува и според законите на убавината.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 252)

„Санчо вообразува дека Рафаел ги создал своите слики независно од поделбата на трудот, којашто во негово време постоела во Рим. Ако тој го спореди Рафаел со Леонардо да Винчи и Тицијан, може да види колку ремек-делата на првиот се условени од тогашниот расцут на Рим којшто се беше развил под флорентинското влијание, колку ремек-делата на вториот зависеле од условите на Фиренца, и подоцна ремек-делата на третиот од наполно различниот развиток на Венеција. Рафаел, исто така како и секој друг уметник, беше условен од техничкиот напредок на уметноста, кој пред него беше направен, од организацијата на општеството и поделбата на трудот во неговото место и време, и конечно од поделбата на трудот во сите земји со кои неговото место општело. За таквата индивидуа, како што е Рафаел, да го развие својот талент, зависи од поделбата на трудот и од неа произлезените односи на просветеноста на трудот.“ (Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 112)

„Но, тешкотијата не е во тоа да се разбере дека грчката уметност и епот се врзани со извесни облици на општествениот развиток. Тешкотијата е во тоа да се разбере зошто тие нам уште ни овозможуваат уметничко уживање и зошто во извесен поглед важат како норма и недостижен пример.“ (К. Маркс, Прилог на критиката на политичката економија, оп. цит., стр. 200-202)

Буржоазија

„Основниот услов за суштествувањето и превласта на буржоаската класа е образувањето и зголемувањето на капиталот; услов за суштествување на капиталот е наемниот труд. Наемниот труд исклучиво постои поради конкуренцијата помеѓу работниците. Напредокот на индустријата, чиј слеп носител е буржоазијата, ја заменува изолацијата на работниците, поради конкуренцијата, со револуционерно спојување поради здружувањето. На тој начин, развитокот на крупната индустрија ги поткопува темелите на силата на буржоазијата со која таа произведува и ги присвојува производите. Она што буржоазијата го произведува, пред cè, е својот сопствен гробар. Нејзиното пропаѓање и победата на пролетаријатот ce подеднакво неизбежни.“

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 26)

„Целината на капиталистичката класа на некоја земја не може самата себе да се лаже.“ 

(Маркс, Капитал, том I, стр. 114, Белград, 1947)

„Само до колку е капиталистот персонифициран капитал, тој има историска вредност и она историско право на суштествување кое, како што вели остроумниот Лихновски, нема никаков датум. И само до толку преодната неопходност на неговото сопствено суштествување се вклучува во преодната неопходност на капиталистичкиот начин на производство. Но до толку и неговиот движечки мотив не е употребна вредност и уживање, туку разменска вредност и нејзино зголемување. Како фанатик за оплодувањето на вредноста, тој без обѕир го присилува човештвото кон производство заради производство, а со тоа и кон развиток на општествените производни сили и кон создавање материјални услови за производство, што единствени можат да ја сочинуваат реалната база на една повисока општествена форма, чиј основен принцип е полниот и слободен развиток на секоја индивидуа. Капиталистот може да се респектира само како персонификација на капиталот. Како таков тој го дели со собирачот на благо, апсолутниот стремеж за збогатување. Но тоа што се покажува кај последниов како индивидуална манија, кај капиталистот е дејство на општествениот механизам, во кој е тој само едно движечко колце. Освен тоа, развитокот на капиталистичкото производство го прави нужно постојаното зголемување на капиталот вложен во некое индустриско претпријатие, а конкуренцијата му ги наложува на секој индивидуален капиталист внатрешните закони на капиталистичкиот начин на производство како надворешни присилни закони. Таа го присилува него, постојано да го проширува својот капитал, за да го одржи, а тој може него да го проширува само со прогресивна акумулација. Поради тоа, до колку се неговите постапки само функција на капиталот обдарен во неговото лице со волја и свест, неговата сопствена приватна потрошувачка важи како пљачка на акумулацијата на неговиот капитал, како што во италијанското книговодство, приватните издатоци фигурираат на страната на долговите на капиталистот спроти капиталот. Акумулацијата е освојување на светот на општественото богатство. Ширејќи ја масата на експлоатираниот човечки материјал, таа едновремено го шири директното и индиректното господство на капиталистот.‘‘

Карл Маркс, Капиталот, Том 1. Скопје: Мисла, 1975, стр. 520/521


Пролетаријат

 „Од сите класи што стојат денеска наспротив буржоазијата само пролетаријатот е вистински револуционерна класа. Сите други класи ce растројуваат и пропаѓаат со развитокот на крупната индустрија, додека пролетаријатот е нејзин сопствен производ.

