Плати
- Америка
- Антисемитизам
- Агрокултура
- Бирократија
- Даноци
- Диктатура на буржоазијата
- Диктатура на пролетаријатот
- Држава
- Екологија
- Идеологија
- Камата
- Капитал
- Капиталистичко производство
- Квази-социјализам
- Класи
- Комунизам
- Буржоаско право
- Отуѓување
- Конкуренција
- Малограѓанство
- Материјализам
- Наемно ропство
- Наука
- Образование
- Општество
- Организација на трудот
- Пари
- Eкономска криза
- Право
- Приватен интерес
- Приватна сопственост
- Производни односи
- Просветителство
- Разменска вредност
- Револуција
- Религија
- Семејство
- Стоки
- Труд
- Урбанизам
- Хегел
- Христијанство
- Цензура
- Централизација
- Штедење
- Филозофија
- Класична економија
- Индустриска револуција
- Пролетаријат
- Буржоазија
- Уметност
- Морал
- Капитализам
- Трговија
- Употребна вредност
- Здравје
- Филантропија
- Злато
- Плати
Friday, June 12, 2020
Наемно ропство
Материјализам
(Карл Маркс, Капитал, том 1, стр. 389)
„Прашањето дали предметната вистина му припаѓа на човечкото мислење не е прашање на теоријата, туку е практично прашање. Во практиката човекот мора да ја докажува вистинитоста, т.е. стварноста, моќта, овостраноста на своето мислење. Спорот за стварноста или нестварноста на мислењето – што е изолирано од практиката – е чисто схоластичко прашање.“„Економијата тука не
создава ништо непосредно од себе, но таа го одредува начинот на измената и
натамошниот развиток на затечениот мисловен материјал, и тоа во поголем дел
посредно, зашто политичките, правните, моралните одрази се тие кои вршат најголемо
непосредно дејство на филозофијата.“
(Енгелс, Писмо до К. Смит од 27 октомври 1890, Избрана дела, том II, стр. 483, Белград, 1950, кирилица)
„Сетилата непосредно во
својата практика станаа теоретичари. Тие спрема предметот се однесуваат поради
самиот предмет, но самиот предмет е предметно човечко однесување спрема себе,
спрема човекот и обратно. Затоа потребата и уживањето ја загубија својата
егоистичка природа, а природата својата чиста корисност, со тоа што користа
стана човечка корист.“
(Маркс – Енгелс, Рани трудови, Загреб, 1953, стр. 232)
„Како предметите стануваат
негови предмети, тоа зависи од природата на предметот и од природата на
соодветната суштинска сила; зашто токму определеноста на тој однос претставува
посебен, вистински начин на потврдување. Еден предмет му станува на окото
поинаков отколку на увото и предметот на окото е поинаков од предметот на
увото.“
(Маркс – Енгелс, Рани трудови, стр. 232, Загреб, 1953)
„Религијата, семејството,
државата, правото, моралот, науката, уметноста итн., се само посебни начини на
производство и потпаѓаат под неговиот општ закон.“
(Маркс – Енгелс, Рани радови, Загреб, 1953, стр.)
„Јадењето, пиењето и
раѓањето се исто така вистински човечки функции. Меѓутоа, во апстракцијата што
ги дели од останатиот круг на човечката дејност и која ги прави последни и
единствени цели, тие се животински.“
(Маркс – Енгелс, Рани радови, Загреб, 1953, стр. 201)
„Со тоа што за човекот
социјалист целокупната светска историја не е ништо друго освен производство на
човекот со помош на човечкиот труд, ништо друго освен создавање природа за
човекот, тој има несоборлив доказ за своето раѓање со помош на самиот себе, за
својот процес на настанувањето.“
(Маркс – Енгелс, Рани радови, Загреб, 1953, стр. 237)
„Материјалистите едноставно
ја толкуваат состојбата на нештата и не се впуштаат во таква религиска
фразеологија. Тие тоа го прават само тогаш кога некои натрапничави верници
сакаат да им го наметнат господа. А тогаш одговараат кусо... во Лапласовиот
стил: „Величество, јас немав потреба од таа хипотеза.“ (Лапласовиот одговор на
Наполеоновото прашање зошто големиот астроном во својата „Небеска механика“ ни
еднаш не го споменува творецот.)
