„Која е, тогаш,
вредноста на работната сила? Како и секоја друга стока, нејзината вредност се
одредува според количината на труд неопходна за да се произведе. Работната сила
на човекот постои само во неговата жива индивидуалност. Одредена маса на нужни работи
мора да ги потроши човекот за да порасне и да се одржи во живот. Но, човекот,
како и машината, ќе се истроши и мора да биде заменет со друг човек. Покрај
масата неопходни потреби за сопствено одржување, тој сака уште една сума на
неопходни средства за да порасне одреден број деца што ќе го заменат на пазарот
на трудот и ќе ја продолжат расата на работници. Покрај тоа, за да се развие
неговата работна сила и да се здобие со одредена вештина, мора да се потроши
друга количина вредности.“
(Карл Маркс, Вредност,
цена и профит, 1865)
„Крајната граница [на
платите] е одредена од физичкиот елемент, т.е
да се одржи и репродуцира, да го продолжи своето физичко постоење,
работничката класа мора да ги добие потребните работи што се апсолутно
неопходни за живот и размножување. Вредноста на тие потребни работи ја формира
крајната граница на вредноста на трудот.“
(Карл Маркс,
Вредност, цена и профит, 1865)
„Вредноста на
работната сила е одредена, не само од времето потребно за да се одржи
индивидуалниот возрасен работник туку и од времето неопходно за одржување на
неговото семејство.“
(Карл Маркс, Капитал,
том 1. Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“, 1867)
„Сопственикот на
работната сила е смртен. Да требаше неговата појава на пазарот да биде континуирана,
а континуираното претворање на парите во капитал го налага тоа, продавачот на
работната сила мора да го продолжи својот живот, на начинот на кој секој
поединец го продолжува својот живот, со размножување. Работната сила повлечена
од пазарот поради старост и смрт, мора постојано да се заменува со нова, во
најмала рака, еднаква количина на претходната. Оттука, збирот на средствата за
живот неопходни за производство на работна сила мора да ги содржи потребните
средства за замената на работникот, т.е. неговите деца, со цел оваа раса на
чудесни сопственици на стоки да може да продолжи да се појавува на пазарот.“
(Карл Маркс, Капитал,
том 1., Поглавје 6 „Купување и продажба на работна сила“. Дел 3., 1867)
„Која е вредноста на
работната сила? Вредноста на секоја стока се мери со трудот потребен за
нејзиното производство. Работната сила постои во форма на жив работник кој бара
одредено количество средства за егзистенција за неговото постоење, како и за
издржување на неговото семејство, што овозможува продолжување на работната сила
и по неговата смрт. Работното време потребно за производство на овие средства
за живот затоа ја претставува вредноста на работната сила. Капиталистот плаќа
за тоа неделно и со тоа купува една недела труд на работникот. За сега господата
економисти во голема мера ќе се сложат со нас во однос на вредноста на
работната сила.“
(Фридрих Енгелс,
Преглед на том еден од Капиталот за „Демократишес Вохенблат“, 1868)
„За да се измени
човечкиот организам, та тој да може да стекне вештина и умешност во дадена
гранка на индустрија и да стане работна сила од посебен вид, потребно е посебно
образование или обука, а тоа, од своја страна, чини еквиваленти на стоки од
различна количина. Оваа сума варира во зависност од различната сложеност на
карактерот на работната сила. Трошоците за ова образование (претерано ниски во
случај на обична работна сила), влегуваат така во вкупната вредност потрошена
за неговото производство.“
(Карл Маркс,
Капиталот, Том 1, Дел 3, Поглавје 6 „Купување и продажба на работната сила“,
1867)
„Машините, со
приклучување на секој член од семејството во пазарот на трудот, ја
распределуваат вредноста на работната сила од мажот врз целото негово
семејство. Со тоа се амортизира, се намалува вредноста на неговата работна
сила. Да се купи работна сила на четиричлено семејство, можеби чини повеќе
отколку што би чинела само работната сила на мажот, но, за возврат,
четиридневниот труд го зазема местото на еден, а нивната цена паѓа
пропорционално на вишокот труд од четворица над вишокот на трудот на еден
човек. За да може семејството да живее, сега четири лица мораат не само да
работат туку и да трошат вишок труд за капиталистот. Така гледаме дека
машинеријата, додека го зголемува човечкиот материјал што го чини главниот
предмет на експлоататорската моќ на капиталот, во исто време го зголемува
степенот на експлоатација.“
(Карл
Маркс, Дел 3. Поглавје 15 „Машини и модерна индустрија“. Капиталот, том 1.,
1867)