Средните сталежи: ситниот индустријалец, ситниот трговец, занаетчијата, селанецот — сите тие ce борат против буржоазијата за да го обезбедат од пропаѓање својот опстанок како средни сталежи. Тие, значи, не ce револуционерни, ами конзервативни. Дури и нешто повеќе, тие ce реакционерни, зашто сакаат да го свртат назад тркалото на историјата. Ако ce револуционерни, тогаш ce такви дотолку доколку им претстои преминување во редовите на пролетаријатот, доколку тие не ги бранат своите сегашни, ами своите идни интереси, доколку го напуштаат своето сопствено становиште за да застанат на становиштето на пролетаријатот.

Лумпенпролетаријатот, тој пасивен производ од гниењето на најдолните слоеви на старото општество, ќе биде делумно вовлечен од пролетерската револуција во движењето, но по целата своја животна положба тој многу повеќе е наклонет да ce продаде за реакционерни сплетки.

Животните услови на старото општество ce веќе уништени во животните услови на пролетаријатот. Пролетаријатот нема сопственост; неговиот однос спрема жената и децата нема повеќе ништо заедничко, со буржоаските семејни односи: современиот индустриски труд, современото робување на капиталот, еднакво во Англија, како и во Франција, во Америка како и во Германија, избришаа од него секаков национален карактер. Законите, моралот, религијата за него ce само буржоаски предрасуди, зад кои ce кријат буржоаските интереси.

Сите поранешни класи што ја освојуваа власта за себеси ce стремеа да ја осигурат својата извојувана животна положба, потчинувајќи го целото општество на условите што го обезбедуваа нивниот начин на присвојување. Пролетерите можат да ги освојат општествените производни сили само така ако го укинат својот сопствен досегашен начин на присвојување, a со тоа и целиот досегашен начин на присвојување. Пролетерите немаат ништо свое што би требало да го осигурат, тие мораат да разрушат cè што ја осигурувало и обезбедувало досега приватната сопственост.“ 

(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 25)

„Пролетаријатот поминува низ повеќе степени на. развиток. Неговата борба против буржоазијата започнува со денот кога започнува неговото постоење.

Отпрвин ce борат одделни работници, потоа работниците на една фабрика, па работниците од една гранка на трудот во едно место против одделен буржуј што непосредно ги експлоатира. Работниците не ги управуваат своите напади само против буржоаските производствени односи, тие ги управуваат нив и против самите производствени орудија; тие ги уништуваат странските конкурентски стоки, ги искршуваат машините, ги запалуваат фабриките, ce обидуваат да ја повратат изгубената положба на средновековниот работник.

На тој степен работниците ce сè уште маса растурена по целата земја и раздробена од конкуренцијата. Помасовното сплотување на работниците уште не е последица од нивното сопствено здружување, ами само последица од здружувањето на буржоазијата, која заради постигнување на своите сопствени политички цели мора и засега уште може да го стави во движење целиот пролетаријат. На тој степен пролетаријатот, значи, не води борба против своите непријатели, туку против непријателите на своите непријатели, против останките од апсолутната монархија, против земјовладелците, против неиндустриските буржуи, против малограѓаните. Така, целото историско движење е концентрирано во рацете на буржоазијата; секоја победа извојувана во такви услови е победа на буржоазијата.

Но со развитокот на индустријата не доаѓа само до намножување на пролетаријатот; тој ce сплотува во поголеми маси, неговата сила расте и тој cè повеќе ја чувствува. Интересите, животните услови кај пролетаријатот cè повеќе и повеќе ce изедначуваат, зашто машината cè повеќе ги брише разликите во работата, a надницата ја срозува речиси насекаде на еднакво ниско рамниште. Cè поголемата конкуренција меѓу самата буржоазија и трговските кризи што оттука произлегуваат го обусловуваат cè поголемото колебање на наемнината на работниците; cè побрзото непрекинато подобрување на машините ја прави животната положба на пролетерите ce понесигурна; судирите меѓу одделниот работник и одделниот буржуј cè повеќе придобиваат карактер на судири меѓу две класи. Работниците започнуваат да создаваат коалиции против буржуите; тие ce соединуваат за заштита на својата наемнина. Тие основаат дури и трајни здруженија, за да ce снабдат со средства за во случај на бунт. На места борбата ce претворува во побуни.