(Ф. Енгелс, „Дијалектика
природе“, Дела Маркса и Енгелса, том 31, Белград, 1974, стр. 386-387)
„Затоа човекот вистински се потврдува како генеричко суштество токму во обработката на предметниот свет. Тоа производство е негов активен, генерички живот. Низ него природата се појавува како негово дело и негова стварност. Предметот на трудот затоа е опредметување на човековиот генерички живот, со тоа што тој не се удвојува само интелектуално, во свеста, туку активно, вистински, и затоа се посматра себе во светот што сам го создал.“
(К. Маркс, Рани радови, стр. 203, Загреб, 1953)
„Ова зацврстување на социјалната дејност, оваа консолидација на нашиот сопствен продукт во вистинска сила над нас, која прераснува во наша контрола ... е еден од основните моменти на досегашниот развиток...“
(Маркс-Енгелс, Дела, том 6, стр. 33, Белград, 1974)
„Во актот на поставувањето тој не паѓа од неговата „чиста дејност“ во создавање на предмети, туку неговиот предметен производ ја потврдува неговата предметна дејност, неговата дејност на предметно природно суштество.“
(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268-269)
„Сосем е природно што живото, природно суштество, надарено и снабдено со предметни, т.е. материјални суштински сили, има исто така стварни природни предмети на своето суштество... Но, исто така е јасно дека самосвеста, т.е. нејзиното отуѓување, може да стане само предметност, т.е. само апстрактен предмет, предмет на апстракција, а никаков вистински предмет.“
(К. Маркс – Ф. Енгелс, „Рани радови“, стр. 268-269)
„Човекот се осамостојува само низ историскиот процес.“
(K. Marx, “Grundrisse”, S. 395)
„Јадењето, пиењето и раѓањето се додуша вистински човечки функции; но во апстракцијата којашто ги одделува од другиот круг на активност и која ги прави единствени и последни цели, тие се животински.“
(„Рани радови“, стр. 201, да се види поразителната Марксова критика на филистерскиот начин на живот во Писмото до Руген, 1843)
„Начинот на производството на материјалниот живот го условува процесот на социјалниот, политичкиот и духовниот живот воопшто. Не ја определува свеста на луѓето нивното битие, туку, обратно, нивното општествено битие ја определува нивната свест.“
(К. Маркс, Прилог на критиката на политичката економија, Предговор, „Култура“, Београд, 1956, стр. 8)
„Луѓето се производители на своите претстави, на своите идеи итн., но вистинските, делотворните луѓе, такви какви што се условени од определен развиток на своите производни сили и на нив соодветното општење се‘ до нивните најопфатни формации. Свеста не може никогаш да биде ништо друго освен свесно битие а битието на луѓето е нивниот вистински животен процес.“
(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германска идеологија, I, „Култура“, Београд, 1964, стр. 22)
„Сите облици на свеста, целокупниот општествен поредок, сите облици на идеологијата не можат да се разберат ни од самите себе, ни од таканаречениот општ развиток на човечкиот дух, туку дека напротив, коренот им е во материјалните животни односи.“
(К. Маркс, Капитал, III, „Култура“, Београд, 1948, стр. 710-711)
„Луѓето што го развиваат своето материјално производство и своето материјално општење го менуваат со целата своја стварност и своето мислење и производите на своето мислење.“
(К. Маркс – Ф. Енгелс, Германска идеологија, I, оп. цит., стр. 23)
„Мора Маркс и јас да сме делумно и самите виновни што младите марксисти понекогаш на економската страна ‘и придаваат поголема важност отколку што ‘и припаѓа. Ние спрема противниците моравме да ги истакнуваме главните принципи коишто тие ги оспоруваа, и тука секогаш немаше време, место и можност во достатна мера да се земат предвид и другите моменти што имаат удел во заемното дејство. Но, штом требаше да се излага некој историски период, штом, значи, требаше теоријата практично да се применува, работата се менуваше и тука заблуда не е можна. За жал, мошне често се случува луѓето да веруваат дека наполно сфатиле една нова теорија и дека бездруго со неа можат да оперираат штом ги научиле нејзините основни принципи, а тоа не е секогаш точно. Од овој прекор не можам да поштедам мнозина од новите „марксисти“, а поради таквото несфаќање се случуваа понекогаш чудни нешта.“
(Маркс
– Енгелс, За уметноста и книжевноста, „Култура“, Београд, 1960, стр. 12 – 13)
„Благодарејќи на човечкиот труд, човечката рака го достигна оној висок степен на совршенство со кое можеа да се создадат Рафаеловите слики, Тровалдсеновите статуи и Паганиниевата музика.“
(Ф. Енгелс, Улога на трудот во претворање на мајмунот во човек, Маркс – Енгелс, Избрани дела, II, Загреб, 1950, стр. 71)
„Друго со помошта на предметно развиеното богатство на човечкото суштество, делумно се разработуваат а делумно се произведуваат: богатството на субјективната човечка сетилност, музикалното уво, окото за убавината на обликот, накусо сетила што се способни за човечки уживања, сетила што се потврдуваат како човечка суштинска сила. Зашто, не само петте сетила, туку и таканаречените духовни сетила, практичните сетила (волјата, љубовта итн.), со еден збор, човечкото сетило, човечноста на сетилата, настанува дури со помошта на постоењето на неговиот предмет, со помошта на очовечената природа. Создавањето на петте сетила е дело на целокупната досегашна светска историја.“
(К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 281)