Од време на време победуваат работниците, но тие победи ce само преодни. Вистинскиот резултат на нивната борба не е непосредниот успех, ами здружувањето на работниците, кое cè повеќе ce шири. За тоа спомага порастот на сообраќајните средства што ги произведува крупната индустрија и што ги доведуваат во врска работниците од разни места. Само таа врска е и потребна, па многуте локални борби, кои ce насекаде од ист карактер, да ce централизираат во национална класна борба. A секоја класна борба е политичка борба.“ 
(К. Маркс, Ф. Енгелс, „Изабрана дела“, том I, Култура, Београд, 1949, стр. 22-24)

Wednesday, September 2, 2020

Индустриска револуција

„Историјата на работничката класа во Англија почнува во втората половина на минатиот век со пронаоѓањето на парната машина и машината за преработка на памук. Тие пронајдоци, како што е познато, ‘и дадоа поттик на индустриската револуција, која во исто време го преобрази целото граѓанско општество, а чие светско-историско значење дури сега почнува да се увидува. Англија е класичната почва на овој пресврт, којшто беше дотолку посилен доколку се спроведуваше со помала врева, и затоа Англија е класична земја за развитокот на нејзиниот најглавен резултат, пролетаријатот.“ 

(Фридрих Енгелс, „Положај радничке класе у Енглеској“, Култура, Београд, 1951, стр. 14)

„Луѓето пред индустриската револуција во своето тихо вегетирање се чувствуваа пријатно, па и да ја немаше индустриската револуција, тие никогаш не би го напуштиле тој романтично-добродушен, но за еден човек, сепак, недостоен живот. Тие и не беа луѓе, туку само работни машини во служба на мал број аристократи, коишто дотогаш управуваа со текот на историјата, индустриската револуција само ги изведе сите консеквенци од тој факт, наполно претворајќи ги работниците во вистински машини и одземајќи им го и последниот остаток на самостојниот труд, но токму со тоа ги принуди да мислат и да бараат положба којашто е достојна за човекот. Како што во Франција политиката, така во Англија индустријата и движењето на буржоаското општество беа оние, коишто во вителот на историјата ги вовлекоа и последните класи што беа потонати во апатија спрема општите човечки интереси.“ 

(Фридрих Енгелс, „Положај радничке класе у Енглеској“, Култура, Београд, 1951, стр. 17)

„Меѓутоа, развитокот на индустријата не остана на машинска замена на живиот труд. Некои капиталисти почнаа да инсталираат „џени“-машини во големи згради и да ги движат со водена сила, и затоа можеа да го намалат бројот на работниците и својата преѓа да ја продаваат поевтино од оној што беше индивидуален производител и кој што машината ја движеше само со рака. „Џени“ се‘ повеќе и повеќе се усовршуваше, така што секој момент една машина стануваше застарена, па мораше да се менува или сосема да се исфрла; а ако капиталистот, затоа што ја искористуваше водената сила, уште и можеше да се држи служејќи се со постари машини, на индивидуалниот производител тоа за подолго време му беше неможно. Тоа беше почетокот на фабричкиот систем. А сите тие машини станаа двојно позначајни со парната машина, која што околу 1764 ја пронајде Џемс Ват, а која од 1785 се применува за погон на машините – предилки.

Со тие пронајдоци, коишто секоја година се‘ повеќе се усовршуваа, беше одлучена победата на машинската работа над рачната работа во главните гранки на англиската индустрија. Последица од тоа беше на една страна нагло опаѓање на цените на сите манифактурни стоки, цутење на трговијата и индустријата, освојување на речиси сите царински незаштитени странски пазари, нагло зголемување на капиталот и националното богатство; на друга страна – уште побрзо умножување на пролетаријатот, уништување на секој нивни имот, лишување на работничката класа од секоја сигурна заработка, деморализација, политичка возбуденост и сите оние на имотните Англичани толку одвратни факти.“ 

(Фридрих Енгелс, „Положај радничке класе у Енглеској“, Култура, Београд, 1951, стр. 19-20)

„Како што новата индустрија стануваше значајна дури откако алатите ги претвори во машини, а занаетчиските работилници во фабрики, а со тоа и работната средна класа во работен пролетаријат, дотогашните крупните трговци во фабриканти; како што, значи, средната класа веќе тука е истисната, а населението редуцирано на спротивност меѓу работниците и капиталистите, така истото се случуваше и надвор од областа на индустријата во потесна смисла, во занаетите па и во трговијата. На местото на некогашните мајстори и калфи се појавија крупни капиталисти и работници лишени од секоја надеж од својата класа да се издигнат во капиталистичката; во занаетите завладеа фабрички систем, поделбата на трудот строго е спроведена и ситните мајстори, коишто не можеа да им конкурираат на големите претпријатија, потонаа во класата на пролетаријатот. Во исто време, поради уништувањето на дотогашните занаетчиски дуќани и на ситната буржоазија, на работникот му беше одземена секоја можност да стане буржуј. До тогаш тој секогаш имаше изгледи дека како самостоен мајстор ќе може некако постојано да се настани, да почне можеби да најде и помошник; но, сега, кога и самите мајстори се потиснати од фабрикантите, кога за самостојното производство е потребен капитал, стана пролетаријатот постојана класа на населението, додека порано беше само една етапа во преминот кон буржоазијата. Кој е роден како работник немаше никакви изгледи освен целиот живот да остане пролетер. Дури сега, значи, пролетаријатот беше во состојба да создаде свое самостојно движење.“ 

(Фридрих Енгелс, „Положај радничке класе у Енглеској“, Култура, Београд, 1951, стр. 30-31)

„Карактеристичниот тек на животот на модерната индустрија, ја претпоставува формата на десетгодишен циклус со мали колебања на период на средно оживнување, на производство под висок напон, на криза и стагнација што почива врз постојаното образување, врз поголемо или помало апсорбирање и врз повторно образување на индустриската резервна армија, или на пренаселеноста. Сменувањето на индустрискиот циклус, од своја страна, ја наголемува пренаселеноста и станува еден од факторите за нејзино најенергично препроизводство.“

(Карл Маркс, „Капиталот“, том 1, Мисла, Скопје, стр. 558)

„Може да се разбере глупоста на економската мудрост што им проповеда на работниците да го натокмат својот број според потребите на оплодувањето на капиталот. Како механизмот на капиталистичкото производство и акумулацијата да не го дотерува постојано овој број според своите потреби за оплодување. Првиот збор на ова натокмување е создавањето една релативна пренаселеност или индустриска резервна армија, а последниот збор – беда за сè поголеми слоеви од активната работничка армија и мртвиот баласт на пауперизмот.“
(Карл Маркс, „Капиталот“, том 1, Мисла, Скопје, стр. 568-69)

Класична економија

 „Класичната економија гледа дека различните, меѓу себе туѓи облици на богатство, да ги сведе на нивното внатрешно единство и да им ја симне маската во која индиферентно стојат еден крај друг. Таа сака да ја сфати внатрешната врска за разлика од разновидноста на појавните облици. Затоа таа рентата ја сведува на суперпрофит, каде што таа како посебен, самостоен облик престанува и се одделува од својот привиден извор, земјата. Таа и на каматата ‘и го симнува нејзиниот самостоен облик и докажува дека е дел од профитот. Така, сите облици на доходот и сите самостојни облици, титулите, под кои неработниците имаат учество во вредноста на стоката, ги сведе на тој единствен облик на профит. А овој се сведува на вишок на вредноста, зашто вредноста, на секоја стока се сведува ма трудот.

Сосем поинаку стои работата со вулгарната економија, која почна да се шири веднаш откако економијата со самата своја анализа ги олабави сопствените претпоставки. Штотуку политичката економија достигна извесна ширина на развитокот – значи по А.Смит – и си даде цврсти облици, од неа се одделува еден нејзин елемент, кој е чиста репродукција на појавата како претстава за неа, нејзиниот вулгарен елемент, како посебно претставување на економијата.“ 

(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 493-494)

„Наместо вредноста да биде нивни извор, тие стануваат извор на вредноста... Бидејќи укажа на внатрешната врска, со него одеднаш повторно овладува претставата на појавата, онаа поврзаностна нештата како што таа се јавува во конкуренцијата, а во конкуренцијата секогаш се јавува превртено – насекаде поставено на глава.

Обете овие сфаќања наивно се вкрстуваат кај Адам Смит, а тој притоа да не е свесен за таа противречност. Рикардо, напротив, го апстрахира во свеста обликот на конкуренцијата, привидот на конкуренцијата, за да ги сфати законите како такви. Од една страна треба да му се префрли што не оди доста далеку, што во апстракцијата не е достатно упорен, а од друга страна, што обликот на појавата го сфаќа непосредно, директно, како доказ или непосредно пројавување на општите закони, а никако не го развива. Во однос на вистинската смисла неговата апстракција е премногу непотполна, а во однос на другите таа е формална апстракција и самата по себе погрешна.