„Во сферата на општествената практика и низ самата општествена практика окото станува човечко око, како што неговиот предмет станал општествен, човечки предмет којшто потекнува од човека за човекот.“
(К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)
„Санчо вообразува дека Рафаел ги создал своите слики независно од поделбата на трудот, којашто во негово време постоела во Рим. Ако тој го спореди Рафаел со Леонардо да Винчи и Тицијан, може да види колку ремек-делата на првиот се условени од тогашниот расцут на Рим којшто се беше развил под флорентинското влијание, колку ремек-делата на вториот зависеле од условите на Фиренца, и подоцна ремек-делата на третиот од наполно различниот развиток на Венеција. Рафаел, исто така како и секој друг уметник, беше условен од техничкиот напредок на уметноста, кој пред него беше направен, од организацијата на општеството и поделбата на трудот во неговото место и време, и конечно од поделбата на трудот во сите земји со кои неговото место општело. За таквата индивидуа, како што е Рафаел, да го развие својот талент, зависи од поделбата на трудот и од неа произлезените односи на просветеноста на трудот.“ (Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 112)
„Но, тешкотијата не е во тоа да се разбере дека грчката уметност и епот се врзани со извесни облици на општествениот развиток. Тешкотијата е во тоа да се разбере зошто тие нам уште ни овозможуваат уметничко уживање и зошто во извесен поглед важат како норма и недостижен пример.“ (К. Маркс, Прилог на критиката на политичката економија, оп. цит., стр. 200-202)
Малограѓанство
Конкуренција
Monday, June 8, 2020
Отуѓување
„Претпостави го сега човекот како човек и неговиот однос према светот како човечки однос: во таков случај ти можеш љубовта да ја размениш само за љубов, довербата само за доверба итн. Ако сакаш да се насладуваш на уметноста, тогаш мораш да бидеш уметнички образован човек. Ако сакаш да вршиш влијание врз други луѓе, тогаш мораш да бидеш човек што навистина ги стимулира и движи напред другите луѓе. Секој твој однос спрема човекот и спрема природата мора да биде определена пројава на твојот вистински, индивидуален живот, пројава којашто му одговара на предметот на твојата волја. Ако сакаш без да побудуваш меѓусебно љубов, т.е. ако твојата љубов како љубов не породува заемна љубов, ако ти со својата животна пројава како човек што сака, не стануваш сакан човек, тогаш твојата љубов е бессилна, таа е несреќна.“ („Рани радови“, стр. 259)
„Човекот го присвојува своето сестрано битие на сестран начин, значи, како тотален човек. Секој од неговите човечки односи спрема светот, гледањето, слушањето, мирисањето, вкусот, чувствувањето, мислењето, перцепцирањето, да се почувствува, да се посака, да се работи, да се сака, накусо сите овие органи на неговата индивидуалност... се во своето предметно однесување или во своето однесување спрема предметот на присвојување на предметот.“ („Рани радови“, стр. 231)
„Богат човек е оној на кого му е потребен тоталитет на човеково пројавување на животот, човекот во кого егзистира неговото сопствено остварување како внатрешна нужност, како потреба.“ („Рани радови“, стр. 235-236)
„Сетилата се однесуваат спрема предметот поради самиот предмет, но самиот предмет е предметно човечко однесување спрема себе, спрема човекот, и обратно. Затоа потребата или уживањето ја загубија својата егоистичка природа, а природата ја загуби својата гола корисност, така што користа стана човечка корист.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)
„Загрижен и сиромашен човек нема смисла ни за најубавата театарска претстава; трговецот со минерали ја гледа само трговската вредност, а не ја гледа убавината ниту особената природа на минералот, тој нема минералошка смисла. Значи, опредметувањето на човечкото битие, како во теоретски така и во практичен однос, беше потребно како за тоа човековото сетило да се направи човечко, така и да создаде човечко сетило коешто одговара на целокупното богатство на човечкото и природното битие.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови, „Напријед“, Загреб, 1967, стр. 282)
„Човечкото око поинаку
ужива отколку грубото, нечовечкото око, човечкото уво поинаку отколку грубото
уво.“ (К. Маркс, Економско-филозофски ракописи од 1844, Маркс-Енгелс, Рани радови,
„Напријед“, Загреб, 1967, стр. 280)
„Компонирањето е ѓаволски тешка работа, но трпението сфатено човечки е самозадоволство на човекот.“
(„Рани радови“, стр. 231)
„Хедонистичката филозофија е духовит јазик на извесни општествени кругови кои ја имаат привилегијата за задоволство.“Sunday, June 7, 2020
Буржоаско право
Комунизам
Семејството во комунизмот
„Со
префрлување на средствата за производство во заедничка сопственост, семејството
престанува да биде економска единица на општеството. Одржувањето на домот се
претвора во општествена индустрија. Негата и образованието на децата станува
јавна работа…“
(Фридрих Енгелс, Потекло на семејството, приватна сопственост и држава, 1884)
Комунизмот како економија на време
„Врз
основа на комунистичко производство, определувањето на времето останува, се
разбира, од суштинско значење. Колку помалку време му треба на општеството за производство
на пченица, говеда и сл., толку повеќе време добива за друго производство,
материјално или духовно. Исто како и кај поединецот, разноликоста на неговиот
развој, неговото уживање и неговата активност зависи од економизирањето на
времето. Економијата на времето, на ова на крајот се сведува целата економија.