Наопачната појдовна точка (конкуренциите) е причина што Смит изложува разлика меѓу „природната цена на стоката“ и нејзината „пазарна цена“. Рикардо го усвојува ова од него, но заборава дека „природната цена“ на А. Смит не е ништо друго, според премисите на Смит, туку цената на производството која резултира од конкуренцијата, и дека таа цена на производството кај Смит е само толку истоветна со „вредноста“ на стоката колку што Смит го заборава своето подлабоко сфаќање и останува при погрешното сфаќање, што го исцрпел од привидноста на површината – дека прометната вредност се формира со составувањето на самостојно одредените вредности на наемнината, профитот и рентата. Додека Рикардо тоа сфаќање постојано го побива, тој ја усвојува од А. Смит на тоа сфаќање заснованата конфузија за идентификување на прометната вредност и цената на производството или природната цена. Кај Смит оваа конфузија е оправдана зашто целото негово истражување на природната цена тргнува од неговото второ погрешно сфаќање на вредноста. Но, кај Рикардо е сосем неоправдана, зашто тој никаде не го усвојува тоа Смитово погрешно сфаќање, туку го побива како недоследност.“ 

(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 72)

„На кој начин од самата одредба на вредноста на стоките произлегува нивниот вишок на вредноста, профитот, а особено општата профитна стапка, тоа за Рикардо останува тајна. Единствено што тој во горните илустрации вистински докажува е тоа дека цените на стоките, доколку се одредени со општа профитна стапка, се наполно различни од нивната вредност. И до оваа разлика тој доаѓа на тој начин што профитната стапка ја претпоставува како закон. Очигледно е, значи, дека би требало да му приговори не поради преголемата апстракција, туку, напротив, поради недостиг на моќ за апстрахирање: поради неспособноста при вредностите на стоките да ги заборави профитите, факт кој доаѓа од конкуренцијата.

Зашто, Рикардо дозволува вредностите да ги одредуваат влијанија независни од работното време – туку би било на свое место тој да го фиксира поимот на „апсолутната“ или „реалната вредност“ или просто на „вредноста“ – и го укинуваат неговиот закон, наместо разликата меѓу цената на производството и вредноста да ја развие од самата одредба на вредноста.“ 
(К. Маркс, Теории за вишокот на вредноста, Култура, Белград, 1956, том III, стр. 43)

Sunday, August 23, 2020

Штедење

„Денешното општество поставува... парадоксално барање да треба да се откажува оној кај кого предмет на размена чинат животните средства, а не оној на кој предметите за размена му служат за збогатување...

„Кога работникот би штедел на навистина аскетски начин и така натрупувал средства за лумпенпролетаријатот, апашите итн.; кои би раснеле пропорционално на побарувачката... вложувајќи во банките... работникот би штедел за капиталот а не за себе.“ (МЕД, том 19, стр. 165)

„Тој (работникот) може да штеди повеќе или помалку, но понатаму од тоа нема да стигне.“ (МЕД, том 19, стр. 167)

Штедилниците и работникот

„Цел... да работникот во старост... не падне на терет на сиротинските домови, државата, да не отиде во просјаци, а најпосле не на терет на капиталистот.“ (МЕД, том 19, стр. 164)

Збогатување на работникот

„Кога работникот, наместо за своја цел да ја избере употребната вредност, би го избрал богатството, тој не само што не би дошол до богатство, туку покрај тоа би ја изгубил и употребната вредност. Бидејќи, по правило, максимум грижливост, работење и минимум потрошувачка (а тоа е максимум од неговото откажување и неговото заработување пари) би можеле да доведат само дотаму да за максимум работа прими минимум наемнина. Тој би можел со напрегање да го смали само општото ниво на трошоци за произведување на својот сопствен труд, а заради тоа и неговата општа цена. Само исклучиво работникот може со силата на својата волја, физичката сила и со упорност, шкртост итн. да ја претвори својата монета во пари, како исклучок на својата класа и на општите услови на своето постоење.“ (МЕД, том 19, стр. 163-64)

Централизација

Економскиот развој на нашето општество сè повеќе тежнее да се концентрира, да се поопштествува производството во огромни претпријатија со кои повеќе не може да управуваат поединечни капиталисти. Сето дрдорење за „севидечкото око на газдата“ и чудата коишто тоа ги прави се претвара во чиста глупост штом некое претпријатие достигне одредена големина. Замислете го „севидечкото око на газдата“ на лондонските и северозападните железници! Но, она што газдата не може да го прави, го можат наемните слуги на компанијата, и тоа го прават успешно.

"The Labour Standard", No. 14, August 6, 1881.

Цензура

„Вие не барајте дека розата треба да мириса како темјанушка, но најбогато, духот би смеел да постои само на еден начин? Секоја капка роса во која сјае сонцето болскоти во неисцрпливата игра на боите, но духовното сонце, доколку многу индивидуи, на чии предмети тоа исто така се крши, смее да произведе само една, само официјалната боја! Суштинската боја на духот е ведрината, светлината, а вие правите сенка за единствената појава што му одговара; само црно облечен треба тој да оди, а сепак меѓу цвеќињата не постои црн цвет. Суштината на духот секогаш е само вистината, а што правите вие со неговата суштина? Невиност. Само авантурата е ненаметлива, вели Гете, и вие сакате духот да го направите таква авантура?“

(K. Marx, Bemerkungen über die neueste preussische Zensurinstruktion, Berlin, 1958, Werke, св. 1, стр. 6)

Христијанство

Социјалните принципи на христијанството го одобруваат античкото ропство, го глорифицираат средновековното кметство и тие знаат, кога е потребно да го бранат тоа, иако со нажалено лице, и денешното угнетување на работничката класа. Социјалните принципи на христијанството го прогласуваат како нужно постоење на класите - експлоататорски класи и класи на експлоатисани и тие само изразуваат побожна желба првата класа да биде милостлива спрема другата. Социјалните принципи на христијанството ја пренесуваат на ново наградата ветена од конзисториските праведници, за сите беди, гнасотии што се прават овде на земјата, и со тоа тие го оправдуваат и понатамошното постоење на таа беда на земјата. Социјалните принципи на христијанството ги објаснуваат сите арамилаци што ќе ги направат експлоататорите над експлоатираните, или како праведна казна за прародителските и други гревови или како искушение што Господ во својата мудрост им ги праќа на луѓето што ги откупил. Социјалните принципи на христијанството го глорифицираат кукавичлукот, презирањето на самиот себе, самоунижението, покорноста, понизноста, накусо сите својства на никаквец; но за работничката класа, што не сака со неа да се постапува како со измет на човечкиот род, за нејзе храброста, свеста, чувството на понос и независноста се поважни од секојдневниот леб. Социјалните принципи на христијанството носат печат на сервилност и лицемерство, додека работничката класа е револуционерна.

Хегел

„Големото во Хегеловата Феноменологија и во нејзиниот конечен резултат – дијалектиката на негативитетот како принцип, кој поттикнува и произведува – е значи тоа што Хегел самораѓањето на човекот го сфаќа како процес, опредметувањето како распредметување, како понадворување и како укинување на тоа понадворување; значи, што ја сфаќа суштината на трудот, а предметниот човек, вистински човек, бидејќи е реален, го сфаќа како резултат на својот сопствен труд. Привремено да го антиципираме уште само следново: Хегел стои на гледиштето на модерната национална економија. Тој го сфаќа трудот како суштина, како суштина на човекот кој се потврдува; тој ја гледа само позитивната страна на трудот, а не неговата негативна страна. Трудот е настанувањето на човекот за себеси внатре во понадворувањето или понадворен човек. Трудот што го познава и признава Хегел, апстрактно е духовен.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 320)

„Прво најјасно се изразува во Феноменологијата како родно место на Хегеловата филозофија. Ако тој на пример, го сфатил богатството, државната моќ итн. како на човековото суштество отуѓени суштества, тогаш тоа се случува само во нивната мисловна форма... Тие се мисловни суштества – заради тоа само отуѓување на чистото, т.е. апстрактното филозофско мислење. Затоа целокупното движење завршува со апсолутно знаење. Од што се отуѓени тие предмети и кому му се спротивставуваат со присвојувањето на стварноста, токму тоа е апстрактното мислење. Филозофот се зема себеси – значи пак апстрактна форма на отуѓување на човекот – како мерка на отуѓен свет. Целокупната историја на понадворувањето и целокупното враќање на понадворувањето заради тоа не е ништо друго туку историја на произведување на апстрактното, т.е. на апсолутното мислење, на логичкото спекулативно мислење. Отуѓувањето, кое заради тоа е вистински интерес на тоа понадворување и укинување на тоа понадворување е спротивност меѓу по себе и за себе, меѓу свеста и самосвеста, меѓу објектот и субјектот, то ест спротивност на апстрактното мислење и сетилната вистина или на вистинската сетилност внатре во самата мисла. Сите останати спротивности и движења на тие спротивности се само привид, обвивка, егзотична форма на тие единствени интересни спротивности, кои ја сочинуваат смислата на другите профани спротивности.“