Општеството, исто така, треба да го дистрибуира своето време на наменски начин,
за да постигне производство соодветно на неговите целокупни потреби; исто како
што поединецот треба да го дистрибуира своето време правилно за да постигне
знаење во соодветни размери или за да ги задоволи различните барања на неговата
активност. Така, економичноста на времето, заедно со планираната распределба на
работното време меѓу различните гранки на производството, останува првиот
економски закон врз основа на комунистичко производство.“
„Комунистичкото уредување би му ги вратило на општественото тело сите оние сили кои досега ги апстрахираше паразитот државата која се храни за сметка на општеството и која го сопира неговото слободно движење.“
(Маркс-Енгелс, Изабрана дела, том I, стр. 499, Белград, 1949)
„Слободата во оваа област може да се состои во тоа здружениот човек, здружените производители, рационално да го уредат овој свој промет на материја со природата, да го доведат под своја заедничка контрола, наместо тој да господари над нив како некоја слепа сила; да го вршат со најмало трошење на сила и под услови кои се најдостојни на нивната човечка природа.“
(К. Маркс, „Капитал“, том III, стр. 756, Белград, 1948,
латиница)
„Дури од моментот на поопштествувањето на средствата за производство, општествените причини, коишто тие ќе ги стават во движење, претежно и во се‘ поголема мера ќе ги имаат оние последици што тие ги сакаат.“
(Маркс-Енгелс, „Изабрана дела“, том III, Белград, стр. 149)
„Царството на слободата почнува, всушност, дури таму каде што престанува трудот којшто е определен со неволја и надворешна целисходност... каде што почнува развитокот на човечката сила којашто е цел сама за себе.“
(К. Маркс, Капитал, III, оп. цит., стр. 711)
„Во комунистичката организација на општеството во секој случај отпаѓа потчинувањето на уметникот на локалната и националната ограниченост, којашто во целост произлегува од поделбата на трудот, и отпаѓа подредувањето на индивидуата на една определена уметност, да е таа исклучиво сликар, скулптор итн., а веќе и името достатно ја изразува ограниченоста на неговиот професионален развиток и неговата зависност од поделбата на трудот. Во комунистичкото општество нема сликари, туку само луѓе, кои, меѓу другото, и сликаат.“
(Маркс-Енгелс, Германска идеологија, II, оп. цит., стр. 113)
„Во комунистичкото општество во кое секој не може да има исклучиво само еден круг дејности туку може да се изгради во која и да сака гранка на дејност, општеството управува со општото производство и токму со тоа овозможува денес да работиме ова, а утре она, наутро да ловам, попладне да рибарам, навечер да сточарам, по вечерата да критикувам, според моето задоволство, а затоа да не станам ловец, рибар, сточар или критичар.“
(Маркс-Енгелс, Германска идеологија, I, оп. цит., стр. 33)
Историски материјализам
„Марксовата историска теорија е, по мое мислење, основен услов на секоја поврзана и доследна револуционерна тактика. Да би се таква тактик...
-
Да си замислиме дека целото општество се состои само од индустриски капиталисти и наемни работници. Понатака да не ги земаме предвид изменит...
-
Наука ... апстрактно размислување „Разменска вредност... пари... капитал... наемен труд... богатство сето тоа се чисти апстракции, но ...
-
„ Исклучувањето на Евреите од Долниот дом без сомнение е бесмислена аномалија, бидејќи духот на лихварството одамна владее во британскиот п...