(K. Marx, Ekonomsko-filozofski rukopisi, Rani radovi, Zagreb, 1967, стр. 318)

„Борбата меѓу Штраус и Бауер околу супстанцијата и самосвеста е борба внатре во Хегеловите спекулации. Кај Хегел постојат три елементи, спинозистичката супстанција, Фихтеовата самосвест, Хегеловото нужно-противречно единство на обете, апсолутниот дух. Првиот елемент е метафизички травестирана природа во одвоеноста од човекот, вториот е метафизички травестираниот дух во одвоеноста од природата, третиот е метафизички травестираното единство на обата, вистинскиот човек и вистинскиот човечки род.

Штраус консеквентно го продолжувал Хегел од спинозистичко гледиште, Бауер Хегел од Фихтеовото гледиште внатре во теолошкото подрачје. Обајцата го критикувале Хегел, доколку кај него секој од овие два елемента бил од другиот расипан, додека тие секој од обата довеле до нивно еднострано, значи консеквентно изведување. Oбајцата според тоа во својата критика одат понатаму од Хегел, но обајцата остануваат исто така внатре во неговата спекулација и секој ја репрезентира само едната страна на неговиот систем.“

(F. Engels – K. Marx, Die Heilige Familie, стр. 147)

„Напишав еден дијалог од околу 24 страници: „Kleanthes или за изворот и нужниот развој на филозофијата. Уметноста и науката, кои сосема се одделиле, овде донекаде се споени, и како енергичен скитник се впуштив во самото дело, филозофско-дијалектички развој на божественоста, онака како тој се манифестира како поим по себе, како религија, како природа, како историја. Мојата последна реченица беше почеток на Хегеловиот систем, и тој труд, за кој донекаде се запознав со природната наука, со Шелинг и со историјата, а кој ми предизвика бескрајна главоболка и така е конфузно пишуван (додека тој всушност требало да биде нова логика) што сега самиот пак одвај можам во него да се соживеам, тоа е моето најдраго дете, негувано на месечината, ме носи како лажна сирена кон непријателот в раце.“

(Марксово писмо до татко му од 10 ноември 1837 год., МЕД, том 1, стр. 14)

„Според Хегел главно е што предметот на свеста не е ништо друго туку самосвест, или што предметот е само опредметената самосвест, самосвеста како предмет.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 267)

„Според Хегел предметноста не е само опредметување на самосвеста туку и нејзино отуѓување.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

„Според Хегел свеста тоа отуѓување и предметност токму така и го укина и го поврати во себе, значи постои кај себе во своето друго битие како такво. Тоа е движење на свеста и затоа е тоа тоталитет на нејзините моменти. Таа исто така мора да се однесува кон предметот според тоталитетот на своите определби и да го сфати според секоја од нив. Овој тоталитет на нејзините определби го прави по себе духовно битие, а за свеста тоа станува навистина помош за сфаќање на секој поединечно од нив како сопственост или со помош на горе назначеното духовно однесување спрема нив.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268)

Филозофија

„Кога имаме филозофи, кои мислат, и работни луѓе, кои се борат за нас, - каква земска сила ќе биде во состојба да го спречи нашето напредување?“ 

(МЕД, том 5, стр. 194)

„Деклинацијата на атомот со права линија не е, имено, некоја посебна определба, која случајно се јавува во Епикуровата физика. Напротив, законот што го изразува таа ја проткајува целата Епикурова филозофија, вистина на тој начин, како што се разбира само по себеси, што определеноста на неговата појава е зависна од сферата во која тој се применува.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 23)

„И навистина, непосредно постоечката поединечност е остварена во согласност со својот поим дури тогаш ако се однесува спрема нешто друго, друго што е таа самата, макар тоа другото да ѝ се спротивставува во форма на непосредна егзистенција. Така човекот дури тогаш престанува да биде природен производ кога она другото, спрема што тој се однесува, не е некоја различна егзистенција, туку и само поединечен човек иако уште не дух. А за да стане човекот како човек свој единствен вистински објект, тоа мора претходно во себеси да го скрши своето релативно постоење, моќта на копнежот и голата природа. Одбивањето е првата форма на самосвеста; заради што тоа одговара на самосвеста која себеси се појмува како она што е непосредно-постоечко, апстрактно-поединечно.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 25)

„Психолошки закон е теорискиот дух кој во себеси се ослободил да се претвора во практична енергија, истапувајќи како волја од Аментовото царство на сенките, и да се врти против стварноста на светот која постои без него. На тој начин што филозофијата како волја се врти против појавниот свет, системот се деградира до апстрактен тоталитет, то ест тој станал една страна на светот, на која ѝ се спротивставува некоја друга страна. Неговиот однос спрема светот е однос на рефлексијата. Воодушевен од нагонот да се оствари, тој стапува во судир со сите оние што се разликуваат од него. Внатрешната самодоволност и заокруженост се растроени. Она што било внатрешна светлина тоа станува пламен кој пламти и кој се врти кон надворешноста. Оттука произлегува консеквенцијата дека проникнувањето на светот со филозофијата е во ист момент и проникнување на филозофијата со световноста, дека остварувањето на филозофијата во исто време е и нејзина загуба, дека тоа вон неа против што таа се бори е нејзин внатрешен недостаток, дека во текот на борбата таа токму сама паѓа во слабости што ги спречува при својата спротивност, и дека таа тие слабости ги укинува дури на оној начин што паѓа во нив. Она што ѝ се спротивставува и против што таа се бори, секогаш е идентично со неа, само со обратни фактори.“

(K. Marx, Razlika između Demokritove i Epikurove filozofije prirode,

Beograd, 1963, стр. 67-68)

„Со Фоербаховите афоризми не се согласувам само дотолку што тој укажува премногу на природата а премалку на политиката. А тоа е единствениот сојуз, со кој сегашната филозофија може да стане вистина. Но, отприлика ќе се случи како во 16-ти век, кога на ентузијастите на природата им одговарал друг ред поинаков на ентузијасти на државата.“

(K. Marx, Писмо до А. Руге од 13 март 1843 год., Odabrana pisma, стр. 54.)

„Ние, германските социјалисти, се гордееме со тоа што водиме потекло не само од Сен Симон, Фурие и Овен, туку и од Кант, Фихте и Хегел.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Избрани дела во два тома, том 2, Култура, 1950, стр. 88)

„Состојбата на Германија кон крајот на минатиот век се огледува совршено во Кантовата „Критика на практичниот ум“. Додека француската буржоазија се издигна до власта со колосална револуција, којашто во историјата е позната, и додека го освојуваше европскиот континент, додека политички веќе еманципираната англиска буржоазија ја револуционизира индустријата и ја потчинуваше Индија и сиот останат трговски свет, немоќните германски пургери стигнаа само до „добрата волја“. Кант се задоволуваше веќе и со самата „добра волја“, дури и кога таа останува без какви и да е резултати, и го поставуваше остварувањето на оваа добра волја, на ускладеноста меѓу неа и потребата и стремежот на индивидуата, на другиот свет. Оваа Кантова добра волја совршено им одговараше на немоќта, придушеноста и бедата на германскиот пургер, чии ситничарски интереси никогаш не беа способни да се развијат во општи национални интереси на една класа, и кои затоа беа експлоатирани од буржуите на сите други нации.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)

„Карактеристичната форма, која, врз вистинските класни интереси заснованиот француски либерализам, ја зеде на себе во Германија, ја наоѓаме пак кај Кант. Германските пургери и тој, којшто беше нивни гласоносец украсител, не забележува дека овие теоретски мисли на буржујот ги имаа во својата основа материјалните интереси и волјата којашто беше условена и одредена од материјалните односи на производство; затоа го одделуваше тој овој теоретски израз од интересите што тој ги изразува, ја претвораше материјално мотивираната определена волја на француските буржуи во чиста самоопределена „слободна волја“, волја самата по себе и за себе, човечка волја, и така ја пресвртуваше во чисто идеолошко појмовни одредби и морални постулати.“ 

(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германската идеологија, книга I, стр. 212)


Историски материјализам

  „Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...